1. Ревидирање на социјалната помош. Ова треба да е привремена поддршка на работоспособното население додека не најде работа, за останатите категории немам проблем (тука се уживаат и други права, ама да не одиме многу во детали). Меѓутоа не е допустливо дел од нив да ги уживаат овие плодови и да работат на црно, дел само да ги уживаат овие плодови, а притоа да носиме работници од земјите од третиот свет. Во последно време популарна дестинација стана Непал. И тие не остануваат долго, но зошто државата да има реален трошок, кога некој од овие околу 100.000 невработени кои активно бараат работа, можат да ги извршуваат и овие работни задаачи. Не сите се корисници на социјална помош, тоа е точно, но дел се. Работа има, нека работат.
2. Ограничување на правото на бебоубиство. Ова ми е една од најгласните работи кои се станати нормализирани. Не зборувам за исклучителните ситуации, кои се промил, туку за оние 99%, а притоа има механизми за превенција на самата бременост. Државата мора да го штити ова право, заштитено и со Устанот, и со законот и со меѓународни конвенции. Притоа, и една од функциите на јавното здравство е заштитата на ова право.
3. Укинување на функцијата “Претседател на државата“. Најголемиот дел од меѓународните ингеренции ги делат со владините претставници (океј, има, за одреден степен и повисоки овластувања). На внатрешен план, поевидентни се: право на вето и врховен командант на вооружени сили, исто може да биде делегирано на одреден министер или претседател на влада. Крајно бескорисна фигура која доживотно ја плаќаме.
4. Забрана за сите невладини организации, со исклучок на оние од сферата на образование, спорт и култура. Ако се обеинети околу некоја друга кауза, замислена цел, нека формираат партија, па потоа нека си ја проследат својата реална тежина.
5. Бришење на одредени членови од кривичниот законик, како на пример 394-г (ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем) и 407-а (одобрување или оправување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства). Законот ми забранува дури и аргументирано да спорам одредени сегменти од наведените членови од ст. (1) од овој член! Според мене е крајно ретардирано, иако конвенцијата не го штити овој сегмент од слободата на говор (т.е. овој член е во коорелација со истата).
6. Намалување на бројот на пратениците. Парламентот не е куќата на законот, на правото, сега е бојлер преку кои владата ги носи законите. Најголем предлагач на законите е истата, каде Собранието, ќе исклучок, ги усвојува. Се над 100 е премногу. Дури и нема потреба да се избираат пратеници за Европа, Австралија и САД. Си имаат дипломатски и конзуларни претставништва кои ќе им ги решаваат проблемите. Среќа во несреќа тука имаше свовиден политички компромис. Би вовел една изборна единица.
7. Се согласувам и со мерката за намалување на бројот на општини. Премногу се, дел крајно нефункционални и живеат од дотации и позајмици. Што општина е тоа која не може да собере средства преку локалните даноци за да ја покрие локалната администрација? Останатите проблеми, која треба да биде сервис, не се битни, затоа што пари нема. Треба општа консолидација, притоа помалите градови да не бидат оштетени. Истиот став во имам и за Чучер-Сандево, Студеничани, Илинден, Сопиште, Арачиново и Зелениково. Сите во една.
...