Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 31: @PticaSelica - (Да се намали прагот на правна одговорност на 14 години)

Да се намали прагот на правна одговорност на 14 години


  • Вкупно гласачи
    28
... а зошто да биде Partizanen banditen „на ред“ по која заслуга или ред? тој не е активен цел ден на форумов, а на темава ете се вртат СЕГА и се присутни Рон, Топол, ИО сам се поставил по втор пат со контраверзно мислење само да не постави некој што не му се допаѓа, што е работава овие членови се самите контраверзни? еве јас се иземувам, не мора, ама тотално не е фер, дискриминација и селективно по симпатии назначувате, па сакате темата да ви оди, е па нема ќе згасне, толку, колку да се знае!
@Io Sono Interista беше претходниот предложувач, тој одлучува кој ќе биде следен. Он одлучил тоа да биде @Partizanen banditen . Правилата се такви - претходниот предложувач одлучува кој да биде следен, а не бараме кој најмногу се врти и е присутен во темава.
 
Следен кој ќе мудрува кој треба да биде и како треба да биде според него, ќе биде отстранет од темата. Го чекаме @Partizanen banditen , крај на празните муабети!
 
Следен кој ќе мудрува кој треба да биде и како треба да биде според него, ќе биде отстранет од темата. Го чекаме @Partizanen banditen , крај на празните муабети!
Да не не удри чекич по глава од чекање.
Има рок?
 
Следен кој ќе мудрува кој треба да биде и како треба да биде според него, ќе биде отстранет од темата. Го чекаме @Partizanen banditen , крај на празните муабети!

Се извинувам што ме чекавте...еве ја мојата тема.

Бидејќи не сум вљубеник, туку фанатик и обожавател на велосипедизмот и возење на велосипед, предлагам неколку точки.

1. Да се подобри сообраќајната инфраструктура за велосипедистите во градовите (посебно Скопје) бидејќи нели ги нервираме возачите кога возиме на улица (јбг со 30+ на саат не можам да возам на тротоар), ама ајде за обичните смртници.

2. Се надоврзувам на точката горе и исто мислам да се направи и за локални патишта. Пример може да се направи патот од Катланово до Велес бидејќи е катастрофален истиот. А бидејќи нема многу сообраќај по тој пат, би бил идеален оние кои возат друмски точаци (за маунтин бајк и хибрдините и не е така лош ако има некој дебели гуми.

3. Исто така децата нема кај да возат, а добро им е да се наметне оваа култура, a исто така и да се едуцираат за правилата сообраќајни. Бидејќи велосипедот не го загадува воздухот за разлика од моторните возила. Исто така многу европски земји го користат велосипедот како превозно средство до работа и некои други локални дестинации.

3. Субвенционирање на ниво на државата за купување на нови велосипеди (тука не ги набројувам е-велосипеди кои би ги продавал само на луѓе 60+). Знам дека веќе Град Скопје субвенциора купување на ова, па зошто да не и во останатите делови од државата.

4. Промовирање на велосипедскиот туризам, Македонија има многу убавини историски места и локалитети. Со еден збор има многу работи да се видат. Исто така знам и здруженија кои организираат тури по некои напуштени и заборавени места, па исто така и овие манифестации може да се промовираат. Сум сретнувал и странци кои патуваат од родните земји за да ја обиколат Македонија, но одат и транзит накај Грција доле, Бугарија, Србија и преубаво е чувството кога знаеш дека некој дошол да ги посети убавините на твојата земја.

5. Организирање на меѓународни трки се со цел да се промовира подобро горенаведената точка (тука мислам на маунитн бајк трки, бидејќи гледам популарни се кај луѓето кои се бават рекреативно за разлика од друмските)

Значи прашањето на темава е Дали се сложувате државата повеќе да вложува во велосипедизмот, велосипедскиот туризам и велосипедската инфраструктура?
 
-Друмски патишта, оние што ги викаме стар пат ги користат камионџии за да избегаат од патарини и цепаат со голема брзина и е небезбедно да се вози.
-Субвенционирање е на ниво на општина, повеќето општини даваат субвенции.
-Не можеме да се рамните со западните земји, разберете дека никој не вози 3 саата од периферија на ротердам до работа, влегуваат во воз со точак.

Да се сложувам повеќе фокус на велосипедизам да има, ама тоа ќе дојде од кога ќе имаме основна инфраструктура еден ден...
 
Можеби контроверзата е што, наместо се повеќе пардон велосипедски патеки низ град, има се помалку. Како заради паркирани возила, така и заради лошо планирање. Второво на пример е типично за нови улици-Т Гологанов и Словенечка направени последниве децении, немаат ни една велосипедска патека. А се категоризирани во "булевари".
Паркирани возила, новите неприлагодени улици и несоодветен план на градот (со маркици за згради во секој ќош, а најчесто без соодветни паркинзи) си го направија своето, никогаш нема да стане велоград.
 
Јас секако дека се согласувам.

Но, имам дополнување и истото можеби ќе биде контроверзно: јас сметам дека меѓу велосипедистите кај нас огромен процент се ропаци кои поим немаат ни од сообраќајна култура, ни ништо. Прво - иако е задолжителен, јас речиси и да не сум видел велосипедист кој носи шлем додека вози (освен спортистите велосипедисти). И второ - особено во Карпош, каде има велосипедски патеки, речиси секаде, и при постоечка велосипедска патека, пола од велосипедистите возат по тротоар, што од такт ме вади! Лично јас се трудам освен кога не може поинаку, да не ни згазнам на велосипедска патека кога одам, како пешак. А они ми возат по тротоар. Верувајте дека буквално секој втор е таков. Ти одиш со мали деца, треба да се пазиш да не те лупне некое говедо, дури и таму каде е твоја територија и каде треба да си безбеден.

Затоа, мислам дека и за возење велосипед треба да се направи нешто како полагање за дозвола. Бесплатно нека е, само мора да се помине и да има контроли и за нив исто како што има и за возачите и пешаците (јас не сум слушнал некој велосипедист некогаш да е казнет за неносење шлем или непочитување сообраќајни правила).
 
Да, ќе се сложам дека треба да се инвестира во велосипедизмот, велосипедскиот туризам и велосипедската инфраструктура, но, морам да кажам и дека едно добри 70-80% од тие што возат велосипеди се тешки петарди и идиоти. Извини Партизен, не ми е намерата да те навредувам, се надевам дека не си како овие на кои што мислам, но јас секојдневно се среќавам со велосипедисти кои И ПОКРАЈ ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ они пак одлучуваат да возат на десната страна од коловозот, правејќи се дека се РАМНОПРАВНИ УЧЕСНИЦИ во сообраќајот. Класичен пример ти е оној Урбан Бајкс што става видеа на Инстаграм и ТикТок, и каде што редовно му карам све женско во фамилија во коментар. Еден погрешен чекор, една секунда го дели него од ковчег, а некој невин возач го дели од долги години затвор и уништен живот.

Да се сложувам дека треба да се инвестира повеќе во инфраструктурата, ама треба и да се вложува во едукација на овие што возат велосипеди, или по потреба бесплатно лечење на некоја клиника која што се бави со умот и мозокот.

За оние на електрични тротинети не праам муабет, треба да се оформи една посебна единица во склоп на мвр, која што ќе има список на сите возачи на такви тротинети од градов, и секој ден ќе ги посетуваат дома од сабајле да им дадат еден утрински ќотек пред да се качат на тие електрични гомна и да бидат потенцијално најголемата опасност во сообраќајов.
 
Не овој што помина сега, претходниот викенд имаше многу сонце излеговме со детето во парк и на една клупа имаше пензионери со точаци, едниот возеше некој олдтајмер и се фалеше дека за 1000 евра него продавал бидејќи бил квалитет не срања што сега се продаваат.:D
Еден дедо 3 пати тркна до пазарче, повитални беа од многу млади...
Треба да се инвестира во инфраструктура за да можат дечињата од мали да стекнуваат навики за возење велосипед...сега за сега нема никакви услови за тоа, да пуштиш дете на улица да вози точак - ризично.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Држави се грижат за здравјето на граѓаните и трошоците. На пример Луксембург, под високиот мост има патека за пешаци и велосипеди и посебни мостови за велосипеди. Иако имаат бесплатен, редовен, прецизен и чист превоз.
Оребро, град во јужна Швецка (прекрасно место патем) има околу 1570 рути на мапа (чудо, имаат и мапи за велосипеди) со околу 60 км патеки.
И тие и тие имаат и многу повеќе зеленило и средени сообраќајници и одличен превоз (иако не се тема, сепак индиректно зависи и од нив)
Ама ние ништо од тоа не можеме. Никаков превоз освен сопствен автомобил. Не е дека не знаат туку ако градат, што ќе крадат.
 
Убаво би било, но ние немаме велосипедска култура, пешачка култура, нула сообраќајна култура.
Што и да изградат, направат, џабе е се.
На велосипедски патеки се вози во два правца, одат и пешачи, а најопасни се овие разнесувачите на храна со тоа кутиите на грб....еден ме претица а не ми ни зазвоне да знам дека имам позади мене некој и ќе ме однесеше со тоа кутииштето.
Ретровизор треба да има секој точак изгледа.
Имаме доволно убави патеки но се има на нив..најмногу ми пречат огромните контејнери и ѓубрето доле.
Како и да е гласам ДА.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom