123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ

033. Каролина Гочева - Македонско девојче 2 (2016)

Женава почесто треба да вади песни. Уживање. Синоќа го слушав додека возев на дожд, се пренесов во друга димензија. Никогаш до сега ја немав сврзувано “Кој да ми запее” со личност, но после синоќешното слушање нема како, а песнава веќе да ми биде спомен за прерано почината роднина. Секогаш ќе се потсеќам на неа со песнава.
Немам што да додадам друго, се е кажано.

4/5
 
005. Бодан Арсовски - Endless View (1995)

Поприлично сум слаба на македонската музика и не верувам дека ќе сум крајно објективна, затоа што ја доживувам поинаку. Иако стојам на ставот дека македонската музика не е во ништо полоша од останатите и дека и ние имаме со што да се пофалиме.

Албумов сум го слушала многупати и секое ново слушање го доживувам со восхит. Едноставно ме опушта. Вистинско уживање, прав релакс моде :love:
Со право го носи епитетот „еден од најдобрите македонски албуми“. Микс од различни стилови, спакувани во прекрасна амбиентална музика. Кавалот и гајдата на Пеце Атанасовски дава посебен шмек. Ситна Лиса, Писмо до тебе, Изгрејсонце Недоглед и Дар според мене се маестрални дела. Совршен албум за опуштање после напоред работен ден или одлично дело за возење на долги релации, посебно ноќно возење:icon_mrgr:
„Недоглед“ е едно навистина потценето дело.

5/5

006. Суперхикс - Чекај Бе, Викам... Каде Бе, Малку!


Бендов ми зрачи со позитивна енергија, ска-реге - панк став и неверојатна разиграност. Препознатлив карактеристичен звук со понекогаш малку „чудни“ лесни текстови. Оптими-ска и Раде го возат албумов.
Сума, сумарум 3/5 ќе е доволно објективно.
 
034. Нокаут - Нокаут (1998)

Уф како ме разочара албумов. Освен Би се викал те сакам другото е под просек. Тешко, тешко за слушање. Најверојатно кога излегол било хит, ама ги прегазило времето.

2.5/5
 
Нокаут - Нокаут 2.5/5

До последен момент се мислев дали 2.5 или 3 да ставам, ама навистина има многу несериозни песни и би било неправедно да дадам 3 тука, па ова ќе е редок случај да одам со пониската оцена, ама мислам дека е праведно.

Фатална опсесија - Оваа е една од песните од албумот која се пее до ден денес, по концерти, на свирки ја свират кавер бендови. Никогаш не ми се допаѓала нешто посебно, ама има и многу поглупи песни на Нокаут. Генерално Нокаут има добри балади кои ми се драги како Лебедот бел, но овие диско брзиве (кои претежно ако не и сите се крадени), навистина не ми се допаѓаат. Рефренот ми е особено доста глупав тука, тоа сецкање на зборови во рефрен ич не ми се допадна, океј е текстот во строфите измеѓу рефренот, стиховите со Цезар, Шекспир итн.
Бум - Песнава е тежок промашај, пробав нешто да и најдам добро, ама не успеав. Ова е некоја песна во Нови Дечки стил, воопшто не ми се допадна.
Ел мамбо - Ова пак е Ристо бомбата стил... Што да се каже, тотално несериозна песна, непевлива, неслушлива, глупирање кое до некаде може да се оправда кога ќе се види колку години имале тогаш.
Би се викал те сакам - Најдобра песна во албумот, топ3 песни на Нокаут до ден денес. Песна без која не може да помине некој нивни концерт, особено ако е unplugged.
Тарас буљба - Ова на Студени Нозе ме потсети дури. Не ми се допаѓа, ритамот сличен ми е како Фатална Опсесија, може и врска си нема ама така ми звучи. Текстот е преглуп, ама најмногу не ми се допаѓа начинов на пеење/рецитирање, како пијан човек, па на моменти ќе издолжуваме зборови, на моменти ќе се лигавиме, смееме, ќе викаме како на трибина, како некое демо да си имале на заебанција па си го уфрлиле во албум. А пола во албумов им се такви “демо на заебанција“ квалитет песни.
Ти си луд - Оваа ми е подобра од минатата, не ми се допаѓа, ама е послушлива, рефренот е каде каде попевлив.
Еј Би Си - Оваа сигурно е крадена, познат е и оригиналот. Има и навивачка верзија од песнава. Можеби нивна најпозната песна или барем во топ3. Отсекогаш ми сметале неартикулираните звуци после рефренот, лаења на кучиња итн. Текстот е доста глупав, ама па рефренот е заразен, ритамот краден е интересен и целата песна лесно влага во уво и е певлива. Меѓу подобрите на албумот е реално.
Временска машина - И оваа е меѓу најпознатите на албумот. Уште една песна од категорија побрзи песни за журка, диско ритам. Тежок просек е, ама се носи добро со времето, уште се врти на сите забави, рефренот е певлив, ритамот заразен, може да се каже и за неа дека е меѓу подобрите од албумот.
Сина светлина - Не е лоша оваа песна, доста е и заборавена и потценета. Не дека е нешто посебно добра, ама имаат поглупи попознати песни. Инструменталката ми е супер. Скроз ми е непотребно стенкањето на крајот. “Ми треба нешто вакво зошто памет не ми доаѓа“
Ни лук јал ни лук мирисал - Оваа е претходникот на “Телефонскиот број не постои“ значи. Не ми се допаѓа, не ми задоволуа доволно категории ова да е песна, ќе ја ставам во иста категорија со многуте прдешки заебанции песни.
Нокаут - Ептен лошо почна, уши да те заболат. После малку се подоправи, па на “рефренот“ т.е. скандирањата Нокаут, пак ми беше лоша. Горе доле уште една лоша песна од албумот.
Дождот - Подобра е од повеќето други песни на албумот. Уште една потценета песна од албумот. Имам замерки во пеењето на рефренот, а страшен потенцијал има со целиот сетап, добар е текстот и музичката прогресија ми се допадна. Во горна половина на албумот е секако оваа.
 
Последно уредено:
Најпреценет бенд, лоши плагијатори. Не заслужуваат да бидат на ваква листа. 0.5 поени еептен дека како дете ми се допаѓаше временска машина, иако истата е плагијат на песната Септември.

1.5/5
 
034. Нокаут - Нокаут (1998, МЕИ Макфест / Буба Мара Продукција)

Стварно лош албум! Само „Би се викал те сакам“ и „Дождот“ вредат. И тоа не да вредат, двете се неверојатно добри песни! Останатите - сите украдени и најголем дел лоши. Ова дефинитивно најмногу го има прегазено забот на времето. Ништо од ова не би било хит денес. Малце удира на носталгија, ама ништо не толку многу за да ме натера да дадам оценка плус како што често правам на основа на стари сеќавања. Ова реално е некој просек 2,5/5 и ништо повеќе од тоа.
 
10.01.2026, 35 албум:

1768080239364.png

035. Кирил Манчевски - Ајде сонце зајде (1975, PGP RTB)

1768080260717.png

Кирил Манчевски (Броштица, 8 ноември 1935 - 8 август 1974 ) ― еден од великаните на градската, лирска народна песна. Роден е во Броштица, Дебарско. Иако по занимање всушност бил металски работник, во текот на неговиот кус живот тој и се посветил на народната песна која била неговиот најверен сопатник. Како човек бил едноставен и искрен, исклучително духовит, вистински професионалец - велат за него оние кои го имаа задоволството лично да го познаваат. Неговиот музички талент е откриен во 1950-тите години. Оттогаш тој стана и сценски презентатор на народната песна, во и надвор од Македонија. Заедно со разните македонски фолклорни ансамбли тој имал можност да ја отвори својата „лирска душа“ и на светската јавност, која е љубител на македонските музички бисери. Најчесто настапувал како солист, а многу ретко во дует. Неговиот репертоар ги вклучувал најубавите бисери на македонската староградска музика. Меѓу нив, доминантно место имаат лирските песни, со поетски стихови и широко распеани мелодии, но и печалбарските, патриотските и други. Тој изградил единствен интерпретаторски стил, кој се одликува со широки и богати мелизми, вкусни и издржани каденци, карактеристнични и особено прецизни мелодиски орнаменти. Колку само внимателно, преполн со емоции, гази по секој од тоновите на мелодијата! Неговиот глас ѕвони во бавните и широки, рубато песни, од кои блика сиот лиризам на срцето. Долгите издржано каденци на крајот како да се претопуваат во тишината, толку природно и нежно, како снегулката што при допирот со дланката се топи и исчезнува.

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 
После одмор и празнициве се враќаме на слушање мк музика. ;)
030. Суперхикс - Африка (2012, MTV.RS)
2.5/5

Како и доста други албуми и овој не старее баш убаво, мада и кога излезе веќе почнаа да ми здосадуваат Суперхикс бидејќи немаа нешто ново да понидат се како да им се повторува истиот ритам. Во текстовите имаат некоја идеа сакаат некоја порака да пренесат да кажат нешто ама не е тоа некако рафинирано склопено убаво.
Скок, Африка и На Лута рана се истакнуваат на овој албум затоа и стигнаа до оцена 2.5 другите им се досадни.
Автоматски споено мислење:

031. Чиста околина - Новиот аспект на старата школа (1996, P.N.G.T Snimki / 2000, Lithium Records
Не обожувам рап али има доста рап албуми кои си ги преслушувам и ми се допаѓаат али овој не е еден од нив. Изморена авангарда н.пр. им е 100 пати подобар.
Овде звукот им е ептен бејзик досаден вртат рими некако безврска. И самиот факт што ниедна нумера од албумов не постанала хит и не се слуша па дури и меѓу луѓе што слушаат рап говори за квалитетот на ова издание. Можда е на некој начин револуционерно за тој период али од оваа гледна точка едноставно албум со лош квалитет по секој параметр.
1.5/5
Автоматски споено мислење:

032. Врчак - Како да побегнам од сe (1999, Авалон продукција
Као млад коа се појави Врчак не го сакав и не ми беше интересен никогаш али па после него какви се се имаат појавено сега и не звучи толку лошо. Интересно како се прокламира како рапер(тогаш) а уствари мак поп со рецитирање стихови.
Песни кои би ги издвоил и би ги слушал и во други ситуации и ми се ок се Манастирски сон-можеби и најдобрата, Пред да заспијам-оваа и тогаш (пред 25 год.) ми беше омилена и ја знаев цела на памет плус ПС у позадина и со рефренот ептен ја креваат на друго ниво, и секако И повторно сам едноставно права песна во прав момент, мислам дека многу од тие генерации ја имаме искусено песнава во реален живот, не дека сега не се дрогираат али тогаш буквално гледавме комшии сооученици буквално ко на филмовине со шприц у вена заглавен стонира у школски или у парк, не може ни да го извади од коа ќе се вбризга, на скали пред влез буквално комшија се предозира и после 30 год. остануваат сликите неизбледени. Може не по музика аранжман али по текст една од топ мк песни која гаѓа директ.
3/5
 
Последно уредено:
033. Каролина Гочева - Македонско девојче 2 (2016, Авалон продукција)
Еден од најпрофесионалните албуми во Македонија евер, од продукција снимка аранжмани текстови гласот на Каролина па до промоција и достапност на истиот секаде со синхронизирани текстови на спотифај, еден комплетен производ кои треба да е репер за секој кои во иднина би сакал да снима музика.
Веќе поречите од мене доволно кажаа за албумов јас само ќе кажам дека со некоја чашка ракија секогаш уживам во овој албум и си го пуштам уживам така ќе е и денес, ми тргна денот ќе го завршам со ракиичка и албумов.
4.5/5
 

Attachments

  • IMG_20251127_195820.jpg
    IMG_20251127_195820.jpg
    1,7 MB · Прегледи: 5
Последно уредено:
007. DNK - Кажано е се (2010, Продукција Република)
„Со солзи во очите ѕвездени заплачи за мене ти.“

Албумов го преслушав со многу измешани чувства. Ми беше навистина тежок за слушање.:( Толку познати песни од времето, толку спомени.
„Пази дете“ им е макси сингл, а „Кажано е се“ е нивниот деби албум, каде што се чувствува влијанието на продуцентот Врчак.
Реална оценка би била 3, арно амааааааа малку субјективно ќе му дадам 4 затоа што сметам дека е еден од оние пионерски и влијателни албуми кој што имаат голем допринос во развојот на македонската музика и сосема заслужено се наоѓаат на оваа „123 македонски албуми“.

4/5

008. Леб и Сол - Леб и Сол (1978, PGP RTB)

Доколку треба со еден збор да ја опишам групава, тоа би било - Безвременски. Светско, а наше, во права смисла на зборот.
Џез-рокот е баш my cup of tea. Албумов го слушав рано наутро и баш ме наполни со енергија, вистинско уживање. „Деветка“, „Дамар“, „Кокошка“, „Ја нисам твој“ се маестрални дела.
Единствена замерка имам на вокалот на Стефановски. Свири друже, на гитара си врвен, на микрофон си премлак.
Сепак,,,

5/5
009. Дуке Бојаџиев - To the Hilt (Original Motion Picture Soundtrack) (2014, GAEA Music)


„Ги чувствувам твоите мисли,
и твојот глас тих ко шепот“
слушам кај ѕвони, дал’ солзи рони,
ил’ љубов сонува, нестварна?

Како може да му се најде замерка на ваков албум?:love:
Пред неколку години Дуке имаше преубав концерт во Охрид на сцената „Долни Сарај“ на Охридско лето и навистина концертот беше светски и спектакларен. Бојаџиев е уметник со светско реноме и интернационална кариера, а албумов ми е баш пријатен за слушање, спој на филмска, класична и изворна музика.
Инаку магичниот глас на Крсте Роџевски за прв пат се појавува во 2008 на „Love is the way“ на Дуке Бојаџиев. Тогаш ја испеа култната „Еден бакнеж“. Истата подоцна беше тема во филмот „Сенки“ на Манчевски.

4/5
 
010. Ефто Пупиновски - Вишен галебе (1987, ZKP RTVL)

Дел од песниве прв пат ги слушам („Песна за животот“, „Кое сонце те угрева“, „Замисли душо“, „Ти си вечна“) и ми се допаднаа. Добри текстови, одлична интерпретација, емоција која ја пресликува на слушателот, мил и мек вокал, карактеристична боја на глас.
„Еднаш од срце се љуби“ - песнава не сум ја слушнала 100 години, арно ама мојов мозок складира текстови без да сакам, па штом почна текстот, само ми светна „сијаличката“, ја знаев на памет цела :icon_mrgr:
„Лихнида кајче веслаше“ - автор на текстот е Мирослав Кузман од Охрид. Тој е автор и на „Туѓа си бескрајно“. „Лихнида кајче веслаше“ ја напишал без музика, на суво за 20 минути.
Генерално ми се допадна цел албум.

4/5
011. Тоше Проески - Синот божји (2000, Авалон продукција)


Дефинитивно не е во неговите најдобри албуми, арно ама тука се „Тајно моја“, „Немир“, „Во коси да ти спијам“, „Излажи ме“, „Илузија“. Лесни, певливи стихови, типичен Копров мјузик стајл. Ова е вториот албум на Тоше, сепак повеќе ми се допаѓаат неговите албуми подоцна, каде што доаѓа до израз неговиот вонсериски глас. Тоше слободно може да се вброи во групата на најдобри светски тенори.

4/5
 
035. Кирил Манчевски - Ајде сонце зајде (1975, PGP RTB)

Какво ежење! За мене Манчевски е најубавиот глас во македонската народна музика, ever! Насловната „Ајде сонце зајде“ е песна која не е ни тажна, ама секогаш, без исклучок плачам ко п***а на неа! Не знам зошто, едноставно солзите сами си тргнуваат, а кожата ко кокошка на колење. Неверојатен вокал! Напишал некој во коментар под некое од видеата: Кирил Манчевски го измислил блузот, во Македонија! И е потполно во право. Она што е блузот за југот од САД, тоа е Кирил Манчевски за македонската музика. Огромна, немерлива штета е што човеков починал на само 39 години. Којзнае уште што се имал да отпее во животот. Дури сега забележав дека и албумов, всушност, е издаден постхумно, што е навистина жално. Но, јас се надевам дека она што мене ми се случува во телото и душата на секое слушање на „Ајде сонце зајде“, ќе успеам некако да го пренесам на моите деца, ко вирус, ко болест, да ги заразам и нив. Така Кирил Манчевски ќе живее уште долго, нелколкукратно повеќе од што навистина живеел. Нека му е вечна слава!

:cuc: :cuc: :cuc:

Уште една 1000/5
 
14.01.2026, со еден ден задоцнување, 36 албум:

1768404915542.png

036. САФ - Сафизам (2000, Lithium Records)

1768405028859.png

Бендот „САФ“ е формиран во 1993 година од Смилен Димитров, Гоце Трпков и Митко Гатаровски. На почетокот, тие активно работеа на својот демо материјал, што ги направи едни од првите демо рап уметници кои беа претставени на музичкото радио „Канал 103“, во рамките на специјализираната хип-хоп радио емисија „Црна хроника“. Од 1993 до 1996 година работеа како демо бенд. Нивниот прв студиски запис, наречен „Мис Стон“, беше направен во 1996 година во студиото „Сајберспејс“. Песната постигна моментален успех на топ-листата „Розе Кадилак“ на Канал 103, избирајќи се за број еден од публиката и останувајќи таму долго време. Истото се случува и со следните снимки, „Стиховна Гимнастика“ и „Фатаморгана“.

Паралелно со студиската работа, бендот работеше и на своите настапи во живо. Првиот настап во живо се одржа на 26 јануари 1996 година во Битолa, на фестивалот „Без дрога“, на кој учествуваа домашни и бендови од соседните земји. Следниот настап е на фестивалот „Иднината на звукот на Скопје“ на 1 мај 1996 година во клубот „Дали“, каде што настапија и други значајни уметници од мaкедонската електронска сцена. Во 1997 година, бендот имаше чест да настапи на отворањето на фестивалот Скопско лето 97, заедно со почитувани уметници од домашната и странската сцена. Подоцна, во октомври, настапија на концертот организиран од Канал 103 по повод 103-тото издание на нивната програма „Кросроудс“, во студиото М1 на националната Македонска телевизија. Следува настапот на фестивалот „Трибал гејтеринг III“ на 12.12.1997 година во дискотеката „Парк“, претставувајќи уметници од мaкедонската електронска сцена. Меѓу поинтересните и поважните настани, се издвојува заедничкиот концерт со француската хип-хоп група „Monsieur Zoo“, кој се одржа по повод деновите на франкофонијата во Македонија, организиран од Центарот за културен развој на Франција во Македонија во март 1998 година.

Најважниот и најконтроверзниот настан за бендот се случи на 1 јуни 1998 година. Тоа беше првиот соло концерт на бендот, снимен од националната Македонска телевизија. Не беше, и сè уште не е, емитуван како што беше договорено поради предизборната атмосфера во Република Македонија во тоа време, најверојатно поради политичките импликации на текстот во нивната песна насловена како „Скопска ситуација“. Текстот беше објавен од двонеделното списание „Форум“ за време на целата врева околу настапот и цензурата.

Нивната концертна активност продолжува на 7 јуни, каде што настапуваат на големото финале на кошаркарскиот турнир „Adidas Streetball Challenge“ во Македонија. Последната емисија се одржа на 1 јули 1999 година, во рамките на кампањата на Македонскиот центар за меѓународна соработка за промоција на толеранцијата, насловена како „Чело е кога има се“. Активностите на членовите на групата ги надминуваат вообичаените концепти на чисто снимање и концертен ангажман на музичка група. Во 1996 година, во клубот „Пони“, се одржа првата континуирана серија хип-хоп забави, под организација на Митко Гатаровски, секоја сабота во текот на 1996 и 1997 година, каде за прв пат беше воведен „фристајл“ начинот на римување во живо.

Групата ја осмислува првата хип-хоп телевизиска емисија во Македонија наречена „Хипхоптеза“, водена од Митко Гатаровски, емитувана во текот на целата 1997 година на А1 телевизија. Во 1998 година, на радиото А1 започнува емитувањето на првата хоп-хоп радио емисија „Хипхоптеза“ што ќе ја покрие целата територија на Република Македонија. Продуцентскиот тим на „САФ“ работи и на продукција на материјал за други бендови од Македонската хип-хоп сцена, со цел да се подобри квалитетот на изданијата на сцената, а со тоа се обидува да ја прошири сцената и целата хип-хоп култура. Медиумското известување за бендот, покрај присуството на нивната музика во електронските медиуми, се манифестира и преку интервјуа дадени за Канал 103, Втората програма на националното Македонско радио, Канал Херц, и весниците „Млад борец“, „Студентски збор“ и „Град“. Снимен е и музички спот за песната со наслов „Сафари“, која во моментов претставува врв на домашната продукција на музички видеа во Македонија.

Групата е присутна и на интернет, преку сопствената веб-страница http://www.saf.com.mk, како и преку информативниот билтен за скопските клубови и уметници „Скопје клуб онлајн“, кој може да се најде на: http://www.skopjeonline.com.mk/skclubbing. Бендот работи на своите студиски изданија во текот на целиот овој период, што го донесе материјалот за нивниот прв албум, насловен „Сафизам“. На 19.01.2001 година е дефинитивно нивниот најважен настап, концертот за промоција на ЛП „Сафизам“ заедно со една од најеминентните хип-хоп екипи на сите времиња, групата „Дас Ефкс“ од Њујорк, кој беше организиран и промовиран од „Баланс“. На 22.12.2001 година, „Саф“ настапуваат во клубот К4 во Љубљана, Словенија, на меѓународниот фестивал „Стрит Експлозија“.

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 
Последно уредено:
012. Страјк - Земен рај (2015, Bootlegs Basement Lab / Suriken Records)

Пред извесно време една закоравена слушателка на турбофолк ми држеше говор дека љубителите на рап биле луѓе со АДХД синдром и егоисти, а резимето и беше дека тоа е музика за луѓе со оштетен слух :pos:
Не ми се објаснуваше дека рапот е еден посебен правец во музиката кој има една посебна симбиоза - парче душа преточена во музика и музика и текст преточен од се околу нас. Како и секој правец во музиката, некој ни се допаѓа повеќе, некој ни лежи помалку, некој не го слушаме воопшто и тоа е сосема легитимно и прашање на вкус.
Албумов е рап класика. Тука се „Правда“, „Носталгија“, „Засекогаш“, „Писмо“. Добри семплови, имам замерки на дел од текстовите, ама позитивните работи се повеќе од негативните. Ова е еден од албумите кои оставаат трага и место во македонската музичка рап историја.

4/5

013. Никола Бадев - Билјана платно белеше (1975, Diskos)


Годинава се навршуваат 50 години од смртта на Никола Бадев. Човекот што „тивко пеел, а далеку се слушал“.

Магичен, волшебен глас, кој со таква леснотија ги пее песните, да добиваш чувство дека ти везе некоја смирувачка приказна. Чисто пеење со одлична дикција, издржани завршни слогови/фрази, исклучителен сензибилитет. Нема дерење, нема завивање и глупави трилери каде треба и не треба. Ова е чиста македонска народна музика. Имаме украси, ама немаме трилери (карактеристични за босанската и српската музика), во македонската народна музика (и во класичната музика исто) нема трилер.
Прв пат ја слушав песната „Јанке, ле Јанке убава“, останатите веќе добро познати.
Никола Бадев е музичка легенда, великан и синоним за македонската народна песна, човек кој оставил неизбришливи траги, надополнувајќи го нашето културно наследство. Неговата музика е музика за уживање.:love:

10/5

Планирав да го слушам и албумот на „Љубојна“, ама после Бадев, се ќе ми звучи лошо, па со Љубојна ќе се дружам утре
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom