Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Добро јас искрено и не знаев за ова како го нарекуваат "племе".
Дека се блиску до Турците, имаат скоро ист јазик, ама и некои културолошки особености.

Сепак, ова е државна Македонија, на македонскиот народ и сите останати малцинства.

Ако веќе сакале да го промовираат и својот јазик, култура итн., можеле тоа по суптилно да го направат.

Филмот да биде двојазичен и македонски и дијалектот на турски кои го зборуваат.

Така би се промовирал и македонскиот јазик и кај Македонците би бил поинтересен.

Искрено, овака било каде да го пуштат во регионот, сите ќе помислат дека е турски филм.

Ова е искрено и омаловажување на земјата во која живеат.
 
Јас трејлерот го изгледав од тој DJ Ahmet и ме фати срам, ама онака сериозен срам, да не знаеш за каде се работи ќе мислиш дека е сместен во најзатуцаното село во Афганистан. Правиме филм за двајца без тројца малцинство коешто ги има најзатуцаните вредности во државава на туѓ јазик.

Скоро сите филмови ни се такви, сами се претставуваме како да живееме во 15 век, со landscape на недојдии и скапани куќи во позадина и затуцани вредности, и после се чудиме зошто не доживуваат како неандарталци. Ако овој филм треба да ја претставува Македонија, не фала.

Место да правиме филмови со интересна содржина, или да правиме филмови каде што би можеле да ја промовираме убавината на Македонија, на пример филмот да е сместен во Охрид или во други убави места каде што после тоа би се зголемил и туризмот (после филмот In Bruges, во Бриж бил зголемен бројот на туристи), ние снимаме филмови во Шутка и кај Јуруците. :facepalm:
 
Јас сум инаку роден и живеам во Србија, моментално сум во Крагуевац и овде чудо прават, како што повеќе од вас и гледа.

Во последните 10 години толку квалитетни филмови и серии се пласирани, што со овој темпо Македонија не може ни за 200 години да направи.

Можеби и единствен македонски филм што сум го гледал со врвно сценарио и квалитет на сликата е "До балчак".

Се надевам во годините што доаѓаат барем еднаш годишно ќе пласираме добар филм или серија, иако во Србија за период од само година дена ќе излезат барем 7-8 добри наслови.

Некој ќе каже па Србија е поголема, финансиски појака, ама не сме и ние Сан Марино со 50.000 жители па да не можеме нешто квалитетно да направиме.
 
Најде со кој да не споредува. Во Србија се снимале добри филмови. Еве само една споредба:
-број на номинации за Оскар на македонски филм по распадот на Југославија - 3
-број на номинации за Оскар на српски филм по распадот на Југославија - 0
 
Poverty porn за зеленокоси западњаци да пуштат некоја суза, тоа ни се филмовите. Обавезно малцинство со чунга лунга јазик, шалвари панталони и шамии, кадри од кучиња по депонии, распаднати куќи во некое село у пичку матер со везани пиперки како висат, по некоја цицка исто како виси и тоа е, рецепт за македонски филм.
 
Сиљан излезе официјално на Disney+. 4K HDR10 и сите салтанати. Има и DV верзија мислам.
Арно ама, ако се пуштите со македонско ИП ќе ви рече „доџи у март“.
Со американско го пушта.
 
Сиљан излезе официјално на Disney+. 4K HDR10 и сите салтанати. Има и DV верзија мислам.
Арно ама, ако се пуштите со македонско ИП ќе ви рече „доџи у март“.
Со американско го пушта.
И на National Geographic телевизијата го давале ама во америка веројатно. На оваа европскава што ние ја имаме кој знае дали воопшто ќе се емитува.

Годинава, од тоа што имам увид, премиери имаа дури 6 долгометражни играни филмови, десетина кратки и долги документарци и десетина кратки играни и 3 анимирани филмчиња.
Додека 2025 година полека се пакува да видиме што добивме на поле македонски филм.

Годинава, од тоа што имам увид, премиери имаа дури 6 долгометражни играни филмови, десетина кратки и долги документарци и десетина кратки играни и 3 анимирани филмчиња.

Годината започна со премиерата на долгометражното деби “Сите го викаат Реџо”, уште еден македонски филм на албански, веројатно инспириран од култниот сит-ком “Сите го сакаат Рејмонд”. И додека Рејмонд беше добра и смешна серија, Реџо е далеку од нешто добро, а камоли смешно - иако авторот го претставува како комедија.

Георги Унковски го донесе и вториот македонски филм за оваа година “Диџеј Ахмет” кој уште на премиерата на Санденс се закити со награди, а успешно се претстави и во Сараево, Херцег Нови, Севиља и беше прав crowd pleaser на фестивалите со полни сали секаде кај што ќе прошеташе. По подолги години добивме филм што изнудува насмевки, а хуморот не е исфорсиран, како кај најгледаниот филм од 2022 година.

Оваа година го добивме и првиот биографски македонски филм што не е биографски, а не е ни на македонски во “Мајка” - фиктивна приказна за Мајка Тереза, целосно снимена на англиски јазик. Критиката уште еднаш говори колку Теона не знае да сними добар филм, а богами лошо проаѓа и кај публиката. Не ми е гледан, ама судејќи по претходните искуства со Теона и оваа е веројатно miss, а не hit.

Четвртото остварување во долгометражна селекција е насловено “Кома” и повторно е на албански јазик. Филмот освен премиерна проекција во Тетово немал кино дистрибуција, а не сум слушнал/прочитал ништо од тие што го погледнале. Може по гледањето на филмот и тие паднале во кома или зимски сон, кој знае.

Единствениот македонски филм на македонски јазик годинава доаѓа од независна продукција во режија на Јани Бојаџи. Со филмов “Утре наутро” Јани уште еднаш покажува дека има добра идеја и муда да чепне политички теми, ама за жал не е сценаристички вешт да напише и режира добар филм. Филмов испадна само многу врева за ништо, што би рекол Шекспир.

И шестиот филм што имаше премиерна проекција во Кинотека е “Паркот на Дора”. Третиот македонски филм на албански што е најавен за кино дистрибуција во скоро време. Уште еден филм од кој не може да се очекува нешто и најголем дострел би му биле фестивали во Приштина, Тетово или Тирана.

Од краткометражните филмови може да се издвои “Избор” на Црногорски што е чинам најнаградениот краток филм во оваа 2025 година и да се спомене влегувањето на Сара Климоска во режисерски води со краткиот “Нова енергија”.

Анимираниот филм успешно ја претставуваше Македонија, а “Неми филмови” во продуцентска палка на наш @џимеј отиде на Анеси - најпрестижниот фестивал за анимирани филмови во светот, а прошета и низ многу други фестивали, додека “Јон Вардар против галаксијата” и оваа година успешно продолжи да се прикажува низ фестивалите, а освои и некоја награда.

Од играната продукција каде Македонија влегува како малцински продуцент излегоа дури 10 долгометражни играни филмови и два кратки.

Белгискиот краток “Лојнс” играше во Кан, без некој посебен успех по фестивалите. Од долгометражните, најголем успех имаше словенечкиот “Фантази” што премиерно играше во Локарно кај што лапна некоја награда. Инаку во филмот се работи за три машкуданки што се спријателуваат со македонска транс-џендер женска по име Фантази. Топ прича - на невидено…

И најголемиот успех годинава доаѓа од документарната продукција и тоа независен филм, без поддршка од Агенцијата на Филм, од режисерското перо на Тамара Котевска. “Приказната на Силјан” што имаше гала премиера во Венеција каде ја доби единствената награда во селекција каде нема официјални награди. Филм што повторно ја носеше Македонија на значајни фестивали и беше добра можност Тамара Котевска да стане прв режисер/ка од Македонија со две номинации за Оскар.

Сума сумарум иако годинава имаме одлична бројка на премиерно прикажани долгометражни филмови, дури 6, жално е за македонскиот народ и јазик да се пофали дека сите 5 долгометражни филмови подржани од буџетот на тој македонски народ се на друг јазик: 3 на албански, 1 на турски, 1 на англиски. Жално е единствениот филм во кој најголем процент од текстот е на македонски да биде независниот филм ‘Утре наутро’. Жално е и да се пофалиме дека имаме филм за Оскар што не е поддржан од АФРМ, ма колку и да се тие оградувале дека Тамара не аплицирала за да добие пари.

Во новата година да се надеваме дека Тамара повторно ќе не радува со својот игран првенец и да се надеваме дека од новите 12 играни остварувања ќе имаме уште поголеми успеси и радости за македонската култура. На здравје и да се читаме за убаво. :ајнапиво:

Shawn Spencer, со искрено почитување за твоето филмофилско знаење и љубовта кон киното што очигледно ја имаш. Се гледа дека си гледал многу филмови и дека знаеш да препознаеш форма, стил и авторство. Но исто така морам да кажам дека си крајно разочарувачки во коментарите секогаш кога филм не ти „зборува“ на македонски јазик.
Јас сум новинар и имам направено интервјуа со многу режисери. и ги следам сите филмови што се продуцираат во Македонија, без разлика на јазикот. Македонија веќе оди на Sundance и до Оскар со еден „нов“ јазик турски. Не затоа што не знае македонски или албански, туку затоа што раскажува реални приказни од реални средини.

Она што не е фер во твојот текст е тоа што зборуваш за филмови што очигледно не си ги гледал. „Сите го викаат Реџо“ го спомнуваш како инспириран од „Everybody Loves Raymond“, што е едноставно неточно. Јас лично сум имал интервју со режисерот, каде јасно објаснува дека насловот доаѓа од неговата средина од реална личност која сите во селото ја викаат исто, како последен мајстор што останал. Авторот ниту во еден момент не го има претставено филмот како класична комедија. И на IMDb стои драма / dark comedy. Значи, уште на старт имаме погрешна информација и погрешен контекст.
Дали тебе ти се допаѓа филмот или не апсолутно имаш право на свој вкус. „Реџо“ беше еден од поуспешните филмови минатата година, барем кај албанската публика. Филмот се прикажуваше речиси секаде каде што има албанска публика и во регионот и во дијаспората.
За „Кома“ велиш дека е „пак филм на албански“, а истовремено признаваш дека немаш информации дали бил на фестивали или во кино. Но тоа не е изолиран случај има и филмови на македонски што завршија без дистрибуција и без глас. Проблемот тука не е само јазикот, туку системот а понекогаш и самиот филм. Причините се повеќе и не се црнобели. Според разговорот што го имав со режисерот на „Кома“, екипата свесно се обидувала да влезе на фестивалска мапа. Работеле со долги кадри, артхаус пристап и форма што бара техничка прецизност. Дали во тоа целосно успеале или не тоа е веќе ствар на гледање и оценување. Но факт е дека имале и сериозни технички проблеми за време на продукцијата, што неминовно се одразува на крајниот резултат..
А „Паркот на Дора“ го сведуваш на тоа дека најголем дострел му се фестивали во Приштина, Тетово или Тирана. Со тоа покажуваш дека или немаш информации за филмската сцена во Косово и Албанија, или свесно ја потценуваш. И едното и другото е проблематично. Тие фестивали одамна не се „локални утехи“ „Паркот на Дора“, станува збор за дебитантски филм. Луѓето допрва почнуваат, филмот има познати актери и е јасно дека авторот е на стартна линија. Не е фер таков проект однапред да се сведе на „ништо не може да очекува“.
Искрено ми е жал што од човек со толкаво филмско знаење гледам толкава затвореност. Не да гледаш, туку да одбиеш да гледаш. а тоа е најлошото што може да му се случи на еден човек што ги сака филмовите.
-најмногу те загрижува тоа филмовите да зборуваат само на македонски. Јас мислам дека поважно е да знаат да зборуваат филмски. „DJ Ahmet“ отиде на Sundance со целосна приказна на турски јазик, а „Honeyland“ со ликови што воопшто не зборуваат македонски и двата филма стигнаа далеку.
Ајде да бидеме искрени: филмовите што зборуваат македонски не се тие што последниве години направија најголем меѓународен чекор. Тоа не го кажувам како навреда, туку како реалност што треба да нè натера да размислиме, не само да броиме јазици.
-Ако навистина погледнеме подлабоко, и „Before the Rain“, што беше номиниран за Оскар, не е целосно само македонска приказна со само македонски ликови. Разбираш што сакам да кажам. Навистина успешните филмови во Македонија често се оние што зборуваат повеќе јазици, што доловуваат повеќе реалности и што ја разбираат комплексноста на средината.

P.S.
На крај, сите сме на иста страна, страната на филмот <3
 
Најдов неколку кратки филмови во кои Тамара Котевска е режисер, мислам дека потешко се наоѓаат, ќе ги ставам тука ако некој сака да погледа.

Езерото од јаболка 2017

Игри 2014

Законот на шепата 2019

Бесплатни прегратки 2015

Супер би било ако некој го најде Соло Мод 2021 https://www.imdb.com/title/tt15296614/ и го постира тука.
 
Мислам дека не баш го имаш разбрано @Shawn Spencer со тоа што тој сакаше да го каже. Тој не вели дека нам (на Македонците) ни се проблем филмовите на друг јазик. Напротив, еве лично јас го имам оценето DJ Ahmet со 10/10 оценка и на LB и на IMDB и сметам дека е во топ 10 наши филмови направени во последниве 15-20 години. Верувам и тој го има истиот став. Плус и знам дека има оценето филмови на албански јазик доста високо. Знам, зашто заради неговата висока оценка и пофалбите кои ги имаше за „I fshehur“ на Арсим Фазлија, го барав филмот под дрво и под камен да го гледам и не успеав (до пред некој ден).

Муабетот нему не му е дека нам ни се проблем филмовите на албански, туку факт е дека веројатно тие филмови имаат проблем со нас. Речиси невозможно е да се најдат и да се гледаат. Од цела продукција македонски филмови на албански јазик јас имам најдено и гледано само два: „Незаборавната пролет во заборавено село“ на Куштрим Бектеши и „Војната заврши“ на Митко Панов (кој е одличен филм и многу ми се допадна!). Тие филмови ги нема по нашите кина или и да има некаде некоја проекција ние не добиваме информација за истата. На торенти не можеме да ги најдеме, а камо ли по стриминг платформите. Пристап до албански тракер немаме. Јас прашував и колеги Албанци - тие не ни знаеа што е тоа, а не па да ми дадат насоки каде да ги најдам... А и да ги најдам, слично како со некои од филмовите на Иво Трајков, на пример, нема шанси да најдеме превод, ни англиски, а не па македонски. Со други зборови: тоа се филмови веројатно наменски правени за друга публика и не допираат до нас, едноставно со години по нивната премиера ние уште не можеме да ги најдеме и гледаме (еве прост пример: филмот „Мојот татко“ на Шќипе Нуредини Дука, филм од 2013, пред 13 години, се уште го нема никаде онлајн да се погледне, а за споредба, ги имаме сите македонски филмови снимени во 2025, на пример). Ние не сме им целна група гледачи на тие филмови, затоа велам дека ние немаме проблем со нив, тие имаат со нас! ;) А верувај дека барем јас и Шон со задоволство би ги гледале. На тоа тој мисли во неговото мислење, а не дека нам ни сметаат тие филмови. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom