Survivor Србија/Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата TGTBF
  • Време на започнување Време на започнување
Почнаа со најави за почеток на новата сезона на Nova S. Не е уште откриено кој датум точно почнува ама би требало крајов на месецов или нареден месец.
 
Во Србија почнато е со емитување балканска верзија на Exatlon. Слично шоу како Survivor.

1767918812875.png
Истата продукција е што го работеше Survivor на Nova S.

Exatlon во Србија се емитува на Informer tv.

 
Немам поима не го ни пратам зошто го немам тој канал.

Има кратки исечоци и на Јутјуб.


 
Почнато е веќе една недела Survivor на Nova S. Бидејќи немам можност многу да гледам Nova S не знам ни кој се учесници ни што се случува точно.
 
Еве ти Марче:

Зелено племе (Србија и Црна Гора):

1772990470917.png1772990511736.png1772990606940.png1772990682227.png1772990714622.png1772990766680.png1772990798334.png1772990830414.png1772990864951.png1772990937920.png1772990978735.png1772991021757.png

1. Дуња Станојковиќ, 23, Панчево, Србија, студентка по ветеринарна медицина
2. Марко Ристиќ, 28, Смедерево, Србија, личен тренер во теретана / поранешен професионален веслач
3. Адријана Дозет, 35, Зрењанин / Нови Сад, Србија, личен тренер
4. Стефан Остојиќ, 34, Стокхолм, Шведска, инфлуенсер / јутјубер
5. Лана Мујановиќ, 20, Нови Београд, Србија студентка по право / модел
6. Милош Војновиќ, 44, Младеновац, Србија, професор по физичко
7. Ана Митиќ, 27, Ниш, Србија, докторка, специјализант по општа и дигестивна хирургија
8. Његош Миловиќ, 25, Суботица / Нови Сад, Србија, тренер на 3x3 баскет
9. Маја Чампар, 29, Подгорица, Црна Гора, актерка
10. Чедомир Стојановиќ, 29, село Санад, Србија, земјоделец / електричар
11. Ивана Макљеновиќ, 23, Чачак, Србија, студент
12. Немања Стојановиќ, 30, Ниш, Србија, сопственик на хотел и простор за приватни прослави, менаџер

Подолу ќе ги пишам натпреварувачите од жолтото племе. Инаку, навистина изненадувачки е што никој не пишува ништо на темава, а се испостави дека многумина на форумов го гледаат шоуто. Јас ја гледав само минатата сезона 2025, кога победија Урош и Лучијано. Па затоа ајде малце да се активираме ако има и други кои следат.
 
Жолто племе (Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија):

1772993742557.png1772993836463.png1772993873164.png1772993906202.png1772993938743.png1772994178192.png1772994228754.png1772994255577.png1772994283853.png1772994399263.png1772994427173.png1772994462715.png

13. Елизабет Зацеро, 28, село Каства кај Ријека, Хрватска, пејачка / актерка / танчерка
14. Борис Видовиќ, 29, Љубљана, Словенија, модел / натпреварувач на Love Island UK и други реални шоуа
15. Паула Томичиќ, 23, Цриквеница, Хрватска, ракометарка
16. Роналд Илиќ, 37, Ријека, Хрватска, кондициски тренер / магистер по право / сопственик на фитнес центар и игротека
17. Барбара Радиќ, 23, Сисак, Хрватска, јога инструкторка
18. Иан Регвар, 25, Загреб, Хрватска, фудбалер / фотограф
19. Ана Мамут, 38, Сплит, Хрватска, конобарка / 4-кратна државна и европска првенка во пикадо
20. Стипе Шуниќ, 25, село Родаљица, Хрватска, земјоделец / угостител
21. Леонарда Томиќ, 19, Мостар, Босна и Херцеговина, модел
22. Роко Бачелиќ, 33, Шибеник, Хрватска, инструктор во авто школа / конобар
23. Ана Модрушан, 40, Пула, Хрватска, аптекарка
24. Марко Ламбаша, 40, Шибеник, Хрватска, графички дизајнер / фитнес инструктор / претприемач / футсал играч

Има уште 4 натпреварувачи кои моментално се сместени на таен остров и се обележани со црна боја. Какви се плановите за нив во иднина, ќе видиме.
 
