A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Битно ќе им се бројат како дел од понудата на тв канали. Тоа е најважно за А1. За нас - кој не прашва...
Каналите не се лоши. Уште да земат секој да прашуваат. Сите имаат различен вкус и треба да има избор за секој.

На А1 фалат повеќе HD канали и барем да ги пуштат во 4к каналите што ги има Телеком.
 
Дали на некој два од новите канали не ви работат или само кај мене е нешто ?
 
Не е баш за тука коментаров ама чисто за споредба на Телекабел ги пуштија Hits Melody,Ex Yu Melody,Riviera,SOS на место MTV шо ги исклучија...Ама толку неатрактивни канали,чисто да се пополни бројот на канали,гледам истото и на А1....а претплатата ја качија на 650 како за подобра понуда да има ама испадна само цената нагоре а понудата на полошо ...
 
Дали на некој два од новите канали не ви работат или само кај мене е нешто ?
Да некој не работат има црна слика. На Android боксот на тие што не работаат ми пишува дека има отсуство на авторски права.

Не ми работи и Mezzo Live а на Android боксот работи

Овие музичкиве Muzzik што сега ги додадоа ги има Телеком и не се лоши. Кај нас само неколку се достапни а има повеќе барем на сајтот на Muzzik има повеќе канали.

Но ако сакате уште подобро со комерцијални музички хитови ете го има Trace Urban на А1.

Пишав веќе фали на А1 повеќе HD и барем 4К да ги стават Eurosport и TravelXP.

Oпшто што фали во Македонија од тв канали е да имаме што повеќе тематски канали странски целосно локализирани или направени канали во самата држава како што имаат бугарите, хрватите, србите, грците, aлбанците.. Некој со повеќе пари да му текне да почне бизнис со тематски телевизии.

Пример во Бугарија имаш многу повеќе филмски канали со превод или надсихронизирани на нивниот јазик. Филмските им се одлични.
 
Последно уредено:
Овие нови музички канали се дел од MTS мрежата на канали. Србија растура моментално со телевизии и тв права.
 
Мислам дека веќе не се дел од МТS.

Мислам дека каналиве се регистрирани како хрватски.

Колку што гледав понуда на MTS ги немаат каналиве.
 
Каналите не се лоши. Уште да земат секој да прашуваат. Сите имаат различен вкус и треба да има избор за секој.

На А1 фалат повеќе HD канали и барем да ги пуштат во 4к каналите што ги има Телеком.
За тоа да има повеќе, и тоа многу повеќе, HD канали се сложувам. Најмногу ми смета што Star пакетот на канали (Star Channel, Star Life, Star Crime, Star Movies) како и National Geographic, BBC Earth.. не се во HD.
Исто, не знам зошто покрај постоечките T-Prime 1 и Т-Action не го ставија и T-Prime 2 филмскиот канал. Го гледам преку Iptv, доста добар е, исто така таму ги даваат најновите филмови.
 
Преку Android box они што го даваат на кој има XploreTV aпликација сите канали се HD исто и на мобилен апликација XploreTV се HD каналите.

Не знам зошто не се сите и на тој Kaon или како и да се ресиверите што ги даваат и што мора да се врзани за интернет Lan кабел. Во овој век каде што технологијата напредува секоја година забрзано народов уште гледа катастрофа од квалитет на слика на тв канали. Разбирам можеби се штеди да не троши многу од интернетот телевизијата ако воопшто и троши ама не се гледа во тој квалитет телевизија.
 
Дали сте приметиле на xplore tv апликацијата не е добра херцажата на скоро сите телевизии, освен на неколку арена спорт канали?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom