Ви текнува на играва? Веќе повеќе од денеција поминало откако последен пат сме ја играле, а како вчера да беше. Затоа имав на идеја да ја рестартирам веќе подолго време и да видам колку денес, со овие ликови кои се моментално на форум, би била успешна (а претпоставувам дека нема да е, само баш би сакал да ме демантирате).
Поентата е следна:
Треба да се набројат (да се направи листа) од 10 филма кои ги поврзува една заедничка карактеристика. Пример:
Тој што ја започнува играта го пишува насловот на првиот филм:
Малку видоизменети правила од претходно:
Нормално, како човек кој ја воскреснува темава, ја имам таа чест да ја одберам првата тема. Утре е Св.Валентин, па иако повеќето не го слават и затоа можат да бојкотираат, одиме со нешто лесно:
Десет филма со добра љубовна приказна:
1. Titanic
Поентата е следна:
Треба да се набројат (да се направи листа) од 10 филма кои ги поврзува една заедничка карактеристика. Пример:
- 10 филма на пуст остров
- 10 филма со само 1 актер
- 10 neo-noir филмови
- 10 филма со Ен Хатавеј
- 10 филма во кои нема жени...
Тој што ја започнува играта го пишува насловот на првиот филм:
Следниот на кој ќе му текне друг филм на истата тема, го копира филмот над него и го допишува неговиот филм:1. Прв филм
Наредниот ја копира листата на филмови над него и додава нов филм:1. Прв филм
2. Втор филм
Се така до 10 филм. Десеттиот ја дополнува листата со 10 филма и ја предложува новата „тема“, по која го пишува и првиот филм во неа:1. Прв филм
2. Втор филм
3. Трет филм
А што е поентата? Не само да се забавуваме, туку и некој може да си пронајде добри предлози на филмови на некоја конкретна тема која го интересира.1. Прв филм
2. Втор филм
3. Трет филм
...
9. Деветти филм
10. Десетти филм
Нова тема
1. Прв филм во новата тема
Малку видоизменети правила од претходно:
- Секој може да напише нов филм откако некој пред него напишал друг. Значи не мора да чекаме 10 различни луѓе да пишат, зашто којзнае дали ќе има 10 различни луѓе (да, знам, песимист сум
) - Ако подолго време никој не го пишува деветтиот филм и сите ја чекаат десетката за да зададат нова тема, јас сум тука да турнам за да тргне.

- Текстот со претходните филмови не го цитирате, туку го copy-paste-ирате.
- Пишуваме само играни филмови, серии не се прифаќаат.