Јас ја гледав сезоната кога прв пат почна на Nova S да се емитува. После наредната некако ми беше досадна и баталив не гледам повеќе.


Survivor беше интересен онаа Vip српска верзија кога се емитуваше. Имаше и наши македонски учесници.
 
16. Роналд Илиќ, 37, Ријека, Хрватска, кондициски тренер / магистер по право / сопственик на фитнес центар и игротека

Првиот што "испадна". Доброволно си замина, бидејќи го пукна носталгија за детето.
Лошо што вакви го фаќаат местото на некој што сериозно сака да се натпреварува.
 
Последно уредено од модератор:
Онлајн некаде може ли да се гледа?
 
Јас ја гледав сезоната кога прв пат почна на Nova S да се емитува. После наредната некако ми беше досадна и баталив не гледам повеќе.


Survivor беше интересен онаа Vip српска верзија кога се емитуваше. Имаше и наши македонски учесници.
Оваа беше убедливо најлоша со Накова, Жаре Бербер, Ава Карабатиќ и дечкото на Цеца. Целата сезона беше силиконски цицки на сите страни промовирани, бич фајтз. Најмногу елементи на Фарма, Велики Брат беше, а најмалку на Survivor.
Онаа третата сезона со Тони Зени и Гоца Тржан беше поокеј, иако и тоа беше доста помек Survivor. Убедливо во најдобро сеќавање ќе ми останат првите 2, Немања Павлов кога победи (оваа само инсерти има на Јутуб) и Аца втората (оваа ја има до пола некаде на Јутуб). Патем не знам дали некој објави тука, но Хана Стаматовиќ плавата од првата сезона во 2022 почина.

Како и да е, условите беа драстично потешки прва и втора сезона, споредбено со 3 и 4 (ВИП), како и со сите 5 што беа после рестартот (овие дека се сите исти е точно). Кога и да прашаат некој од прва и втора сеозна дали би се пријавил пак вели “Survivor е нешто што треба да се направи еднаш во животот“, а од новиве сезони сите што биле генерално добар дел велат дека би се вратиле пак.

Иначе и во втората сезона имаше македонци, Ана и Пеце. Ана раскажува после доста години за случувањата на островот кај Бајкерот и Кросфитерот на подкаст на 1:26:30


Па кога ќе ми текне дека бев во Рамстор за автограм и слика со тие од прва сезона... Би бил ептен среќен ако сменат остров, полигон, продукција, нешто да е поразлично, за следна/некоја наредна сезона.

И елиминациите порано беа доста ненадејни, можеше во прв ден да рокнат двајца уште недојдени на островот, сега ептен е по однапред зацртани правила, нема простор на изненадување и тоа не ми се допаѓа.

 
Последно уредено:
Првиот што "испадна". Доброволно си замина, бидејќи го пукна носталгија за детето.
Лошо што вакви го фаќаат местото на некој што сериозно сака да се натпреварува.
Да, гледав денеска, ама намерно не пишав, да не спојлнам некому. :P
Онлајн некаде може ли да се гледа?
Ќе ти пуштам линк во приватна порака. Јас таму ја гледав и ланската сезона, и оваа исто.

Инаку, лани навивав за жолтото племе, особено за Иван и Ива од таму, ама ОК ми беше и Лучијано Плазибат, победникот. Зелените ми беа сите крш, особено тие Срѓан, Миланка, одвратни ликови.

Годинава обратно, за зелените сум, зашто кај жолтите сите ми се антипатични, особено тие Стипе, Роко, Ана старата... А од кај зелените овој Стефан ме нервира со егото, ама останатите ми се ОК. Тој менаџерот, Немања, за сега ми е најпозитивен лик - самокритичен, кажува во очи што мисли и ги знае своите маани.
 
Да, гледав денеска, ама намерно не пишав, да не спојлнам некому. :P
Автоматски споено мислење:
Не е спојлер, вчера беше премиера :D

Инаку не сум фан на оваа продукција. Не ми е на ниво на преживување.
Игрите исто се сведуваат на прецизност главно наместо на сила, брзина, спретност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom