Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Можиш да ги земиш и најдобрите луѓе на светот, со очи ко срна и да им го направиш животот апсолутен пекол. И да видиш како ќе сменат. Ништо не е дадено еднаш засекогаш. Луѓето се менуваат, ако ви се чини дека некој бил наивен и никад немало да смени и тука се лажите.

Еве една балканска срна, свежо шишана и шамарана, која се претвори во своевиден Ти-Рекс, за некој 5 години од ко го сними ова.


Фулиш лидл ми на некој 25 години, го бараше Србинот од спотот на Инста и го најде, хаха. Иако во физиономија со кафени очи и апла црна коса повеќе потсеќам на балканска срна (а сега своевиден Ти-Рекс), плавите секогаш ми беа слабост.

Се сретнав со еден лик кој ме познаваше како некој многу добар. По фацата му се познаваше дека е комплетно разочаран од она што го виде и што сум денес. Арогантно копиле. Само во очите ме гледаше да види дали останало нешто од стариот јас. 3 дена мислам на средбата и неговата реакција на мене. Сакав да му раскажам што се ми се случи, ама не мора. Мислам дека секако некој му спомнал со кого бев во врска. Не е оправдување.
 
Последно уредено:
Ова што ќе го пишам се мислев дали вреди да се пишува на Форум, бидејќи се малку лични теми, но ако барем влијаам на свеста на еден човек што ме чита, тогаш вредело.

Од Пржино ако се упатиш накај првиот видиковец/паркинг што е на патот до Средно Водно има една патека која се вика Бабина Патека, но има и карпи (веднаш под паркингот на минутка пешачење), на кои сега се собираат млади да пијат, но порано за едни други млади биле светост, благодет и есенција. Тие карпи биле вежбалиште за алпинистите во 90тите, односно место кое е најблиску до градот, особено за тие кои живеат во близина, да не мораат да одат до Матка за да качуваат. Сега тие карпи се обраснати околу и речиси непроодни (од левата страна на карпите), не се користат за ништо освен за пијанчење, клиновите оставени во нив служат како потсетник за некое друго време. Би бил среќен ако малку повеќе почит имате кон тие карпи, бидејќи на една од нив има спомен плоча која беше покриена, веројатно и газена од луѓе што не ја знаеле нејзината локација. Таа спомен плоча е поставена од еден многу скромен човек кој е жива легенда, како и од страна на едно момче младо кое гине во лавинска несреќа на Солунска Глава во 98ма година на свои 19 години, а истата плоча е посветена на Исак Русо, алпинист со еврејско потекло од Македонија кој исто така прерано починува. Е сега тие карпи таму што се на само 1 минута до паркингот, се со клинови заковани од страна на 4ца врвни алпинисти кои настрадуваат во лавинската планинска несреќа на Солунска Глава во 98ма година што ви ја спомнав, еден од тие починати таму е и мојот татко. Тие карпи вертикали ги носат нивните имиња, секоја од нив именувана по човекот кој ги поставил клиновите првично, секоја од нив била омилена на некој од нив. Таа Бабина патека која може ја знаете на Водно, не е именувана така бидејќи е за спори лица (баби), туку поради синот на човекот жива легенда што ви го спомнав, кој често одел на Водно со татко му на таа патека. Тоа дете го носело прекарот Бабин и починува на свои 18 години од болест. Татко му во негова чест ги има поставено и сите тие табли и му ја има посветено патеката. Во еден момент таа патека се спојува и со “Новогодишната“, но кога таму поставил рачно изработена табла за “Бабина патека“, истата била тргната, бидејќи поприоритетно е очигледно тоа делче од патеката да е именувано според ден во годината, а не по млад згаснат живот.

Веројатно ви дојде многу, многу рано згаснати животи и трагедии, но сега ќе стигнеме до целта на ова мое мислење. Под тие карпи што ви ги спомнав има изнафрлено лименки, шишиња од луѓе што седат и се собираат на тие карпи. Во тревата околу паркингот што е на една минута (познат и како паркинг на швалерите), има тоништа искористени влажни марамици после сексуален однос, презервативи, лични работи како хулахопки, гаќи, како и хартии од изедени тостови, лименки, флаши, шишиња, местото е во ужасна состојба. Само преку патот има неофицијална гробница на кучиња, место каде што луѓето си ги закопуваат милениците. Но тоа го прават на погрешен начин, на погрешно место, обично на 30 сантима до земјата и само во кебенце, истите тие починати животни се раскопани од дивите свињи што ги има многу во тој дел и сега местото изгледа толку ужасно, што мислам е најдобро да запрам тука со описот. А на 10тина метра има и нешто како треил патека за трчање рамна кружна од некои 100 метра, каде што трчаат фудбалери и други спортисти.

И сега кога веќе добивте слика, во колку ужасна слика е ова место и колку тоа место е од сентиментална значајност за некои луѓе, би ве замолил да не го фрлате отпадот, бидејќи грото луѓе таму се со кола дојдени, сметам дека нема да и тежи на колата да го пренесе до прв контејнер. А ако случајно закопувате починати домашни миленици, би ве замолил да најдете друго место, или барем да го направите тоа на подобар начин, поголема дупка, метална кутија со катанче, трупци дрва и камења одозгора откако ќе закопате.

Да ги испочитуваме луѓето кои не се веќе меѓу нас, а на кои им било драго тоа место, да не е во толку лоша состојба, барем толку мислам можеме.
 
Последно уредено:
Израснав на патекава што ја опишале во претходниот пост.
За жал, во последните години браќата муслимани (албанци/турци) "го открија" Водно и првиот паркинг со околната борова шума им е главно место за дување и криење да не ги види некој со булите. Општо се познати по хигиената, така што и веќе постоечката лоша состојба, стана полоша.
Сега е актуелно преку ден гнаснине турчишта да се дрогираат таму. Неколку епизоди сум имал, каде што сум земал слободен ден да го носам малиов малку на чист воздух и да дојдат неколку коли од гнасите и да дуваат на паркингот.
Колку-толку се одржува хигиената во боровата шума, ама под првиот паркинг е депонија.
Во доловите непристапни за луѓе е полно диви свињи и лисици кои уште толку прават поголем хаос.
Покрај бабината патека, имавме и патче кое водеше до полјаната со Гоцевото чешмиче. Уште една работа што нема да ја простам на Грујо беше што правејќи го патот за Сончев град, маме ебаа на неколку убави места. Од детонациите при минирањето, цело место остана затрупано од карпи. Ја уништија и спомен чешмата градена од жители на Пржино. Како деца таму не носеа на екскурзии од градинка, имаше и гол на кој игравме фудбал, клупи итн.
Отиде курбан се'.
 
На денешен ден 2020 година, ја, Џонтра, Клипче и Пеја гледаме Наполи-Милан (или Јуве беше не сум сигурен пошо излив имав таа вечер), седиме, се зезаме... На сред утакмица Син пишува на еден заеднички чат со Интераши што го имаме, цитирам: " хаха Стек што е ова бе Коби умрел?, нормални ли се порталиве? " Јас секако му упатив сув цинизам, у стилу хаха да да секако, не само што умрел него и воскреснал во меѓувреме.... И во истиот момент отварам ФБ и ме облева ладна пот. Не постоеше портал, страница, личност, ватева, што немаше објавено за смртта на Коби. Инстант сменив боја на фаца, почнаа овие да ме прашуваат абе што ти е друже, што се деси, а у меѓувреме како отвараа социјални мрежи така и они менуваа бои на фаци и остануваа занемени.

Идолот од дете, човекот на кој му ги имам студирано движењата буквално од А до Ш, човекот на кого беа трошени последните мегабајти од месечниот интернет, човекот со кој растев и ми беше рол модел за спортист, загина во хеликоптерска несреќа... Цели ебани 6 години поминаа од тогаш, и ден денес имам солзи во очите кога ќе се присетам на тој мизерен 26ти јануари 2020 година. Замина еден од најголемите спортисти во историјата, човек кој треба да е пример и идол на секое дете кое има соништа и кое машта за нешто во животот, човек кој беше идол и на детето кое ги трошеше последните мегабајти од месечниот интернет, и засекогаш ќе биде.

Почивај во мир голем човеку.
 
Направив се што беше во моја моќ да те спасам, се боревме цела ноќ но доттука ти било пишано.
Трчкај сега во вечните ловишта :(
 
Последно уредено:
Ама им го спикаа. Исто


Исто ко на нас.


И ако може да не возат нервни шошони автобус, поголема опасност праат уште толку.
Глеа дека кочи кола на пешак, го глеа и пешакот. Свири на колата.
КАДЕ БЕ ДРУЖЕ. Тек почна со работа, сака дома.
 
Вчера гледаме слики од Елена Ѓорговска летоска на Миконос, со еден другар од Холандија (татко му станал Милионер со само 27 години)
му велам плавата десно е Македонка, другите се Српкињи.

1000059383.jpg
1000059385.jpg


Пошто се знајме и сме другари вејче 10ет години, во Охрид се запознавме, ме знај како дишам. Му велам, некогаш Македонците малце се занесуваат.
Од кај знаеш ми вели. Па знам по себе, му велам. Абе немој ми врати. ХАХАХА!! се згазивме од смеа
 
Денес ќе славевме 74 години… Те нема покрај мене, но секој ден, секој момент, те чувствувам во моето срце. Ми недостасува твојот глас, твоето смеење, твојата топлина и сигурност. Секогаш кога се соочувам со нешто тешко, се сеќавам на твоите совети и тоа ме прави посилна. Твојата љубов и спомени ми даваат утеха и мир, и ме потсетуваат дека секогаш ќе бидеш дел од мене. Денес мислам на тебе со благодарност за сѐ што ми даде, со љубов што никогаш нема да избледи, и со желба да знаеш дека секогаш ќе те носам во моето срце. Среќен небески роденден тато ..
 
У пм какво време дојде, да молиш занаетчии мајстори да дојдат да ти завршат работа и земат пари :eek:

Како тргнала работава ќе треба молба во писмена форма да им праќаме со аванс за да дојдат да видат само што има да се работи
 
Драга,

Никогаш не успеав да најдам емпатија за алкохоличарите. За мене, најдолното нешто што еден возрасен човек може да си го дозволи е да го изгуби сопствениот разум и достоинство во име на порокот. Прво, дозволувајќи си себеси да биде во состојба на тотално пијанство, а потоа свесно тонејќи во амбисот на хроничен алкохолизам.

Често слушам оправдувања дека тоа е “болест на зависност”. Да, така е, медицината го тврди тоа, ама истовремено тврди и дека е последица од серија свесни одлуки кои те довеле до таа состојба. Никој не избира да добие рак или дијабетес, и никој не се раѓа алкохоличар, но секој возрасен човек со секоја нова чашка прави свесен избор да се уништи себеси и се околу него.

Она што најмногу ме погодува е кога тој човек има семејство. Да ги гледаш твоите најблиски како го преживуваат твојот терор е врв на себичност. Посебно ми е жал за децата. Тие заслужуваат мир и безгрижно детство, а наместо тоа, добиваат доживотни трауми.

Искрено, не можам да разберам како некои жени остануваат во такви бракови по дваесет и повеќе години. Да трпиш алкохоличар “за доброто на децата” е најголемото зло што можеш да им го приредиш на тие деца. Тоа не е пожртвуваност, тоа е соучесништво во нивното несреќно детство.

Секогаш сум за поддршка во борбата против зависностите, но никогаш нема да го оправдам она што е во основа неоправдано. Семејството е светиња, а мирот на децата нема цена која може да се плати со ниту едно шише.

Најголема поддршка имам за оние кои се погледнале во огледало, си ја признале вината и одлучиле да побараат стручна помош. Тоа е борба, а се друго се само изговори.
 
Draga kajgana dodeka ima ovci ke ima i makazi za sisahnje. Stara narodna epten u potpolnost tocna.
Zatoa nemoj da sme ovci i da ne strizat.
Otvarajte oci i pamet i srce posho lukavi ineiskreni ima na sekade okolu nas.
 
Кеј,
Денес имав мејџор троубек дека ко бевме во едно од најголемите европски Казина, јас порачав суво Мартини и келнерот се насмеа и ја прониша главата со одобрување.
Еднаш се раѓаат вакви ко мене хехе.
Тек да ме видевте како бев облечен, темно емералд свилена кошула и црно сако со сатенски јаки над неа, црни пантолони и црни лаковани чевли од шпански бренд.
А тека да видите романката и една пољакиња во какво светло се појавија boah boah boah. Црн фустан, гол грб, златен приврзок по цел рбет надолу, секош носи ултра футуристички и чуден накит. Сандали оскудни на едно ремче се држеа, ногата скоро гола. А сепак толку елегантно. Седиме вечерта во еден клуб и руски олигарси ја меркаат романката. И велам види ги оние зад тебе како те пулат, со очи ја јадеа питбулите, се сврти кон нив кратко, па кон мене и ми вели, а јас можам да гледам само во тебе. ДУШААА. #Балканци #Македонец #Романка
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom