...столетија на тези и антитези за најстарите "пороци" на човештвото, а резултатот е сеуште неизменет. Човеколиките го прават само тоа што им носи чувство на среќа, а зошто го прават тоа останува во рамките на нивната оригиналност и индивидуа.
...полека но сигурно треба да научиме повеќе да прифаќаме одколку да анализираме и осудуваме
.Јас неколку пати напоменав за штетното влиание на помладата популација ако се легализира проституцијата.Ама намерно тој дел се игнорира од страна на тие шо се за легализација. Значи ево ќе ти повторам.Со легализацијата на проституцијата енормно ќе се зголеми бројот на проститутки.Затоа шо ако нешто е легално станува нормално и прифатливо за општеството.Со тоа и ќе се намали бројот на бракови.Па јас незнам кој пациент би зел проститутка за жена.Неколку пати напоменав дека имаме огромен број на коцкари затоа шо коцкањето е легално,значи станало нормално и прифатливо.И тој дел упорно се игнорира.Жениве се многу попрактични по тоа прашање.Си купуваат вибратори и си бркаат работа.Мажите се тие шо си бараат рогови,после ќе цвичат немало асолни женски сите биле расипани.Е па се е поврзано,не можиш да бараш легализација на проституција ,а после да се жалиш дека жените биле расипани.

Да да, болдираш како да е факт, но на што го базираш, која земја каде што е легално го забележала?
Бракови има помалку поради Х други причини, и се друга тема, но дека проституцијата одеднаш ќе проголтне 90% од женската популација не баш. Само ќе им биде посигурен и поподнослив животот на тие што го прават сега илегално.

Ајде дефокус сеа од темата па да ги замешаме и мигрантите и муслиманите и све и свачега. Важи.
Шведска 2018 година има донесено закон за експлицитна согласност. Прогуглајте. Тоа значи дека секој сексуален чин во кој што нема јасна согласност се смета за силување. И тоа не може да биде глупа теза, затоа што е правен факт и драстично ја зголемува статистиката во споредба со земји кај што ќе јадеш ќотек ако кажеш нешто. Инаку таму ако еден ист маж ја силува жената 365 пати во годината, тоа значи дека има 365 силувања, а не едно силување. Од таму и доаѓа разликата во бројки, а не во тоа дека Шведска е небезбедна земја за живот.
Државата НЕ СМЕЕ да им дава зелен картон на насилниците, на блудот и неморалот, со тоа што ќе ги легализира борделите.
Достоинството на жената не смее да биде на продажба, без разлика кој е купувачот.
Толку имам да кажам, а за се останато што ќе кажете, како што вели Злате: тоа е друга тема, па здравје кога ќе дојдите на ред. Дефокусирање и реметење на дебата зошто нема аргументи, не сакам.
Легализација значи намалување или искоренување на криминал.
Легализација значи финансии за рехабилитација.
Легализација значи реални бројки наместо проблем скриен под тепих.
Доста битен муабет. Легализација сама по себе не е доволна. Потребни се еден куп други работи.(Прифатни центри, здравствен систем, полиција, судство, економски просперитет итн)
Слично како што легализација на наркотици не е магично решение и тука потребен е неколку страничен план кој ќе го решава реалниот проблем, а не симптомите на болно опшество.
Зошто на пример наркотиците или проституцијата би се легализирале, а не убиство на пример?
Суштински битна разлика е дали појава, дејство или што и да е директно штети на трета особа.
На пример убиство или да речеме фрлање хемикалии во река директно влијаат на трети особи, додека наркотици иако ненормално штетни се штетни само за особата која ги консумира.(Индиректно уништуваат семејства ама пак поради причина што се нелегални и скапи што не би било во ситуација кога би биле легални)
Исклучок од ова правило се ранливи или незрели особи. На пример малолетници или лица со посебни потреби. За нив има специјални правила. Ова важи и за алкохол, дрога, цигари, па и возење на автомобил.
П.С Од лична гледна точка сум против чинот на проституција ама тоа е нешто сосем различно од бројните негативни ефекти поврзани со криминализацијата на истата.
П.С2 И да не се легализира дефинитивно треба да се декриминализира.
А има разлика кој е продавачот? Ако ти си решила да продаваш секс, зошто еден маж како мене тоа да смее да ти го забрани? До каде е цртата за тебе мое тело мој живот? Не сите гледаат на сексот како нешто достоинствено, за некого е алатка, за некого е репродукција, задоволство, стрес релиф, кинк, мрзеливост да работи во Кам…
Значи ова не е дискусија, ова ми личи на инаетење. Ај вака, ќе почнам па ако ти се дискутира следи стил.
На темата Х причини и само за неа, без коцкарници, дроги, моги, временскит услови у Руанда итн..., има помалку бракови затоа што жените следат трендови од запад, а на запад живеат за пари и социјални медии, тука жените веќе што годе заработуваат повеќе и веќе не се помируваат, или по нашки нејќат на магаре да паднат дур може да има коњ, и затоа и они коа ќе видат дека Перса го има најубавиот треба и они или да го имаат или него или вторниот најубав или ништо затоа што имаат пари и не мораат да се венчаат, тие се факторите зашто нема бракови.
Е сега, баш на темата, ти болдираше факт, дај поддржи го фактот, или сега ќе се фатиме пак за ама што не легализираме и дрн дрн за да се вртиме у круг? Ако го подржиш, ќе поткрепам, пред фактите и боговите молчат, ако не, џабе муабетот.
Автоматски споено мислење:
@Aceso Ако достоинството на жената не смее да биде на продажба, зашто тогаш толку многу жени лесно ставаат цена на истото? Би цитирал америчка поговорка, не ги мрази играчи, мрази ја играта.
Изгубена битка ти е против whataboutism @Zlatikevichius. Го одев тој пат на многу претходни теми. Ако сакаш вистински да си одбраниш страна треба да си спремен да збориш за многу неповрзани работи бидејќи никој проблем не постои надвор од секој контекст. Проголтни го тоа, ако ти е полесно замисли дека те платиле за тоа.
Не, не, не. Со реченицата „тоа е друга тема“, секогаш сум победник. Тука па ако додадеш и „...ко ќе дојдеш ти на ред постави ја и ќе дискутираме“ ти доаѓа нешто као whataboutismol (апче за whataboutism).
Вокерска глупоштина, ама и тоа е друга тема. Еве јас ко ќе дојдам втор пат да поставувам тема, ќе те номинирам и тебе по втор пат, па ќе ја дискутираме.
Вокерска глупоштина, ама и тоа е друга тема. Еве јас ко ќе дојдам втор пат да поставувам тема, ќе те номинирам и тебе по втор пат, па ќе ја дискутираме.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.