Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
За нас самиот успех е пласманот на европско и немав никакви очекувања посебно не во ваква група со домаќин најаката Данска и прајм Португалија, и Романија во налет, мора да сме презадоволни со 3 бода дури ми изгледат не реално, пак пред Србија ќе завршиме за инает на онај од Панчево:kuracc:.
Во стилот на Киро би го советувал Митев ако сака да напредува да смени средина ова веќе ја има израснато и да оди во голем клуб пример Пелистер. :D
 
Последно уредено:
Страшно колку ни пораснале апетитите и летаме во облаци со очекувањата, на моменти додека ги читам коментарите туѓ срам ме фаќа, мислиш Данска сме па сега голем неуспех е што не одиме во следна фаза, а всушност ова е ни е само ОСМА ПОБЕДА НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО.

Според квалитетот што го имаме за нас е успех што воопшто сме редовни на големи натпреварувања, ова ни е во низа ПЕТНАЕСЕТО ГОЛЕМО НАТПРЕВАРУВАЊЕ, многу поквалитетни репрезентации од нас не можат да се пофалат со такво нешто.

Пред првенството реална цел ни беше само победа против Романија за евентуален полесен противник во баражот за наредното Светско, тоа е остварено.
Додека сo ремито и играта што ја прикажавме против Португалија, сигурен сум дека далеку ги надминавме очекувањата и го изненадивме секој човек што следи ракомет и кога не е Јануари.

Без разлика што денес во вториот дел од второто полувреме потфрливме и го доведовме натпреварот во неизвесна завршница, најбитно е што на крај победивме, така да нема потреба за никаквo ширење на негативна енергија и беспотребно плукање по играчите, секој што ја следи активно репрезентацијата може да види дека имаме напредок во играта и на добар пат сме да го продолжиме континуитетот со настапи на големи натпреварувања.

Јас можам да кажам дека сум задоволен од тоа што го одигравме на ова првенство.
До сега сме имале 9 настапи на европско и имаме 9 победи и 6 нерешени (од кои 3 од нив против велесили како Германија, Норвешка и Шведска). Не би рекол ова дека е баш лошо за нас.
 
Последно уредено:
Па да, ама толку време да се спремавме, требаше да имаме барем убедлива победа, а не ваква на стаклени нозе.
Зошто толку кењање не ми е јасно? Па немаме ние толку победи на првенствата, а најголема победа ни е онаа на домашен терен во Ниш против Чешка со 27-21. А и таа убедлива победа ја направивме на последните 2-3 минути кога Чесите се распаднаа. Не ве разбирам. Имаме три бодови освоено исто како и во 2012-та на ЕП и 2014-та на ЕП. А тогаш имавме состав боли глава за разлика од сега. Треба да ли се каже дека во 2014-та, патем исто во Данска, имавме една победа над Австрија, која беше послаба од сега, со 22-21 освоена едвај при крај на утакмицата.
Децава се трудат и играат борбено. Точно е дека некои можат и мораат многу подобро од ова што го прикажуваат. Серафимов почнува да заличува на Талески со бубачки во главата - дека на повеќето утакмици е невидлив, а ќе му се погоди една кај што ќе решета. Пешевски можеше многу повеќе, голманите исто така - поготово Митревски кој беше невидлив на првенството и тоа против две екипи кои добро ги познава затоа што бранел во нивните клубови. Костески исто слаб. Ама и покрај се, децата изиграа машки, одбраната изгледаше супер и 3 бода се премија и шанса за многу полесен противник во баражот.
 
Fascinantno e kako pred sekoe prvenstvo se sozdava slika kao da sme nekoj faktor vo rakometot za da u nedela dena ne vratat na fabricki podesuvanja se do narednoto prvenstvo koga odnovo i odnovo se kreira slika nebare sme Danaska ili Francija, a pritoa nema nikakva realna osnova za takvo nesto. Tie se igracite be decki, groto se igraci koi preku celata godina generalno krsat kolena niz salite sirum zemjava ili se samo statisti vo LS. Nemame eden eban igrac koj nastapuva vo timovite koi vazat za krem vo evropa, a sakame visok plasman na ep/sp...e tesko taa rabota. Nemam namera nikogo da potcenuvam, samo sakam da potenciram deka ne e realno da se ocekuva rezultat na ova nivo koga nemame eden igrac koj vo tekot na godinata konstantno igra utakmici na visoko nivo vo seriozen klub, pa nokaut faza vo ls, f4 itn. Treba i mentalitet, treba i psiha, posebno za utakmica kakva sto bese denesnava kade sto treba da brkame pobeda so sto e mozno pogolema razlika, no i toa ne doagja od ic nigde preku nok taka da toa e toa, so eden igrac sto dvoi od ostanatite kako Fitiljot koj izigra turnir za pocit, tolku e.
 
Зошто толку кењање не ми е јасно? Па немаме ние толку победи на првенствата, а најголема победа ни е онаа на домашен терен во Ниш против Чешка со 27-21. А и таа убедлива победа ја направивме на последните 2-3 минути кога Чесите се распаднаа. Не ве разбирам. Имаме три бодови освоено исто како и во 2012-та на ЕП и 2014-та на ЕП. А тогаш имавме состав боли глава за разлика од сега. Треба да ли се каже дека во 2014-та, патем исто во Данска, имавме една победа над Австрија, која беше послаба од сега, со 22-21 освоена едвај при крај на утакмицата.
Децава се трудат и играат борбено. Точно е дека некои можат и мораат многу подобро од ова што го прикажуваат. Серафимов почнува да заличува на Талески со бубачки во главата - дека на повеќето утакмици е невидлив, а ќе му се погоди една кај што ќе решета. Пешевски можеше многу повеќе, голманите исто така - поготово Митревски кој беше невидлив на првенството и тоа против две екипи кои добро ги познава затоа што бранел во нивните клубови. Костески исто слаб. Ама и покрај се, децата изиграа машки, одбраната изгледаше супер и 3 бода се премија и шанса за многу полесен противник во баражот.
Многу убаво кажано, затоа мислам дека Митревски најдобро е да се повлече на 3ти голман позиција и негова работа е да дава совети само, имаме супер голман во Томовски и Галец созрева.

Пеше, има што да понуди но не против велесили. За ротација топ.

Костески мора да најде клуб кај ќе игра редовно и ќе води коло, а не да грее клупа. Му се отвара Охрид како шанса?
На првенствово Фитиљ си ја запечати лидерската позиција, ги добивме Стојковиќ и Аларов кои со Мечка, оди пројди ги у иднина.

Митев бледо, но реално не е у форма не игра многу време и ќе си дојде се на свое, не се грижам за него.
Атанасиевиќ го добивме исто на лев бек и крило, модерна ротација, веќе во модерен ракомет гледаме дека нема играчи што играат само една позиција, транзитира спортов во една флуидност.

Практично моментално шкарт сме многу на позиција десен бек, ни фали уште едно десно крило и можеби добро би ни дошло едно лево крило ама па и не мора. Го имаме ама ради суети и глупи менталитети го немаме, да не навлагам во тие ствари. На крај на денот боље без 1 играч и топ хемија него со него и со раздрмана екипа.

На крај заборавив да кажам, дека просекот на екипата е уште околу 20 и некоја година. Има ракомет во овие деца а ни идат и уште нови клинци, еве што ти значи кога ќе се работи добро во младински категории и ќе се извадат 2-3 добри врзани генерации.

Лесно можеме да збориме за натурализација кога ти треба 1 играч, а не до пред 5 години кога ни требаше пола екипа.
 
Да, идеме со менталитетот дека е битно да се учествува, да се победи афричка екипа и чат пат да се извади нерешено...
Па за држава како нашата, важно е да се учествува. Тие се можностите и тој е квалитетот. Убаво е што имаме континуитет на настапи веќе 18 зими по ред. Ќе умреме од досада инаку во јануари :)
Со оглед на тешката група, ретко кој очекуваше дека ќе успееме да завршиме во најдобрите третопласирани и да фатиме шешир на носители. Сепак Данска е убедливо најјака селекција, а Португалија е во налет, полифиналист од претходното СП. Добро одигравме на секој натпревар, со Португалија одигравме над можностите, денес беше евидентен заморот.
Да потсетам дека 10 години не можевме да избориме пласман на големо натпреварување откако паднавме во неносителски шешир. Сто баражи по ред изгубивме, најубавите години им пропаднаа на еден куп играчи од доста солидни генерации.
Со нашиот квалитет, баражи со екипи како Шпанија, Норвешка, Шведска и слични се невозможна мисија за поминување и затоа треба да сме среќни со победава и со секое наредно учество на големо натпреварување, па макар и само да сме за декор таму.
 
Зошто толку кењање не ми е јасно? Па немаме ние толку победи на првенствата, а најголема победа ни е онаа на домашен терен во Ниш против Чешка со 27-21. А и таа убедлива победа ја направивме на последните 2-3 минути кога Чесите се распаднаа. Не ве разбирам. Имаме три бодови освоено исто како и во 2012-та на ЕП и 2014-та на ЕП. А тогаш имавме состав боли глава за разлика од сега. Треба да ли се каже дека во 2014-та, патем исто во Данска, имавме една победа над Австрија, која беше послаба од сега, со 22-21 освоена едвај при крај на утакмицата.
Децава се трудат и играат борбено. Точно е дека некои можат и мораат многу подобро од ова што го прикажуваат. Серафимов почнува да заличува на Талески со бубачки во главата - дека на повеќето утакмици е невидлив, а ќе му се погоди една кај што ќе решета. Пешевски можеше многу повеќе, голманите исто така - поготово Митревски кој беше невидлив на првенството и тоа против две екипи кои добро ги познава затоа што бранел во нивните клубови. Костески исто слаб. Ама и покрај се, децата изиграа машки, одбраната изгледаше супер и 3 бода се премија и шанса за многу полесен противник во баражот.
Види, статистиката и споредбите со 2012 или 2014 се во ред, ама ракометот оди напред, а ние тапкаме во место. Проблемот со Кирил е што неговото его е поголемо од желбата за успех. Тоа му помагаше како играч да биде лидер, ама како тренер му е најголема мана.
Не може репрезентацијата да биде заложник на еден клуб и проект како Алкалоид. Додека не се одвојат тие две работи, нема напредок.

И најмногу ме нервира тоа што во старт се откажуваме од посилните репрезентации. Со такви калкулации “оваа сигурно ја губиме”, “онаа сигурно ја тепаме” само се убива борбениот дух кај сите. Наместо да ги учи да гинат против секого, он ги учи на математика. Со овој пристап и со тоа што селекторот мисли дека е поголем од тимот, тешко дека ќе видиме вистински напредок.

Секоја чест за сите на ова првенство, а посебно за Митев, Ѓеорѓиев, Томовски, Кузмановски и Костески.
 
Да потсетам дека 10 години не можевме да избориме пласман на големо натпреварување откако паднавме во неносителски шешир. Сто баражи по ред изгубивме, најубавите години им пропаднаа на еден куп играчи од доста солидни генерации.
Со нашиот квалитет, баражи со екипи како Шпанија, Норвешка, Шведска и слични се невозможна мисија за поминување и затоа треба да сме среќни со победава и со секое наредно учество на големо натпреварување, па макар и само да сме за декор таму.
Ова да се стави како pop-up нотификација на фејсбук кога овие старциве ќе тргнат да јадат трици, а они со пивски стомак до Волково пуштен.
Многу луѓе забораваат или па уопште не ни гледале ракомет со каква мака беше пројден Исланд а пред тоа како се кубуреше во баражите.

Гаден системов на ЕХФ, нели испаднеш еднаш од привилегираните, да си каснеш од газот. Небаре репрезентации како Романија прават стратегии на големо натпреварување со цел само да завршат 3ти.
 
Види, статистиката и споредбите со 2012 или 2014 се во ред, ама ракометот оди напред, а ние тапкаме во место. Проблемот со Кирил е што неговото его е поголемо од желбата за успех. Тоа му помагаше како играч да биде лидер, ама како тренер му е најголема мана.
Не може репрезентацијата да биде заложник на еден клуб и проект како Алкалоид. Додека не се одвојат тие две работи, нема напредок.

И најмногу ме нервира тоа што во старт се откажуваме од посилните репрезентации. Со такви калкулации “оваа сигурно ја губиме”, “онаа сигурно ја тепаме” само се убива борбениот дух кај сите. Наместо да ги учи да гинат против секого, он ги учи на математика. Со овој пристап и со тоа што селекторот мисли дека е поголем од тимот, тешко дека ќе видиме вистински напредок.

Секоја чест за сите на ова првенство, а посебно за Митев, Ѓеорѓиев, Томовски, Кузмановски и Костески.
Па да изгиневме со Данска, ќе изгубевме 6 и Португалија ќе не убиеше 10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom