Албуми со самолепливи сликички

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Lumii_20260218_150006440 (1).jpgLumii_20260218_150018979 (1).jpg

Нешто од детсвото што собиравме со сестра ми, преубај времиња :love:
Полни се комплетно Покемон малиот што се паѓаа сличиња во кроасани, Драгон бол, Бејблејд, Наруто, животинско царство и Симсонови.
Нинџа желки фали едно, Бакуган 4 и другите по повеќе фалат точно незз. Парите што ми ги даваа моите да ги трошам за јадење на училиште беа трошени за сличиња, гладував по цел ден дека побитни ми беа сличињата хаха.
 
Adrenalyn XL серијата на Панини конечно во Македонија. Браво!
 
4448.jpg
Автоматски споено мислење:

Adrenalyn XL серијата на Панини конечно во Македонија. Браво!
Moра да понудат и уште нешто затоа што нели сега немаат дозвола за официјален албум со сликички за европско. За светското ќе имаат ли албум?

Абе дај нека напраат нешто за тенис, ракомет.. Разбирам повеќе има интерес за фудбал и можеби кошарка ама нека се испроба нешто и со друг поатрактивен спорт.
 
Последно уредено:
1771594540728.png
Ова ќе им е изла последно првенство на Панини, со 48 репрезентации ќе има 1000 слики сигурно, да го собереш вајда треба да одвоиш некои 500€.
 
Прегледај го приврзокот 470198
Ова ќе им е изла последно првенство на Панини, со 48 репрезентации ќе има 1000 слики сигурно, да го собереш вајда треба да одвоиш некои 500€.
Па не мора Панини и дистрибутерите да се богатат правопропорционално. На толкав број на сликички им се исплаќа да се троа поефтини подостапни за поширок пазар, а не лупни цена 50-60 ден пакетче со 5 сликички. Да се такви, да ги пуштат 40 ден за 6 сликички, би имало топ продажба и обрт.
 
За жал не размислуваат така и они, реалноста е дека за 5 сликички цената ќе е барем 1 евро.
 
Ја видов темава и ми текна дека имам во подрум сликички од светски првенства од пред 20-30 години.
Има колекцинери што откупуваат такви работи?
 
Ја видов темава и ми текна дека имам во подрум сликички од светски првенства од пред 20-30 години.
Има колекцинери што откупуваат такви работи?
Пиши ми од кои првенства поточно и по колку сликички дупликати имаш од секое од нив, ќе ти кажам отприлика која цена да ја очекуваш за секој лот. Има доста групи и на Фб има, но пред да објавуваш било каде, најдобро да знаеш отприлика колку вреди се тоа што имаш, за да не те мота некој со цената.
 
Ти пишав во порака што најдов засега.
Инаку имам и по неколку од Тарзан, Хајди, Астерикс, Загор...
 
Eве ви ги картичките за светското од Panini.

А во продавници само во одредени
Официјално: СТАРТ - ДЕНЕС! ⚡️
ПРВА СЕЗОНА. ЧИСТ АДРЕНАЛИН.“ ⚽️⚡️

Првата сезона на Adrenalyn XL е тука и почнуваме најсилно – со Светското првенство. Ова не се само картички, ова е историја што ја собираш во сопствениот албум.

Сите пет FIFA WORLD CUP 2026™ ADRENALYN XL™ производи достапни единствено:
- online на slikicki.mk (се доплаќа за достава)
- во продавница СВЕТ во Скопје. тел. 02/3298-082

Во селектирани бензиски станици на Макпетрол, достапни од 13.02.2026:
- FIFA WORLD CUP 2026™ ADRENALYN XL™ - STARTER
- FIFA WORLD CUP 2026™ ADRENALYN XL™ - КАРТИЧКИ

Ова кај нас ретко кој би купувал редовно освен ако не е некој преголем колекционер кој би ги собирал а дупликатите да ги препродава.
 
Последно уредено:
За картичкиве секој што прв пат купува треба прво да го купи starter пакетот зошто се добива албум за складирање на картичките поточно наречен binder од 40 страници
Плус има колекционерски водич од 16 страници.

Е тој ви е 690 денари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom