Треба ли да се укине електронскиот систем „Мој термин“?

Член од
3 мај 2019
Мислења
20.354
Поени од реакции
12.519
Цели 11 години како е воведен овој електронски систем за закажување прегледи на пациенти, со цел да се намалат метежите и долгите чекање пред врата на ординациите, но дефинитивно е кристално јасно дека не функционира како треба.
Чекаш 4 месеци за хируршки преглед, 3 месеци за КТМ и уште 3 месеци за да ти го прочитаат цедето...па јово на ново, повторно чекаш термин за кај докторот и ако треба операција пак после неколку месеци....и...и оде воз у кукуруз!!

Мислам дека треба да се укине овој систем и да се вратиме на стариот.
 
Под хитно треба да се укине. Луѓе со потенцијални смртоносни болести чекаат месеци за термин. Луѓе на кои им е потребна најитна интервенција.
 
И јас сум да се укине.
Добиваш едвај упат за мој термин во 10 часот, пример, а ти доаѓаш на ред за преглед дури во 14 часот.
Окапуваш чекајќи.
 
Не мислам дека треба да се укине, треба да се ревидира и да се подобри. Убаво е да имаш увид во електронското досие на пациентот со еден клик. Кога би требало да се вратиме назад и да се потпираме на папирологија и на тоа дали пациентот ја чува папката со извештаи, би се вратиле едно сто години назад.

Тоа што нема термини за операции не е до мој термин. Мој термин не може да измисли слободна операциона сала или хирург, ниту пак менаџира со ресурсите во болницата. Ако од пет сали работат само две, а останатите не работат заради дефект, нормално дека системот ќе покаже дека нема термини. Тоа не е системска грешка, туку менаџерски неуспех.
Автоматски споено мислење:

И ова не е проблем на мој термин. Кога секој втор пациент оди на преглед со приоритетен упат, ќе има вакви проблеми.
 
Треба да се инвестира во доктори и опрема, да се изгради нов клинички центар..... џабе е мој термин или без него кога имаш еден доктор кој денес може да прегледа 20 луѓе а чекаат 50. А можеше пример унгарскиот заем наместо да оди за избори и да се фрли во ветер и магла по општините и фирмите да се инвестираше во здравството, нов клинички центар, специјалисти, хирурзи, невролози.... Може и наместо слепата работа да се гради брза пруга до гевгелија тие пари да се треснат во здравството па да имаме салам болници и салам доктори... Вака ке претураме од шупливо во празно, ке мењаме министри и директори на клиники, ке воведуваме или укинуваме мој термин.
 
Не мислам дека треба да се укине, треба да се ревидира и да се подобри. Убаво е да имаш увид во електронското досие на пациентот со еден клик. Кога би требало да се вратиме назад и да се потпираме на папирологија и на тоа дали пациентот ја чува папката со извештаи, би се вратиле едно сто години назад.

Тоа што нема термини за операции не е до мој термин. Мој термин не може да измисли слободна операциона сала или хирург, ниту пак менаџира со ресурсите во болницата. Ако од пет сали работат само две, а останатите не работат заради дефект, нормално дека системот ќе покаже дека нема термини. Тоа не е системска грешка, туку менаџерски неуспех.
Автоматски споено мислење:

И ова не е проблем на мој термин. Кога секој втор пациент оди на преглед со приоритетен упат, ќе има вакви проблеми.
Убаво би било да се усоврши програмот, но тешко таа работа кај нас.
Пациентите од мака мора да се снаоѓаат, се разбира ако има врски кај матичниот за да му издаде прииритетен упат, но и тие се блокираат повеќе пати.
Втора работа, безобразни се приватните ординации кои имаат договор со фондот, ќе пуштат два термина месечно и толку, другото приватно да си плаќаш...тогаш зошто имаат договор?
Многу дубари се прават, на шалтер се креираат упати и кој има познат во администрација или во информатичкиит дел од каде се одобруваат термините ке си земе.
Не оди вака, мора нешто итно да се превземе.
 
А како инаку би се закажувало за термин кај специјалист ако се укине? Тоа е алатка за закажување на термин ...
 
Цели 11 години како е воведен овој електронски систем за закажување прегледи на пациенти, со цел да се намалат метежите и долгите чекање пред врата на ординациите, но дефинитивно е кристално јасно дека не функционира како треба.
Чекаш 4 месеци за хируршки преглед, 3 месеци за КТМ и уште 3 месеци за да ти го прочитаат цедето...па јово на ново, повторно чекаш термин за кај докторот и ако треба операција пак после неколку месеци....и...и оде воз у кукуруз!!

Мислам дека треба да се укине овој систем и да се вратиме на стариот.

MOJ TERMIN TREBA DA SE UKINE A TREBA DA SE VRATI USLUGATA ALO DOKTORE 02-15-123
 
Цели 11 години како е воведен овој електронски систем за закажување прегледи на пациенти, со цел да се намалат метежите и долгите чекање пред врата на ординациите, но дефинитивно е кристално јасно дека не функционира како треба.
Чекаш 4 месеци за хируршки преглед, 3 месеци за КТМ и уште 3 месеци за да ти го прочитаат цедето...па јово на ново, повторно чекаш термин за кај докторот и ако треба операција пак после неколку месеци....и...и оде воз у кукуруз!!

Мислам дека треба да се укине овој систем и да се вратиме на стариот.
Дали знаеш дека во една Словенија која сите ја кажуваме како пример како треба да функционира една нормална држава е вака слично со чекање?И таму ти закажуваат термин за операција под услов ако не си во живото загрозувачка состојба и немаш шанси да го дочекаш тој термин.Затоа претходно ти прават проценка на твојата состојба и спрема тоа одредуваат кога ќе те оперираат.За разлика од кај нас таму не е паднат квалитетот на услугите во државниот клинички центар во Љубљана како кај нас туку е на врвно светско ниво.
 
Треба да се види зошто специјалисти имаат еден ден со термини неделно. Што прават во другите денови, дали работат со пациенти.

Пример, немам ништо против докторот, само ми требаше уролог неодамна и гледав термините. Секој лекар има по еден ден неделно со термини. Не сум запознат со структурата на болницата. Но симптоматично ми е што работат другите денови? Имаат операции? Зафати? По колку дневно? Значи 15 дена месечно имаат работа надвор од амбуланта, и пак се чека за операции.
Screenshot_20260116_161958_Edge.jpg
 
Последно уредено:
Како беше порано ??? Сега ќе ви јажам....чекаш 4-5 сати во чекални и кај Филипче сениор ГРУПНО ПРЕГЛЕДУЦАШЕ ПО 3- ЦА одеднаш....или чекав на Гастро 5-6 саати и Мери прикаски ми кажува, ваготомија ќе ми праела.....или чекам кај Докиќ 3-4 саати, влегов, го виде КТМ на синуси, кажа ШТА ЈЕ ОВО и избега од стран8чна врата, седам 20 минути , си собрав работите и си излегов...

Да се укине државно здравство подобро, нека партиципира Фондот барем 50% од прегледите на приватно...
А да не потсетувам за уште порано, кога беше забрането приватно здравство, на забар сум чекал од 07сабајле, се преку ред влагаа, во 13 ч ќе влезам, стоматологот уморен и неквалитетно работи, сите заби што ги праев набргу ги извадив...100 пати поефтино да си праев приватно, ама кај нас најдолго беше забрането...се фалеа подобри забарки на клинччки, цело Скопје ми е под нозе.....
Патем има сега опција на Клинички, платил човек 1000 евра за урген5но, без мој термин, да се оперира, за операција што не е итна....
 
МојТермин си е топ. Проблемот е што државата не вложува доволно во едукација за тоа како треба да се користи системот. После едукација, треба да следува казна за секој што бега од правилата (дали не креираат доволно термини, дали штанцаат приоритетни упати, дали го даваат акаунтот на 500 други луѓе во болницата, дали пишуваат глупости во анамнеза итн).
Како што кажа @Aceso , менаџерски проблем.

Настрана директниот бенефит за пациентите, тој е начин за централизирано собирање и процесирање на здравствени информации. Ако се користи правилно, со еден клик можеш да видиш колку луѓе денеска се болни од грип, колку лежат во која болница/оддел и колку слободни капацитети има. После тоа, можеш да видиш која терапија е најуспешна за третирање на дадена состојба и дури и да правиш предвидувања врз основа на историски податоци.

МојТермин стварно беше новитет на времето, и за мала држава како нашата можеше да биде вистински носител на промени во здравството.
Ама јебига, како со секој систем менаџиран од државата, му ги најдоа дупките (а таму каде што ги немаше, побараа да се направат) и сега е тоа што е.
 
Како беше порано ??? Сега ќе ви јажам....чекаш 4-5 сати во чекални и кај Филипче сениор ГРУПНО ПРЕГЛЕДУЦАШЕ ПО 3- ЦА одеднаш....или чекав на Гастро 5-6 саати и Мери прикаски ми кажува, ваготомија ќе ми праела.....или чекам кај Докиќ 3-4 саати, влегов, го виде КТМ на синуси, кажа ШТА ЈЕ ОВО и избега од стран8чна врата, седам 20 минути , си собрав работите и си излегов...

Да се укине државно здравство подобро, нека партиципира Фондот барем 50% од прегледите на приватно...
А да не потсетувам за уште порано, кога беше забрането приватно здравство, на забар сум чекал од 07сабајле, се преку ред влагаа, во 13 ч ќе влезам, стоматологот уморен и неквалитетно работи, сите заби што ги праев набргу ги извадив...100 пати поефтино да си праев приватно, ама кај нас најдолго беше забрането...се фалеа подобри забарки на клинччки, цело Скопје ми е под нозе.....
Патем има сега опција на Клинички, платил човек 1000 евра за урген5но, без мој термин, да се оперира, за операција што не е итна....
Иреал душо, ова што си го пишал го имаш исто и денес....што е сменето, пак чекаш со саати, па дури и приоритетен упат да имаш, има ординации кои пак ке ти закажат кога да дојдеш.
Дали знаеш дека во една Словенија која сите ја кажуваме како пример како треба да функционира една нормална држава е вака слично со чекање?И таму ти закажуваат термин за операција под услов ако не си во живото загрозувачка состојба и немаш шанси да го дочекаш тој термин.Затоа претходно ти прават проценка на твојата состојба и спрема тоа одредуваат кога ќе те оперираат.За разлика од кај нас таму не е паднат квалитетот на услугите во државниот клинички центар во Љубљана како кај нас туку е на врвно светско ниво.
Словенија има најдобар здравствен систем.
Знам дека др.Мехмедович како претседател на комисија и други доктори, беа во Словенија за да видат како работи тој систем и да се имплементира кај нас...што бидна немам инфирмации.
Мора да се смени начинот на функционирање на мој термин, има многу грешки, а за погрешно испратени пораки кај други луѓе да не правиме моабет...требаше на тие пациенти што нема да дојдат на закажаниот преглед а не го одјавиле благовремено да им се наплаќа 50 % од редовната цена.

Проблемот е што се преоотоварени секунадарно и терцијалното здравство....Порано имаше по неколку здравствени домови, сеега на пр. во К.Вода нема ништо, ниту поликлиника.
 
Последно уредено:
А како инаку би се закажувало за термин кај специјалист ако се укине? Тоа е алатка за закажување на термин ...

идеш таму и чекаш да дојдеш на ред. Порано имаа специјалистите денови кога работат со пациенти и по 100 души прегледуваа. Сега еден термин да закажеш 2-3 месеци се чека.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom