Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајг,
кога веќе се рекламира на јавен медиум, треба да се објасни целосно, а не селективно дека Пролом минерална вода е добра за дигестивни проблеми,

images (23).jpeg

...Пролом водата е ниско минерализирана и високо алкална (pH 8,8–9,2) природна изворска вода од Србија, која првенствено се користи за поддршка на третманот на проблеми со бубрезите/уринарниот тракт (камења, инфекции), па дигестивни заболувања (гастритис, чиреви, жолчни камења), па кожни заболувања (псоријаза) и при нарушувања на локомоторниот систем, посебно делува како диуретик и помага во детоксикација.

images (24).jpeg
 
Добра е значи Пролом водата за мене, склон сум кон песок и камења во бубрезите, оваа вода ќе ми користи.

Инаку дели беше раширено предание дека Скопје е меѓу градовите со најквалитетна вода за пиење од чесмите?
Зарем не беше водата чесмовача од Скопскиот водовод од изворот Рашче меѓу најквалитетните во Европа?
 
Добра е значи Пролом водата за мене, склон сум кон песок и камења во бубрезите, оваа вода ќе ми користи.

Инаку дели беше раширено предание дека Скопје е меѓу градовите со најквалитетна вода за пиење од чесмите?
Зарем не беше водата чесмовача од Скопскиот водовод од изворот Рашче меѓу најквалитетните во Европа?
Водата е квалитетна, цевките се проблем.
 
Нема посмешно битие од одбиен маж.
Па тоа скршено его, ќе те исповреѓа, ти ваква ти таква. Ќе земе ќе те избрише.
Не знам шо деца искачаат после од нив. Коркачи.
 
Последно уредено:
Знам дека мислењево ми е во доменот научна фантастика ама кога би имал моќ и би поседувал некое оружје кое би делувало во универзумот би ги рокал до "последно" Венера и Сатурн и би ставил крај на сатанизмот еднаш засекогаш на таа прича..Ќе и дадам и утринска ѕвезда и се по ред..Би ги склонил од лицето на земјата за век и векова и овие од земјава повеќе ќе немаат повратна информација и енергија и ќе им остане само да го дуваат..
 
Вчера беше најубавиот и најсреќниот ден од драмата наречена животисување на оваа кугла земаљска, вчера за прв пат станав татко на најмилото и најпрекрасното глувченце кое веќе ќе го нарекувам "мојата ќерка". Сигурен сум дека си го потрошив кредитот за најубавиот и највеселиот ден во мојот живот и дека никогаш повеќе нема да почувствувам такво нешто, како во моментот кога дознав дека веќе сум пораснал и дека веќе имам најголема љубов на целиот свет.

И денес пливам во ракијата од вчера, б'здам за луѓето, изразот ми е како да сум престојувал месец дена во турски затвор, а во главата чувствувам земјотреси. Нека ми е жива и здрава:)
10 години како поминаа. Како вчера да беше денов. Сега, после 10 години, повторно чекам принова, и тоа машки double team, 3+ бајо мој. Мислам дека убаво ќе ми стои бела брада и коса.
 
Драга, читам Кубанциве се жалат нема нафта, од 100 каминони за ѓубре само 40 возеле по една недела стоело ѓубрето.

Обединети нации на штрек како да се помогне.

Кога ќе ми текне кај нас дека намерно по 2 недели не возеа.....еј у 21 век на европско тло да не собираш ѓубре ради избори....

Куба не ни е рамна, факинг Никарагва не ни е рамна.....
 
10 години како поминаа. Како вчера да беше денов. Сега, после 10 години, повторно чекам принова, и тоа машки double team, 3+ бајо мој. Мислам дека убаво ќе ми стои бела брада и коса.
Zlate izvini ova mora da se replicira.
Solaire drygar kako stranec ti posakyvam domot sekogas da ti ispolnet so sreka,zdravje i ljubov... A bogami i energija ke ti treba :) , so lesno da e i uste ednas , samo sreka ljubov i zdravje <3 - ovoj znak prv pat u zivot go pravam se nadevam e soodveten poso se osekam ko inidijanec so dimni signali xxx
 
Јајцата јапонски јаболки од таа Линдзи Вон.

Паднала од скии се повредила, и ај сега да го отруеме со објави поштениот народ шо скрола по социјалните мрежи да виде некоја цицка пред спиење.

Бокс и скиење. Поглуп спорт од овие два се само тоа ѓулето шо го лизгат по мраз и шо стргат со стапови пред него.:nesumjas:
 
За матура, баба ми и дедо ми во плик од струја што им иде само го исекле на пола и ставиле некој денар така подебел и пишуваше za воzacка.од баба и deдо (колку ми фалат не се свесни, ни сигурно биле некогаш, ни некој некогаш ќе биде свесен)
(баба ми и дедо ми, не парите)

И дете ко дете, јас навистина не знам како ги мажеле порано на 17 и деца раѓале и деца гледале и фамилија на грб носеле, а јас будало дете 30 000 ги фатив и седни жено размисли малку, не никако, ги потрошив за преса, фен и пегла. Лупнав 10 000 за преса, за која до душа не можам да се пожалам сеуште ја имам, фенот еднаш сум го искористила кога ме лажеше една другарка дека оние лепенките ко етикети што ги ставаат на некои работи, кога ќе ги облепат со нив оди извади ги. И сеа тањир вадиш со кифлички пример и јадете и оп залапена олкава етикета ПРОИЗВЕДЕНО ВО ШИП ВО ДОЛНО ДУР КОСОВО ЗАСТАПНИК ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МАРИЈА-МАТЕО КАВАДАРЦИ. Нема смисла. Ни со врела вода ни со крстена се вадат. Е и сега демек ако ги дуваш со фен можеле да се извадат. Дувај дувај пукна тањирот остана тоа и до ден денес алал да ви е како ги вадите тие.. нема врска толку беше искористен фенот, па по години прашина фаќање го дадов на некоја божем девојка ништо што немала и си го видов на продажба на некоја страна зелено пазарче хехе супер. Затоа па за пеглата ништо не се сеќавам.

Овој реферат уствари требаше да каже дека месечно многу трошам на такси, а се каам што како матурантка не сум се средила со тоа кога сум можела помлада без обврски и тн и тн... Ама па, пошто ништо од вести низ Мк и светот не знам, а влезам во такси одма дознавам. Вчера не знаев да не ми кажеше таксистот дека во некој град кај нас имало поплави и некои дечки од црвен крст ги однела поплавата ееее онака онака ехееее. Така ми рече.
Имам јас да напишам и книга со мудрости што ги стекнав од такстистиве, ама покасно.

Вака кога се читам ко некој грев не успеал после матура, пропаднал и животот го пиминал од такси во такси како урбана легенда. Во војна и мир, во здравје и болести... Во такси.
Не е точно, имам пр преса од 10 000 денари. хе хе.

Реално, интересно е, има муабет, ама не се исплаќа. Деца со време полагајте, додека има кој да ви плаќа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom