123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ

034. Нокаут - Нокаут (1998, МЕИ Макфест / Буба Мара Продукција)
Лош албум у целина, нема ништо освен 2-3 песни кои повеќе беа хитови на времето отколку што се реално добри песни, се друго ужасно. Се измачив дур го ислушав.
2/5
 
САФ - Сафизам 5/5

Оцената е поради Сафра, Фатаморгана и Скопска ситуација '98, едноставно не може со такви песни албумот да има пониска оцена од оваа. Ова е можеби највлијателниот албум во македонскиот рап. Некој за влијателен го спомнуваат и оној на Чиста Околина, но лирички овој е светлосни години пред тој на Чиста Околина. Реално за тоа колку лично ми се драги, само 2 албуми би можеле да дојдат погоре од овој во македонски рап, тоа се СТР2 - Не заборавај и Страјк - Кутија, евентуално Тонио Сан - Во друштво на мртвите поети тука може да замеша прсти, значи топ3 или топ5 албуми во македонскиот рап е овој на сите времиња, а имам доста ислушано. Некако мислиш дека како проаѓа време и еволуира жанрот треба да има подобри албуми од овој издаден пред 26 години, ама слабо, ова е антологија. Баш и искоментирав на темата за избор на македонска рап песна со најдобар текст, дека прочитав коментар за една од песните “Немаше толку да болат зборовите да не беа вистина“, тоа е коментар кој особено се однесува на песните Сафра, Фатаморгана и Скопска Ситуација '98. Тие 3 песни заедно со Раце Горе (химна во мак рапот) и Сафари се 5те најпознати песни од албумот. Злате знам дека не слушаш рап, ама ова е нешто што има најголеми шанси да ти се допадне од македонскиот рап. Ако ова не ти се допаѓа веројатно ништо нема да ти се допадне од другото.

1. Стиховна Гимнастика - Баш песна за гимнастика (за загревање), не е тематиката на песната премногу сериозна како некои други социјални општествени тематики во албумот. Смилен често не може во целост да се разбере, бидејќи и гласот му е порапав, па и кога енергично влага, ептен е мачно да се прати. Во “баладите“ полесно се прати, ама во песни како оваа се мачи увото. И стиховите не се баш за рендомец да може да ги разбере без малку интро, пример вика “Сепак Грент Хил пие Спрајт, а јас пијам само Фанта“. Грент Хил ти е поранешен НБА кошаркар кој имаше реклама за Спрајт снимено. Во рекламата фан го гледа и вика “Вау Грент Хил пие Спрајт“, затоа е и референцата. И секако најлудиот стих во песнава “Зашто јас пасам трева, а ти бензин пиеш, ќе си мавнам уште една, а ти ќе заспиеш“.

2. Револуционерот - Нешто слична ми е по квалитет со Стиховна Гимнастика, инструменталката тука ми е поинтересна. Просек е сепак, не е тоа што го направи легендарен албумот. Интересен ми е стихот “мојот супер стил е дискрепанца, држи дистанца, гризам како крокодил Данда, рушам од тука до Уганда“

3. Мис Стоун - Легендарна песна е оваа иако добар дел од слушателите може да ги нервира поради имитирањето и модифицирањето на гласот. “Докторот ми вика 'за твое добро сине' ама јас сакам уште еднаш убаво да ми биде", ова е легендарен стих.

4. Фатаморгана - Што да се каже за песнава повеќе, втора омилена македонска песна на сите времиња ми е, може комотно и прва. Не може да се слуша песнава, без да ти се собере чемер во душата, да те преплават емоции, да голташ кнедли, да задржиш солзи. Не знам што е потажно, што текстот ја отсликува и ситуацијата во 2026, што не напредуваме, што само воздухот го дишеме а ништо не придонесуваме во општеството, што само знаеме да се жалиме на тастатура какo е лошо, а не сме желни нешто да промениме, ниту самите себеси, што немаме колективна свест, што дур ги прашувам овие прашања во себе нова тура блиски луѓе купуваат билет во еден правец да избегаат од тука. Ќе пишам само 2 строфи, да не ја копирам цела песна, ама гарантирам дека нема лош стих ниту непотребен, се е убитачно тука. Е ова е рап, форма на изразување, начин да пренесеш цел гнев, чемер и јад во тебе собран, не е за секој, ама тие што го препознаваат се приврзуваат емотивно многу со него и им значи во животот, како разговор со педагог, како родител или брат, како вистински пријател.

"Господар или слуга можам ли да бирам? Околу мене продадени г'зови и уши под кирија. Па кој е крив? дали кулата од Пиза? Ме одржува во живот стиховниот експертизам. Сакам да емигрирам дај ми орелски крила! Слободен сум само во мојата астрална проекција"

"И сега само знам кога нервите ќе пукнат, поарно Чергар во лондон место да ме ебат тука. И после ова ју-рокери, позери, локални богаташи ќе кажат "дај не сери". Зошто ќе мислат дека мислам само на пари. Па ќе паднат цел куп чисто злобни коментари: "опаа сега ќе го пушиш на американци" Ама џабе петсто години кога сам си ставаш ланци"


5. Скопска Ситуација '98 - Второто ремек дело од овој албум, 10ка од песна, описот е истиот како оној за Фатаморгана. Ќе преминам директно на стиховите.

"(Мојот) град, главен град, република морони. Ако треба ново име измислувам, Бонбони. А погледот најубав одозгора врз овој град oд авион што си оди од едносмерно од овој град"

"Пари во ташна, на вратот машна, на граница шлепер. И тој ќе ми се смее ни перде ни арам Математика знае колку Амди Бајрам. Ама нема гајле, сепак сме си наши, напред за Македонија во кафана со кренати чаши. Граѓани шабани на порше свршуват"

"Перат прљав ќеш како прљав веш, пиљарот вози BMW, интелектот оди пеш. Сите имаат суфикси "фили" или "мани". Единство нема, идентитетот ни е падни-стани. На еден комита тројца кодоши, рекетари дилери и секакви олоши"


6. Црн Петок За... - Луда песна, од тука делумно мислам е инспирана Страјк - Правда песната, па дури и Страјк - Кутија. Со песнава и со неговото спомнување се погрижија да не се заборави ликот и делото на Моне Андоновски, трикратен убиец од судот во Виница.

7. Сафари - Смилен делот е прајмот на хороркорот пред да дојде Страјк, збеснат е. Пикисипи повеќе оди на репрезент. Од Пикисипи легендарен е делот “А раперите римуваат како родени на втори февруари, затоа одам на сафари“

8. Претставување 1 - Малку 'гимнастика' како првите две. Има референци тука и од “Раце горе“, како и на “Јас сум шеф“ од Чиста Околина, ова “Јас сум Смилен“ веројатно е од таму инспирирано.

9. Борба На Микрофоните - “И тополите се високи, па страчките ги серат“ ова е многу моќно, висината не значи ништо ако имаш памет во глава. Висината не е тука само за физичка висина. Од овие за репрезент песните, оваа ми е меѓу појаките, секако не како Раце Горе, ама има интересни стихови.

10. Рецепт - Се спомнува Блаже Коневски, во една претходна песна се спомна и Стојан Тарапуза, почитувам вакви референци. А и низ стихови се спомуваат различни држави Перу, Бермуда, Уганда, лекција и по брза географија има. Плус што се спомнуваат буквално ликови од секоја општествена сфера Бошко Луди, Боби Фишер... Песнава ми е просек, има подобри многу од албумов, ама не е лоша, доста мрачен бит има.

11. Раце горе - Има ли некој што ја нема бар еднаш чуено оваа песна? Добар дел од моето опкружување ја знаат од а до ш (плус минус некои деловите на Смилен). Рап химна на Македонија (океј може и Бонус Трака, ама оваа ви е подобра). Не знам рап песна што се пушта почесто по мејнстрим журки, родендени, дига атмосфера, општоприфатена е од сите, сите ја сакаат, нема хејтери.

"Од стиховна гимнастика до стиховна фискултура, Бог како Амон Ра со афро фризура. Одам по вода и не пропаѓам, mајка еднаш во векот ваков син раѓа. Од тука до плутон, do сонцето и назад, се ширам како сида или друг вид на зараза"

"Па направи место за најдобриот. Не знам кој е ама го гледам стално во огледало. Љубител на цицки и Брус Ли финти. Со микрофон во рака, бум, просто динамит"


12. Претставување 3 - Репрезент и историјат, по не знам кој пат Пикисипи влага со стих “Имам повеќе рими од ____“, во зависност од песната празното место се исполнува со различен стих.

13. Сафра - Ремек дело, третата од светото тројство на овој албум. Истиот опис важи како и за Фатаморгана и Скопска ситуација. Оваа е можеби и најбрутална и најотворена од сите.

“И после 6 века угнетување не се прашуваме дали сме жртва на заговор за уништување? Едни ни го грабат јазикот, а други името, Македонијо кој е татко на копилето?“

“Скандали, афери се се заборава пред избори, во 2.000.000 слепци едноокиот е водич. Во социјална држава платата е социјална помош, да издржиш до први - во круг да најдеш ќош. Во Европа само географски, стално под блокади, не третираат како да сме лебарки. Тестираат издржливост на балканското заморче, па ајде кажи дали те боли бре македонче?“

“Чекаш нова шанса да не продаваш гиро, ама знаеш резултати исти, си ги гледал често, сакаш било каде ама и таму нема место, па си жесток нема да молиш за својот надоместок, без милостина дали можеш сам до овој петок?“


Благодарам за сите кои ме исчитаа до крај, благодарност до САФ за албумот и за трите песни водилки кои ги оставија во него.
 
Последно уредено:
014. Љубојна - Brass Fantasy (2012, Бајро Закон Корпорејшн)

Ми се допаѓаат бендови што имаат стилска разноликост на музиката што ја изведуваат. Ми се допаѓа таа комбинација на звучни модели во различни созвучја. Ми се допаѓа и „Љубојна“. Ми се допаѓа топлата, чиста и разиграна боја ја гласот на Вера Милошевска.
Арно амаааааааааааааааааа,,,
Македонската музика е доволно богата и раскошна и нема апсолутно никаква потреба да се пренатрупува дополнително со цела лимена дувачка секција. Нема потреба од многу форсирање „брзалици“. Доволно е само мало „лежерно разигрување“.
Ми се допаднаа и „Филка мома“. „Крена мартината“.
„Мори чупи костурчанки“, „Твојте очи Лено“, единствено гласот на Вера може да ги донесе песниве, на сите останати треба да им се забрани да ги пеат овие 2 песни.

3,5/5
015. Леб и сол - Као какао (1987, Југотон-Загреб)
Као Какао“ се слуша строго на max volume :vozbud:

Албум снимен 1987 година и после 39 години делува толку моќно и свежо. Еден од топ 3 најдобри македонски рок албуми, во топ 5 најдобри Ех Ју рок албуми, макар што сосема нескромно албумов е „штоф“ за светско ниво. Ги има „Као какао“, „Скопје“ „Чудам ноч од будних“ (една од најдобрите балади). Ова е еден од бисерите на југословенската музичка продукција и дефинитивно едно големо капитално, антологиско дело.

5/5
 
035. Кирил Манчевски - Ајде сонце зајде (1975, PGP RTB)
3/5

Не е лошо ама не е Бадев, барем за мене, и многу тажни и спори му се песните, музиката е ептен позадинска, премногу доминира вокалот на некои песни.
Автоматски споено мислење:

Не име јасно по дома што е со миксовиве што ги слушам. После народно изворно иде рап.
036. САФ - Сафизам (2000, Lithium Records)
3.5/5

Никогаш не сум ги сакал рап песните кај што се рапува колку они се јаки рапери појаки од другите како нивниот рап е најак другите не ги бива па им се обраќа на другите лажни рапери и слично. Да немаше такви траки и поголема оцена ќе дадев.
Мис стон ја имаат уништено со рефренот уши ме заболеа во тие 15 сек.иначе топ.
Фатаморгана е ко да е завчера напишана, истата приказна која беше за нашите генерации пред 30 год. важи и за сега, толку назадуваме ко општество.
Скопска ситуација... исто само овде згрешиле..."Затишје пред бура следи акција" никаква акција влеговме у шемата ништо не променивме. станавме сите сооучесници.
За раце горе нема зборови можда и прва рап песна мејнстрим хит што стана со профи спот со се, врв.
 
Последно уредено:
035. Кирил Манчевски - Ајде сонце зајде (1975)
Мислам дека повеќе ми се допадна од Бадев. Но има многу различни песни што варираат. Некои би ги слушал на рипит, други едвај ги изгурав. Доајен на македонската народна музика, секако.

3/5




036. САФ - Сафизам (2000, Lithium Records)

Единствен минус на албумов е што е многу долг, како за рап албум. Инаку овде се наоѓаат 4 од можеби топ 10-15 мк рап песни. Фатамоегана, Скопска Ситуација, Сафра, Раце горе.
Овде најважен е текстот, битовите колку и да се добри, текстот си важи и денес. Вокално можеби не е баш добро, но тоа е специфичното и дава некоја посебна магија. Поделен сум за оценката.

4/5
 
036. САФ - Сафизам (2000, Lithium Records)

Да не ја тупам многу, ова беше послабо и од тој на Страјк. Едноставно - not my cup of tea и нема што да должам повеќе. 1/5

P.S. „Раце горе“ може е рап класика, ама една ластовичка не прави пролет. Ете, нека биде таа онаа за која не доби 0,5.
 
18.01.2026, пак со еден ден задоцнување, sorry за тоа, едноставно периодов не ми се сите овци на број и на гурање сум. :(

1768764347938.png

037. Калиопи - Ако денот ми е ноќ (2001, Kaliopi Music Production)

1768764463211.png
Калиопи Букле
(родена како: Калиопи Буклеска) — позната и истакната македонскa уметничка, вокален изведувач, композитор и текстописец од влашка народност. Во својата татковина често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп-музика. Таа е доста позната на поранешните југословенски простори каде врвот на кариерата го достигнала во осумдесеттите. Во Македонија, таа важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп-музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид, а детството го поминала во Кичево. Татко ѝ е со влашко, а мајка ѝ со македонско потекло, но Калиопи не го зборува влашкиот јазик. Ќе биде запаметена по победата на едно од првите изданија на детскиот музички фестивал Златно Славејче, во 1976 година, со песната Мојата учителка. Потоа, Калиопи го продолжува својот пат кон славата преку учеството во хорот на Запро Запров Развигорче, со кој учествува на бројни турнеи во Чехословачка, Словенија, Австрија, во периодот од 1978 до 1980. Се приклучува во класата на Марија Николовска и четири години изучува соло пеење. Соло пеењето ќе биде и нејзин академски избор со запишувањето на Музичката академија во 1984, во класата на Благоја Николовски. Калиопи освоила трето место на Југословенскиот натпревар во соло пеење во 1984, каде настапила како најмлад пејач на класична музика.

Својата посериозна музичка кариера ја започнала во бендот Калиопи, заедно со нејзиниот поранешен сопруг, авторот Ромео Грил. Своите први две песни - Томи и Немој да ме будиш, бендот ги снима за Македонското радио. Во почетокот, групата била ориентирана кон реализација на повеќе фестивалски настапи со цел успешно да се промовира на широкиот југословенски музички пазар. Првиот успешен сејугословенски хит кој произлезе од работата на оваа група беше Лео, чиј автор е познатиот македонски композитор Глигор Копров. Со оваа песна, на фестивалот Опатија во 1985 година, Калиопи ја добива наградата за најдобра интерпретација од страна на акредитираните југословенски новинари. Истата година, групата го добива првото место на Видео спот фестивал со песната Лето е авантура. Исто така, тие беа претставници на Југославија на Меѓународниот средоземен фестивал во Тунис, каде освојуваат второ место.

Следната година, бендот го објавува својот прв албум со назив Калиопи. Истата година учествува и на реномираниот Сплитски фестивал со песната Da more zna и добива награда за најдобар деби-изведувач на фестивалот, а самата песна е прогласена за една од најслушаните. Во 1986, групата повторно добива прва награда на Видео спот фестивал со песната Остани во мене.

Вториот албум Rodjeni излегува во 1987 година. Албумот се снима во Загреб и содржи девет дотогаш необјавени песни, меѓу кои и југословенскиот мегахит Bato (Rodzeni) на кој денес се гледа како еден од апсолутно најголемите хитови во рамките на поранешната Југославија. За неа е снимен и музички спот, режиран од Антон Марти. Останати големи хитови од времето на групата Калиопи се: Kofer ljubavi, Ostani u meni, Nebo mi sja, Bolero Lora... После тоа следуваат голем број настапи,програми ширум целиот простор на поранешна Југославија, а и голема концертна турнеја во тогашниот Советски Сојуз.Овој период од кариерата на Калиопи беше обележан со бројни награди меѓу кои: награда "Млад Борец" (1986), награда на "Вечер" за најпопуларно ТВ лице (1986), награда на "Нова Македонија" за најдобар изведувач (1986), награда на "Екран", за најдобар поп пејач во СФРЈ и Македонија (1986) и други.

По успешната промоција на многубројните фестивали, бендот објавува дека повеќе нема да има национални фестивалски учества. Единствен исклучок беше Југословенскиот Евровизиски избор во 1988 година, каде се претставија со песната Емануел и освоија 10-то место.

Во време на својата најголема популарност, Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг и основач на групата, Ромео Грил, заминуваат во Швајцарија, со што групата се распаѓа и следи 10 годишна пауза и престанок на нивната активна музичка кариера, но сепак цело време се присутни на електронските медиуми во Македонија со своите дотогаш снимени аудио и видео материјали. Од официјалниот распад на групата во 1988 година, Калиопи одржа само еден соло концерт во Универзалната сала, во декември 1988 година.

Калиопи во полн сјај се врати на македонската музичка естрада во 1996 година. Нејзиниот настап на Скопскиот фестивал со песната Само ти, за која освои Grand Prix, беше најава за големиот come back на естрадата.Македонската забавна музика во тој период продукциски сѐ уште беше во зародиш, па враќањето на Калиопи означуваше голем чекор напред во тој правец. Таа година, Калиопи како победник на фестивалот од кој се одбира македонскиот претставник на Песна на Евровизија, требаше да ја претставува Македонија на овој избор, меѓутоа поради наметнати контроверзни правила во полуфиналето, таа не успеа да се претстави на евровизиската сцена.

Во 1997 година, Калиопи освои Grand prix на фестивалот за забавни мелодии Еврофест, со песната Не плачи. Следната година, таа повторно учествуваше на македонскиот избор за Песна на Евровизија, со песната Не заборавај и заврши на 9 место.

Во декември 1998 година, Калиопи го објави својот прв соло албум (а трет во целокупната кариерата) Обои ме. Албумот беше снимен во Базел, Швајцарија и предизвика вистинска еуфорија во Македонија. Овој албум успеа да придобие генерациски различни почитувачи на Калиопи, бидејќи понуди нови и автентични песни, кои наидоа на широк прием кај публиката. Песната Обои ме прерасна во огромен хит, кој високо котираше на сите топ листи. Во хитови прераснаа и песните: Дај да пијам, Не плачи, Черги, Азија... Подоцна, во едно свое интервју за дневниот весник Вест, Калиопи ќе изјави: Свесна сум дека "Обои ме" беше албум кој се случи во вистинско време, вистински албум за кам бек. Македонската телевизија снима специјална емисија во која Калиопи презентира видео верзии на сите песни од албумот Обои ме.

Во овој период, Калиопи го круниса својот успех со неколку освоени награди: Буба Мара за најдобра пејачка за 1999 и 2000, како и 12 Величествени за најдобра пејачка и најдобар албум (Обои ме) за 1999 и 2000 година. Во јануари 2000 година Калиопи ја започнува својата промотивна турнеја и го пушти новиот сингл од албумот Дај да пијам, заедно со видео спот. Истата година, таа основа своја сопствена продукциска куќа - Kaliopi Music Production, која се занимава исклучиво со проекти врзани со работата на Калиопи. Во остатокот од 2000 година, таа имаше и летна турнеја, а почна да го подготвува својот втор соло албум.

На почетокот на 2001 година, Калиопи официјално го објави својот втор албум и соработката со продуцентот, аранжер и композитор Дарко Димитров. Албумот го носи насловот Ако денот ми е ноќ и содржи 10 композиции на нејзин текст и музика и една бонус песна - преработка на старата македонска народна песна Сношти минав покрај вази. Овој албум беше полн погодок за Калиопи. На него се најдоа вонсериски композиции кои веднаш станаа апсолутни хитови: носечката Ако денот ми е ноќ, Дали ме сакаш, Месечина, За само еден ден, На пат до Македонија...

Со издавањето на нејзиниот втор соло албум се совпадна и документарниот филм Повторно Калиопи, во продукција на Македонската Телевизија, кој се емитуваше во јуни. Во јули 2001 година, Калиопи одржа unplugged концерт во античкиот амфитеатар на Хераклеја, Битола. На концертот беа присутни околу 4000 луѓе. Концертот го започна со традиционалната Сношти минав покрај вази, а потоа следеа сите нејзини хитови, кои таа ги пееше заедно со публиката.

ЛИНКОВИ ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ:
1768764643517.png 1768764669686.png
 
037. Калиопи - Ако денот ми е ноќ (2001, Kaliopi Music Production
3/5

Ако денот ми е ноќ, топ песна со убав текст, Калиопи е феноменален вокал тука нема многу што ја да објаснувам.
Дали ме сакаш- убаво поп хитче беше а и сеуште се слуша, спотот се сеќавам интересен истотака беше.
За само еден ден- малце подзаборавена песна, баш убаво ми дојде сега се потсетив, знам и коа искочи ми се допаѓаше, малце некои фолк елементи има али убаво склопено.
Следните песни се малце послаби затоа и целокупната оцена е 3ка али секако не се лоши.
На пат до Македонија е ОК али генерално такви песни не ми се омилени, ко нарачани за политичка кампања ми се.
и за крај ја преслушав бонус уште еднаш ако денот ми е ноќ во живо... и стварно феноменална е песната моќна не остава мислам никој рамнодушен.
 
037. Калиопи - Ако денот ми е ноќ (2001, Kaliopi Music Production)

Три добри песнички од кои една („Дали ме сакаш“) мислам дека ја има прегазено забот на времето. И останатите - прв пат ги слушам, ама сите до една meh. 3/5
 
21.01.2026, 38 албум.

1768998486227.png

038. Меморија - Октомвриски дождови (1991, РТС)

1768998589120.png

Октомвриски дождови“ — вториот студиски албум на македонската музичка група Меморија, објавен во јануари 1991 година преку Радио и телевизија Скопје.

Меморија — македонска музичка група основана во 1984 година. Во почетокот свиреле поп-рок. Основачи на групата се гитаристот Душан Трпковски - Ринго и Петар Георгиевски - Камиказа и Димитар Богданов (свирел бас гитара).[1]

Во првите години од работата групата често ги менуваше членовите, но со демо албумот отпеан со првиот вокал Зоран Или-Зоци излегува и хитот „Нена". Подоцна имаат концерти во Скопје. Ринго и Зоран ја напуштаат Меморија и со нови членови се снима деби студискиот албум Оган под ѕвездите. Групата го снимила во состав: Апостол Поце Икономов (вокал), Георгиевски (бас), Антонио Димитриевски (тапани), Дејан Кузмановски и Валентино Скендеровски (клавијатури), Ицо Јовковски и Бане Поповиќ (гитари). Продукцијата беше на Валентино Скендеровски кој по кратката работа со Леб и сол се вратил во групата. Ова беше првиот студиски албум кој го објави Музичката и касетна продукција на Радио Телевизија Скопје (МКП РТС или сегашна МКП МРТ).

На следната плоча Октомвриски дождови ја објавија обработката на песната „Македонија“ од репертоарот на групата Тајм и Дадо Топиќ. Концертната плоча ја снимаат на 27 октомври 1991 година во скопскиот ноќен клуб „Хард рок“. По смената на вокалистот (на местото на Поце запеа Ристо Самарџиев) Меморија направи неколку снимки на старите песни. Темите: „Дирлада“, „Дек' си бе цимер“ (од репертоарот на групата Пеницилин) кои беа дел од нивниот последен студиски албум - Меморија 5.

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 
016. Архангел - Архангел 2 (1993, МРТ)

Со еден збор - феноменално. Синоним за македонска рок музика. Ова е архетип како треба да изгледа еден рок бенд.
Убави и силни текстови, музика која се надоградува со секој нов акорд, една енергија која се чувствува. Секоја песна е еден посебен „чудесен свет“, посебна приказна, посебен хит.
Вртев откако замина во некои „политички“ глупости, го гледам со други очи, ама тоа не го менува фактот дека Архангел 2 е еден од најдобрите албуми на македонската музичка сцена.

5/5

017. Меморија - Оган под ѕвездите (1989, РТС (as of: Радио Телевизија Скопје))


Оган под ѕвездите го носи албумов. Останатото онака просечно.
Заслужено место на листава затоа што е првиот македонски албум, со македонска продукција. Слушајќи ги вака албумиве, се чувствувам ко да пловам низ некој музички времеплов. Интересно искуство, веќе слушани албуми, поинаку ги доживуваме кога сме биле тинејџери, поинаку ги доживуваме сега.

3/5

018. Каролина Гочева - Знаеш колку вредам (2003, Авалон продукција / Сити Рекордс)


Неспорни се гласовните можности на Каролинчево, ама нејзината ладност што ја зрачи не ми се допаѓа, некоја чудна „недопирлива“. Жена без шарм, без харизма, без топлина. Налет што е ред коски ред промаја. Сепак сочна праска е подобро од сува слива :icon_mrgr: :pos:
„Знаеш колку вредам“, „Штом сакаш“ и тоа е тоа. Просечни тра ла ла песнички кои не ми оставија некаков впечаток.
„Македонско девојче“ и двојката ми се сосема друга приказна.

3/5
 
18.01.2026, пак со еден ден задоцнување, sorry за тоа, едноставно периодов не ми се сите овци на број и на гурање сум. :(


037. Калиопи - Ако денот ми е ноќ (2001, Kaliopi Music Production)

Прегледај го приврзокот 467219
Калиопи Букле
(родена како: Калиопи Буклеска) — позната и истакната македонскa уметничка, вокален изведувач, композитор и текстописец од влашка народност. Во својата татковина често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп-музика. Таа е доста позната на поранешните југословенски простори каде врвот на кариерата го достигнала во осумдесеттите. Во Македонија, таа важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп-музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид, а детството го поминала во Кичево. Татко ѝ е со влашко, а мајка ѝ со македонско потекло, но Калиопи не го зборува влашкиот јазик. Ќе биде запаметена по победата на едно од првите изданија на детскиот музички фестивал Златно Славејче, во 1976 година, со песната Мојата учителка. Потоа, Калиопи го продолжува својот пат кон славата преку учеството во хорот на Запро Запров Развигорче, со кој учествува на бројни турнеи во Чехословачка, Словенија, Австрија, во периодот од 1978 до 1980. Се приклучува во класата на Марија Николовска и четири години изучува соло пеење. Соло пеењето ќе биде и нејзин академски избор со запишувањето на Музичката академија во 1984, во класата на Благоја Николовски. Калиопи освоила трето место на Југословенскиот натпревар во соло пеење во 1984, каде настапила како најмлад пејач на класична музика.

Својата посериозна музичка кариера ја започнала во бендот Калиопи, заедно со нејзиниот поранешен сопруг, авторот Ромео Грил. Своите први две песни - Томи и Немој да ме будиш, бендот ги снима за Македонското радио. Во почетокот, групата била ориентирана кон реализација на повеќе фестивалски настапи со цел успешно да се промовира на широкиот југословенски музички пазар. Првиот успешен сејугословенски хит кој произлезе од работата на оваа група беше Лео, чиј автор е познатиот македонски композитор Глигор Копров. Со оваа песна, на фестивалот Опатија во 1985 година, Калиопи ја добива наградата за најдобра интерпретација од страна на акредитираните југословенски новинари. Истата година, групата го добива првото место на Видео спот фестивал со песната Лето е авантура. Исто така, тие беа претставници на Југославија на Меѓународниот средоземен фестивал во Тунис, каде освојуваат второ место.

Следната година, бендот го објавува својот прв албум со назив Калиопи. Истата година учествува и на реномираниот Сплитски фестивал со песната Da more zna и добива награда за најдобар деби-изведувач на фестивалот, а самата песна е прогласена за една од најслушаните. Во 1986, групата повторно добива прва награда на Видео спот фестивал со песната Остани во мене.

Вториот албум Rodjeni излегува во 1987 година. Албумот се снима во Загреб и содржи девет дотогаш необјавени песни, меѓу кои и југословенскиот мегахит Bato (Rodzeni) на кој денес се гледа како еден од апсолутно најголемите хитови во рамките на поранешната Југославија. За неа е снимен и музички спот, режиран од Антон Марти. Останати големи хитови од времето на групата Калиопи се: Kofer ljubavi, Ostani u meni, Nebo mi sja, Bolero Lora... После тоа следуваат голем број настапи,програми ширум целиот простор на поранешна Југославија, а и голема концертна турнеја во тогашниот Советски Сојуз.Овој период од кариерата на Калиопи беше обележан со бројни награди меѓу кои: награда "Млад Борец" (1986), награда на "Вечер" за најпопуларно ТВ лице (1986), награда на "Нова Македонија" за најдобар изведувач (1986), награда на "Екран", за најдобар поп пејач во СФРЈ и Македонија (1986) и други.

По успешната промоција на многубројните фестивали, бендот објавува дека повеќе нема да има национални фестивалски учества. Единствен исклучок беше Југословенскиот Евровизиски избор во 1988 година, каде се претставија со песната Емануел и освоија 10-то место.

Во време на својата најголема популарност, Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг и основач на групата, Ромео Грил, заминуваат во Швајцарија, со што групата се распаѓа и следи 10 годишна пауза и престанок на нивната активна музичка кариера, но сепак цело време се присутни на електронските медиуми во Македонија со своите дотогаш снимени аудио и видео материјали. Од официјалниот распад на групата во 1988 година, Калиопи одржа само еден соло концерт во Универзалната сала, во декември 1988 година.

Калиопи во полн сјај се врати на македонската музичка естрада во 1996 година. Нејзиниот настап на Скопскиот фестивал со песната Само ти, за која освои Grand Prix, беше најава за големиот come back на естрадата.Македонската забавна музика во тој период продукциски сѐ уште беше во зародиш, па враќањето на Калиопи означуваше голем чекор напред во тој правец. Таа година, Калиопи како победник на фестивалот од кој се одбира македонскиот претставник на Песна на Евровизија, требаше да ја претставува Македонија на овој избор, меѓутоа поради наметнати контроверзни правила во полуфиналето, таа не успеа да се претстави на евровизиската сцена.

Во 1997 година, Калиопи освои Grand prix на фестивалот за забавни мелодии Еврофест, со песната Не плачи. Следната година, таа повторно учествуваше на македонскиот избор за Песна на Евровизија, со песната Не заборавај и заврши на 9 место.

Во декември 1998 година, Калиопи го објави својот прв соло албум (а трет во целокупната кариерата) Обои ме. Албумот беше снимен во Базел, Швајцарија и предизвика вистинска еуфорија во Македонија. Овој албум успеа да придобие генерациски различни почитувачи на Калиопи, бидејќи понуди нови и автентични песни, кои наидоа на широк прием кај публиката. Песната Обои ме прерасна во огромен хит, кој високо котираше на сите топ листи. Во хитови прераснаа и песните: Дај да пијам, Не плачи, Черги, Азија... Подоцна, во едно свое интервју за дневниот весник Вест, Калиопи ќе изјави: Свесна сум дека "Обои ме" беше албум кој се случи во вистинско време, вистински албум за кам бек. Македонската телевизија снима специјална емисија во која Калиопи презентира видео верзии на сите песни од албумот Обои ме.

Во овој период, Калиопи го круниса својот успех со неколку освоени награди: Буба Мара за најдобра пејачка за 1999 и 2000, како и 12 Величествени за најдобра пејачка и најдобар албум (Обои ме) за 1999 и 2000 година. Во јануари 2000 година Калиопи ја започнува својата промотивна турнеја и го пушти новиот сингл од албумот Дај да пијам, заедно со видео спот. Истата година, таа основа своја сопствена продукциска куќа - Kaliopi Music Production, која се занимава исклучиво со проекти врзани со работата на Калиопи. Во остатокот од 2000 година, таа имаше и летна турнеја, а почна да го подготвува својот втор соло албум.

На почетокот на 2001 година, Калиопи официјално го објави својот втор албум и соработката со продуцентот, аранжер и композитор Дарко Димитров. Албумот го носи насловот Ако денот ми е ноќ и содржи 10 композиции на нејзин текст и музика и една бонус песна - преработка на старата македонска народна песна Сношти минав покрај вази. Овој албум беше полн погодок за Калиопи. На него се најдоа вонсериски композиции кои веднаш станаа апсолутни хитови: носечката Ако денот ми е ноќ, Дали ме сакаш, Месечина, За само еден ден, На пат до Македонија...

Со издавањето на нејзиниот втор соло албум се совпадна и документарниот филм Повторно Калиопи, во продукција на Македонската Телевизија, кој се емитуваше во јуни. Во јули 2001 година, Калиопи одржа unplugged концерт во античкиот амфитеатар на Хераклеја, Битола. На концертот беа присутни околу 4000 луѓе. Концертот го започна со традиционалната Сношти минав покрај вази, а потоа следеа сите нејзини хитови, кои таа ги пееше заедно со публиката.

ЛИНКОВИ ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ:
Прегледај го приврзокот 467220 Прегледај го приврзокот 467221
Каде да ја најдам песната Томи од Калиопи?
 
019. Тоше Проески - Ден за нас (2004)

Албум кој содржи песни кои држат лекција за вокална дисциплина, емоционално длабоки лирики, со широк уметнички опсег, безвременските „Има ли ден за нас“, „Чија си“, „Го лажам секој нов рефрен“. А од друга страна песнички ко „Парче од Европа“, „Далеку од мене“.

„Ѕвездо севернице, дај ми крила да се вивнам
и во твоите небески царства јас да пристигнам
Од таму да видам дал крај пенџере
мила коси чешла ветерот дури лик ѝ милува.“

„Ѕвездо севернице“ на Симон Трпчески ми е underrated песна.

4,5/5

020. Кирил Џајковски - Religion & Sex (2001, Трето уво)


Џајковски е со причина еден од најпознатите електронски музичари кај нас, а и во регионов. Лик кој од андерграунд сцената скокна во светскиот музички мејнстрим. Пионер во воведувањето на етно звуците во електрониката и баш уживам да го слушам тоа комбо на тие македонски етно елементи со современата електроника. Кавал, кларинет и електроника, лудницаааа:love:
Стилски содржи многу денс, даб, амбиентална музика, а тука е и „Sweet darkness of solitude“ со Вања Лазарова
Албум со заслужено место на листава.

5/5

21. Вања Лазарова - Ритмистика (2000, Трето уво)


Еден од најубавите албуми во македонската музика воопшто. Ова не е само албум, ова е албумиште со сите суперлативи за него.
Чиста поезија, маестрална вокална интерпретација, преубави инструментални солажи, електронска симфонија со македонски мелос. Одличен спој на современото и традиционалното, спој на модерното и народното. Вистинско ремек дело. Вања има таков милозвучен , топол, пригушен, нежен, кадифен глас, глас што плени и разгалува во исто време.
Посебно ми се допаднаа трип - хопичната „Стојне бре моме кочанско“ на Џајковски, “Прошета се Јовка Кумановка“, „Многу ми го фалат бабо“,
„Ми товарил калеш Дончо“е совршенство спакувано во 1 минута и 32 секунди.
Ова е еден од оние албуми, додека ги слушаш си горд на твоите македонски корени, албуми и музика што би ги препорачала на странец за да слушне квалитетна македонска музика, албум кој претставува вистинско национално богатство кое треба да го чуваме, затоа што не претставува нас како МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИ.

5/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom