Нормално, Против.
14 имаат деликтна, 15 право на работа, 16 право на брак...
1. Сум За целосна забрана на телефоните во училиштата. Истите се алатка на дистракција и намалување на авторитетот на наставникот во училницата. Тие се таму да внимаваат и да учат, не да се сликаат и допишуваат.
2. Сум Против забрана на социјалните мрежи на малолетниците, поточно оние под 16 години. Нема поента, пред се затоа што имаат алтернативи. Еве, немав ПС, имав компјутерски игри и ова ми беше една од најдобрите занимации во текот на летниот распуст. Претходно имав нинтендо. Кога направив ФБ, не ми беше наменет за интеракција, туку за играње игрици. Тоа ми беше компонента од детството.
Децата нема целосно да се оттргнат од виртуелниот свет, нема да бидат натерани да посегнат по поинаква социјализација. Башка, социјалните мрежи еволуираат. Да, одредени се доста експлоатативни, имаат поширока флексибилност, и треба да има активни политики кон нивно сузбивање. Дел од децата, поточно нивните родители, социјалните мрежи ги користат и за чиста комерцијала. И да, имаше многу плачки кога Русија забрани дел од социјалните мрежи.
Австралија, по имплементацијата на ефективните мерки со цел справување со Ковид пандемијата, не ми е репер за нормална држава, мора и ова да го потенцирам.