Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 15: @Del Boy - Забрана за лет со авион на деца помали од 5 години)

Забрана за лет со авион за деца помали од 5 години?

  • За

  • Против

  • Воздржан


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Еволуиравме. Претходно ни требаа три дена за една тема, сега три саата ни се доволни :D
 
Oh My God Reaction GIF
 
Океј, here we go.

Забрана за лет со авион за деца помали од 5 години.

Оддамна се веќе минати времињата кога се владееше врз децата со ајрон фист, кога јадевме шамари оти попреку сме го погледнале наставникот во школо. Сега сме во ера на Леончиња и Леички и нивните фенси родители кои незнаат да си ги воспитат децата и се вадат со језиво кринџ изјави “хехе малку сме темпераментни”. Хехе, не сте темпераментни лигави сте, а ти неспособна да си го ставиш во ред детето. Хехе.

И сето тоа ќе беше во ред да неморавме да ги трпаме по авионите. Дали јас премногу летам периодов незнам, али нонстоп сум турторизиран од лигави децишта. Или ќе ми плачат врз глава, или ќе ми барат да се преместам од седиште за да седат сите заедно, или ќе трча хиперактивно низ авионот цело време.

Еве последниот лет, шо заслужил Дел Бој со неговите 191 сантим да му страдат колената оти бабичка морала да го ниша седиштето цел саат за Леичка да не плаче?

Штета пробав да ставам видео од пред недела дена али небива, ќе пробам накнадно подоцна.

Значи не мразам деца, ама или средете си ги или бидете доблесни да испарете од авионите и барајте си алтернативни превози каде што нема да го замарате другиот народ.

Штета за видеата мислев ќе можат да се закачат али ништо. За бебиња нека биде дозволено, ова строго го пишувам за тантрум возраста од 1-5 години.
 
Како што кажа, тоа е до родителите
Нема што патник со патник да се расправа, тоа е до прописите на авио-компаниите.
Треба да си реагира екипата во авион и да побара мир и да се приберат децата. Рипање, пиштење , вриштење и такви бучави може надвор од аеродром, на јавни места каде што има брдо народ треба да се има одредена пристојност.

Јас ако треба да кажам повеќе, ќе треба да вреѓам по етнички групи а не сакам
Дали според тебе тие со воспитани деца треба да патат поради другите?
 
togas bi gi lisile od avionsko patuvanje ili pak patuvanja do drugi kontinenti so shto ne se slozhuvam.

ima i vozrasni lugje koi se premnogu bucni ili pak hrcat, no ne znaci i na niv treba da im zabranime da patuvaat poradi toa, neli.

na krajot na denot, avionskoto patuvanje pogotovo so komercijalni prevoznici e poprilicno javen transport vo aspekt na toa deka patuvanjeto ke go delis so drugi lugje koi mozat da bidat razlicni vo odnesuvanjeto.

dokolku ti e tolku bitno, mozes da si uplatis biznis klasa ili da si patuvas so privaten avion ako mozes da si dozvolis, a ako ne, kolku pari tolku muzika.

od mene ne.
 
Bruh wtf се последниве теми, онака.

Не не не. You’re entitled to a child free life not child free world.
И нема некој што се осеќа полошо во авион од родител на дете што доживува тантрум, Н Е М А. Последно летање син ми вриштеше 20 мин на слетување пошто не сакаше да седи сам, имаше 2 год и 2 месеци и се квалификуваше за посебно седиште. Не ми дозволуваа да го земам кај мене во скут, ќе морало пилотот да бара посебни дозволи блах блах.

“Смири си го детето”. Аха важи, сеа ќе му шепнам да престане, пошо за мене е баш забавно.
 
Авионот е јавен превоз, исто како што е автобусот, возот, трамвајот, метрото. Секој има право да се вози кога сака. Сите сме биле деца, сме плачеле, сме биле хиперактивни, сме нервирале некој. Денес јас го трпам твоето дете, утре ти моето, па заедно ќе трпиме некој што ’рчи или мириса на лук. Тоа е цената на животот во заедница. Црн бумбар.
 
Имам патувано со авион неколку пати и никогаш не сум имал проблем со деца кои викале или правеле некои проблеми. Се имаат шетано низ авионот, ама не сум се соочил со никакви проблеми посебно кога станува збор за деца помали од 5 години. Повеќе ми имаат пречено волови што начукале во газот 30-40 години, а се дерат како да се на стадион и немаат никаква општа култура.
 
Воздржан, и се согласувам и не.

На долги летови да, се над 1 и пол 2 саати лет е мачење за мало дете, а со тантруми и за цел авион.

Али за кратки летови......ќе издржат и детето и патниците.
 
Последно уредено:
Ин витро да се забрани, посвојување да се забрани, деца до пет години забрана за патување со авион ама не и со автобус (иако во автобус може да биде пофатално ама тоа е за сиромасите), албанците (кои инаку допринесуваат до наталитетот во државата) да се иселат, тие со бугарски исто да се иселат, педерите да ги уапсиме/запалиме...
Ако има доволно златни рипки за овој народ да исполнува желби, нас ќе не снема уште на втората рипка колкави хејтери сме станале.
 
Ми пречи што 80% од патниците на повеќето линии од/до Македонија се неписмени шпонови кои седат кај сакаат, не се врзуваат, стануваат одма при слетување, носат 16 торби горе или нивните 60 годишни буланфери кои одат да им ги чуваат децата и не знаат да гукнат ниту еден јазик, па прават застој од саат време на пасошка контрола.

Кај голем дел од поголемките деца е во прашање воспитувањето, кај помалите едноставно ништо не ти помага. Моето е плачко невиден, на таа возраст ништо не помага. Уште немаме летано, ама претпоставувам ќе биде хорор. Сепак, на толку мали деца нема што да им се замерува и ГЛАСАМ ПРОТИВ. Друго е над 4-5 години да не можеш да го смириш, друго е за помали деца. Едноставно не оди тоа така, а не можеш да ги лишош од патување :D Секој може да издржи на лет кој трае максимум по 2-3 часа.
 
И јас сум немал многу голем проблем со деца во авион. Повеќе сум имал со запотени дебељаци нетуширани со недели што не слушнале за Рексона. Имало случаи кога плачеле, ама не сум имал ситуација некое да се шета низ авион или да беснее, да ми смета. На моите 2, пак (сега 11 и 6, ама летале и помали, нормално), глас не им се слуша во авион. :свиркам:
 
Апсолутно сум против. Дополнително влијание на мојот глас има и тоа што за некој месец и самиот ќе станам родител. Мада, јас сигурно нема да летам во првите година-две со дете, дури не пркне малку.

Да образолжам дополнително зошто сум против, низ два примери од лично искуство.

Пример број еден: пред година и пол летав преку океан, значи некој 13-14 часа лет со трансфери со чуда. На летот имаше и неколку деца на 4-5 годишна возраст, дури и некои помали. Освен некое кенкање и плачење и тоа тек повремено, буквално глас не им се слушна. А јас успеав да фатам добра дремка и да изгледам серија, без пречка, без шетање и дерење низ авион.

Пример број два: лет на пократка дестинација, некој 2 саати макс. Ама доцен вечерен лет после цел ден шетање и лутање. На аеродром си реков ајде макар тие два саати малку ќе одморам, колку е можно. Кур мој одмор. На истиот лет имаше некој недоквакани волови, негде на возраст од 40-50+ на кој што веројатно тоа им беше прв лет + беа малку и под гас. Не допреа со муабет, ама онака муабет гласно да ги чуе и пилотот во кабина. И нормално, со пуштање на најглупите шеги од типот, на татко ти му влегол смок во газ. Абе мислиш на панаѓур беа. Ама јебига, платиле исто како и јас и тоа е тоа, ќе ги трпиш, ќе ги слушаш, пошто е јавен превоз.

Плус, ти имаш луѓе што патуваат со авион со деца од икс причини, некогаш и здравствени за жал, па затоа и не гледам причина зошто би се забранило летање на деца.

Проблемот што Дел Бој го опиша во своето мислење е повеќе до родителите отколку до самите деца.
 
Последно уредено:
Немал дете па не знае.
Што ќе му правиш на тодлерче, кое ништо не разбира. Што и да му кажеш колку и да му се закануваа тоа ќе рика. Да не треба во авион да го затепаме и да си направиме поголеми проблеми?

Изгледа и ти си погодиле така летовите. До сега само еднаш сум имал проблем со дете во авион, ама летот беше прекуокеански и беа повеќе бебиња. Што да правиш, бебиња. Едно таман преминало, друго почнало и така во круг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom