Овој муабет “Задна шанса за титула, ако сега не земат нема никогаш“, го слушам веќе од сезоната 2022-23. Што ја прави сезонава последна шанса? Дали мислиш дека после сезонава ќе си замине некој играч ако не земат титула и каде би заминал? Сака, Габриел, Рајс, Раја кој би заминал? Баш сега во ситуација кога англиските тимови редовно ги победуваат шпанските и англискава лига е најквалитетна и најнепредвидлива. Помина времето кога два тима имаа по 100 поени и ја силуваа лигата, сега секој секого може да победи. Или пак мислиш дека другите тимови ќе се појачаат и ќе истурат многу кеш па ќе бидат конкуренти за титула? Тоа нели веќе се случи? Секој од тимовите се засили летниот трансфер рок, сите трансфери беа големи имиња со големи очекувања. Тоа што ја прави разликата е колкава кохезија има во тимот кај што доаѓа играчот.
Лани Ливерпул исто зема во сезона кога никој конкурент не ги бркаше и немаше никаков притисок од второ место, зарем требаше некој да одзима на важност на титулата? И Арсенал тогаш имаше едне тон повредени играчи во клучните месеци кога требаше да го прати конкурентот, исто како Сити што има сега, никој не се вадеше на повредите, секој кажа дека нема длабочина тимот чим Мерино треба да е главен шпиц 10 натпревари по ред и дека тоа е проблемот. Се доведоа играчи, сега има длабочина и не се губат поени ни приближно како лани. Значи поработиле на недостатокот и ако земат би било заслужено.
Вие лани имавте ли 10 поени после 20то коло? Да те потсетам бевте на +7, додека Арсенал моментално е на +5 со тенденција да е +6/+8. Имавте 47 освоени поени, додека Арсенал моментално е на 48 поени. И кога биле тие толку чести сезони во ПЛ кога на 20то коло првиот тим бегал 10+ поени, освен сезоната 2019-20 кога Сити имаше процес на транзиција, а другите тимови немаа квалитет во себе. Ти ова 10+ бода го кажуваш како да секоја сезона случај, па сега Арсенал било срамота да не е на 10+ бода од вториот.