Во државава интернет обложувањето е сведено како на времето кога во САД во 20 век имаше прохибиција и забрана за алкохолот.
Не знам дали постои држава на овој континент на кој сме и ние како држава а да е толку многу ограничено обложувањето на интернет.
Многу странски интернет страници на обложувалници се блокирани од територија на МК, не ми е јасно, па има опција да не може да се регистрираат налози и да се прават финансиски трансакции, а тие земале и целосно блокирале да воопшто не можат ниту информативно да се отвораат страниците, да не може да се споредуваат коефициенти и понуда.
Сега ако одам во Србија, не можам одовде да отворам страниците на Моцарт, Адмирал бет, Сокер бет, Меридиан бет и останатите кладилници, туку само кога ќе поминам граница. Ужас.
Неодамна до пред 2 месеци чисто информативно отварав интернет страницата на лотарија на Хрватска, и се отвораше страницата чисто туристички проверував резултати од Еуроџекпот и лото извлекувања за Хрватска, ама веќе страницата не се отвора, дознав дека директно раководството на Хрватска лотарија забранило нивната интернет страница да се отвора од странски ИП адреси. Само од територија на Хрватска направиле да може нивната интернет страница да се отвора, а која е причината не знам, и од територија на Србија не се отвора страницата на Хрватска лотарија.
Претпоставка моја е дека илјадници ликови од регионот одат секоја година на сезонска работа во туристичкиот сектор во Хрватска и со тоа добиваат работни визи и трансакциска сметка за исплата на платите во банките во Хрватска и со тоа имаат можност да отвораат кориснички налози во Хрватска лотарија и веројатно и кога се враќаат во своите матични држави играле преку Хрватска лотарија, барем е тоа моето размислување.
И виделе овие од раководството на Хрватска лотарија и за да немаат проблеми со странски влади и држави одлучиле целосно да блокираат пристап за странските ИП Адреси.