Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 24: @Io Sono Interista - Kомерцијализацијата на празници е добра работа и треба да ја практикуваме)

Kомерцијализацијата на празници е добра работа и треба да ја практикуваме

  • Вкупно гласачи
    30
Не знам зошто, ама досадна ми стана темава (цела тема не ова мислење).
Како деца од градинка собрани во круг кога си кажуваат што ќе бидат кога ќе пораснат. Хипотетички излишни муабети проследени со бујна фантазија
 
Same. На вот мислењето сеуште ми остана како најконтроверзно за латентни педери. Ова другово премина во научна фантастика. Едно е да се има контроверзно мислење, ама треба да е барем у нормала на возможното. Не ме чуди следна тема да биде, Македонија да се вклучи во вселенската трка и да ги пратиме дедовците таму, без телевизори јер да не гледаат фудбал :icon_lol:
 
Јас ви гарантирам дека вака, како прво ќе се намалат фаци ќе користат возила, а ќе се собери добра сума на пари со која ќе може да се подобри градскиот превоз. Исто, за градскиот превоз дедицирана лента или лента со приоритет, ако те фати сејф сити на таа лента да јадиш казна.

На Партизанска третата лента беше за градски превоз, бар така се сеќавам. Ама никој не го почитува тоа.
 
Точно се гледа на темава кој е сиротиња и нема пари за кола.
Искрено не се гледа апсолутно ништо. Баш пред некој ден поминувам покрај една куќа изградена на падините на Водно од источната страна, куќата се распаѓа, мислев штала е, чешмата и тоалетот се надвор, дворот е полн со стари работи на купче, ама во дворот си беше паркиран Мерцедес Ц класа. Од друга страна знам тип што си е полн ко брод, си извади државјанство во друга држава преку купување на луксузен имот од одредена сума таму, ама и да врне и да вее он си е на точак. Така да не сум сигурен дали мислењава на темава ти донеле “точна“ слика.

Патем супер што дискутиравте дечки, очекував максимум 3-5 гласа “за“, овие 18 скроз ме изненадија. Апсолутно сте во право кога викате дека ова е фантастична идеја и никогаш не би се спровела. Што не значи дека некој би се побунил ако нешто вакво се спроведе, многу пострашни работи сме премолчиле, така да ова е мало бебе споредбено со тоа. Да не ја провлекувам темава понатаму, мислам дека горе доле се истроши дискусијата и се оформи некое гледиште околу тоа каков ни е ставот, кои се актуелните проблеми и дали имаме надеж за нивно решавање, ферски е да не чекам некој да ме пингне да тагнам друг, па така за следна тема го номинирам @џимеј :)
 
Најголем хајлајт на темава беше владо ко квичеше ко штотуку клоцната чивава за цигарите и дел бој ко рече дека че отварал фирма во русе, пошто не нејќел нас Македонците. Се друго досада.
 
Нема убавина овој свет да го уживаш без кола. Ѓубре насекаде, одвратни љангари во глутници. Со кола некако го заобиколуваш сето тоа срање.
 
Обратно е баки. Пешачењето е мајка за во Скопјенце. Ќе си поодиш, убаво е и за срцето и за умот, ќе видиш некој побратим од времето, ќе се разминеш со некои цицки, пулсот на народот ќе го осетиш.
Во кола освен нервози и пцуење нема ништо друго.
 
Ти благодарам @FilipMKD007 за укажаната прилика. Морав да ја освежам темата со нешто глупаво и без многу филозофирање, иако може да не покрене дискусија затоа што не измислува топла вода.

Знам дека иницијалната замисла на @Io Sono Interista беше инспирација од what's your take, односно полабави теми кои нервираат, ама и не толку, и иако @wot уште одма го постави стандардот, морав да се приклучам.

Мојата тема: Мажи над 30 години не смеат да се радуваат на родендени и да ги слават

Во ред е, еве ќе прифатам 30ка за последно, као демек 30 е новото 20 и нека се искористи финтата со носење табла јајца за подарок. Не е толку страшно.

Сѐ после тоа е за осудување. Целиот дискурс низ историјата е дека жените не се прашуваат за години, но никој не се сети дека мажот е едноставно мизерен после 30ка, не му се слави и поубаво му е да го остават на раат затоа што едноставно е уморен од животот. Нема жена што може да разбере дека поубаво му е осамен и мизерен.

Никако славење роденден во кафана или било каде со друштво. Никако оставање датум на раѓање на фејсбук за да ти честитаат. Исклучуваш нотификации на вибер дека one of your contacts has a birthday today. Нема што фиљан човек да се дрзне да ти пише порака за да собира поени кај тебе затоа што може да му треба услуга во иднина.

Тие што се сетиле нека ти честитаат, најчесто после 30 се тие што те родиле, брат/сестра, најдобри другари (не секогаш - најдобар другар ако не ти честита, не земај за зло зашто реално не е обврзан да ти честита ниту да ти памти роденден).

Ако си во тазе врска, тркни до ресторан или помини со некој бургер, можеш и од волт да нарачаш затоа што не стигнавте да зготвите ручек дента и еве со себапов да каснете нешто.

Ако си со фамилија, максимум што можеш да си дозволиш е жена ти да направи некоја торта или да купи мафин набрзина, да им каже на твоите деца колку добар татко си, да дувнеш свеќа и потоа да се повлечеш во себе. Ако имаш син - служи му за пример уште отсега, многу подоцна ќе сфати што всушност се случувало со тебе затоа што ќе го оди истиот пат. Сликите што ќе ги направиш со децата си ги чуваш за себе.

Ако недајбоже некој се осмели да те покани на журка по повод роденден, категорично одбиваш без да дадеш причина и го чкрташ со еден голем Х. Не ти требаат такви токсични луѓе околу тебе со main character syndrome.

Мажи секогаш треба да се потсетуваат, на својот роденден, дека се создадени да бидат осамени и дека животот натежнува многу повеќе откако ќе прекорачиш 30, па така нема никаква причина за искрена радост.

Што помалку луѓе ти честитаат роденден од година во година, толку погорделив и поуспешен човек стануваш.
:smirce:
 
Да не можеш да се радуваш е глупо, сеа ја на Салемакерс му се радувам ако погоди центаршут ама за мој роденден да не смеам :icon_lol:. Убаво е идеш на ручек вечера со жена деца.

Ама она детско славење со друштва кафани, кафичи тоа да. Ама не само мажи, и за жени да се забрани нели еднакви сме :icon_lol:
 
Ја од мал не се радувам на родендени, гужва како свадба да се прави, триста глупости ти посакуваат а ти дете полно со елан, желби, на секој ден му се радуваш и те заболе за иднината и каков да бидеш и дека треба да славиш оти на тој датум си се родил пред х години ...и до ден денес кога треба да се честита или да ми честитаат, глупо ми е.
Секој ден е посебен...
 
Ти благодарам @FilipMKD007 за укажаната прилика. Морав да ја освежам темата со нешто глупаво и без многу филозофирање, иако може да не покрене дискусија затоа што не измислува топла вода.

Знам дека иницијалната замисла на @Io Sono Interista беше инспирација од what's your take, односно полабави теми кои нервираат, ама и не толку, и иако @wot уште одма го постави стандардот, морав да се приклучам.

Мојата тема: Мажи над 30 години не смеат да се радуваат на родендени и да ги слават

Во ред е, еве ќе прифатам 30ка за последно, као демек 30 е новото 20 и нека се искористи финтата со носење табла јајца за подарок. Не е толку страшно.

Сѐ после тоа е за осудување. Целиот дискурс низ историјата е дека жените не се прашуваат за години, но никој не се сети дека мажот е едноставно мизерен после 30ка, не му се слави и поубаво му е да го остават на раат затоа што едноставно е уморен од животот. Нема жена што може да разбере дека поубаво му е осамен и мизерен.

Никако славење роденден во кафана или било каде со друштво. Никако оставање датум на раѓање на фејсбук за да ти честитаат. Исклучуваш нотификации на вибер дека one of your contacts has a birthday today. Нема што фиљан човек да се дрзне да ти пише порака за да собира поени кај тебе затоа што може да му треба услуга во иднина.

Тие што се сетиле нека ти честитаат, најчесто после 30 се тие што те родиле, брат/сестра, најдобри другари (не секогаш - најдобар другар ако не ти честита, не земај за зло зашто реално не е обврзан да ти честита ниту да ти памти роденден).

Ако си во тазе врска, тркни до ресторан или помини со некој бургер, можеш и од волт да нарачаш затоа што не стигнавте да зготвите ручек дента и еве со себапов да каснете нешто.

Ако си со фамилија, максимум што можеш да си дозволиш е жена ти да направи некоја торта или да купи мафин набрзина, да им каже на твоите деца колку добар татко си, да дувнеш свеќа и потоа да се повлечеш во себе. Ако имаш син - служи му за пример уште отсега, многу подоцна ќе сфати што всушност се случувало со тебе затоа што ќе го оди истиот пат. Сликите што ќе ги направиш со децата си ги чуваш за себе.

Ако недајбоже некој се осмели да те покани на журка по повод роденден, категорично одбиваш без да дадеш причина и го чкрташ со еден голем Х. Не ти требаат такви токсични луѓе околу тебе со main character syndrome.

Мажи секогаш треба да се потсетуваат, на својот роденден, дека се создадени да бидат осамени и дека животот натежнува многу повеќе откако ќе прекорачиш 30, па така нема никаква причина за искрена радост.

Што помалку луѓе ти честитаат роденден од година во година, толку погорделив и поуспешен човек стануваш.
:smirce:

Ја сум тежок интроверт и генерално, повеќе инклинирам кон ДА. Сепак постои едно големо НО.
Доколку е частење ручек/вечера во кафана со ептен најблиски другари (2-3ца) тогаш мислам дека си е ок. 2-3 саати излезени, не да се давиме во алкохол и јадење, сепак сметам дека е добро и ок.
Ништо гламурозно, ништо специјално, само една обична вечера/ручек.

Па и не дека сум ја преголем интроверт како што дружбите и луѓето станаа shit tier. Интересно е како секој интроверт, инстантно станува екстроверт кога е во прав круг на не-токсични луѓе.
Во животот повеќе од 2ца вистински другари тешко дека ќе имаш. Сега можеби имам висок стандард за тоа што значи "вистински" другар/пријател. Но, ова ми беше една битна лекција во 20тите години од мојот живот.
Едноставно све се сведе на "ЈАС ЈАС ЈАС, многу сум битен/битна, види кај сум излезен/а, сториња слики". Не само тоа, сме се собрале на мој роденден а ти не можеш да престанеш да зборуваш за себе. Баш така, во 20ти сум славел роденден и сум седел/частел луѓе кои не ме ни прашале чисто од култура "И, како се осеќаш?".
Луѓето станаа пре-опседнати со себе, self-centered/self-oriented. И тоа отиде во стратосфера. Трговија со услуги и разно-разни трансакции. Дружба од интерес. Е, такви биле луѓето околу мене... оние со кои сум прекинал контакт, било од такви причини.

Веројатно екстровертите немаат големи очекувања од луѓето, веројатно подобро навигираат низ тие социјални моменти на површности. Веројатно кај нив има момент на "контакт само колку да е контакт", без оглед дали е длабок и вистински, бидејќи веројатно самиот контакт со луѓе нив ги полни со енергија само по себе. Јас, како интровертен, барам смисла, длабочина и веројатно повеќе човечност. За да те сметам за близок и за другар кој вреди, сепак треба да излезеш од таа матрица на опседнатост со себе. Малце манири, култура, емпатија и интерес за твојот "другар".
Со годините сфаќаш дека времето ти е ресурс, енергијата ти е ресурс, и не можеш да ги трошиш на луѓе што не ти враќаат ни минимум човечност. Посебно ако си тип што слуша внимателно, анализира, дава совет, се сеќава на детали, и реално се труди да биде присутен. Тоа носи тежина - и нормално е да те иритира кога другата страна нема ни основна љубезност да те праша “како си” и да те слуша без да чека ред да зборува за себе.
Не мора тоа да значи дека нужно се “лоши луѓе”, ама мозокот им е трениран на: реакција, статус, споредба, приказна, валидирање. Па и кога сте на маса, некако како да има невидлива публика. А ти бараш дијалог.

Интересно е што кога ќе ги тргнеш тие површни кругови, обично се намалуваат разочарувањата, помалку “што рекол/што направил” драми, помалку чувство дека мораш да глумиш расположение. Останува мир и ментален одмор.
Со многу од нив престанав воопшто да контактирам, бидејќи, секако, веќе не им се јавувам/пишувам прв.
Иронично е колку баш она "letting go" на такви луѓе и кругови ти дава ментален и душевен мир. Веројатно сум давал некоја шанса повеќе од што требало во животот и сум ја совладал порано или покасно и таа лекција.
 
Како го прочитав воведот искрено малку ми фалеше да нарачам табла јајца за сите мажи што ги познавам. :D

Ај сега сериозно…давам најцрн бумбар за темава затоа што секој човек заслужува барем еднаш во годината забава и славење во негова чест. Не мора да биде кафанска дружба со 30 гости, доволно е најблиското опкружување дома да си ги собереш на ручек/вечера. Нема ништо поубаво од таквите дружби независно колку години имаш. Баба ми на 90 години уште се радува како мало дете кога ќе и направиме торта и ќе се собереме сите заедно околу неа. Ако она може да најде причина за уживање и радост во тие моменти, можете и вие мажи над триесет години.

Животот е прекраток за да се самоизолираме и да не уживаме во убаво парче торта и добро вино. И да не се почастиме со нешто убаво, затоа што еднаш се живее.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom