Random Movie Roulette (ЈАНУАРИ 2026: An Affair to Remember - Leo McCarey (1957))

Денес ги изгледав двата филма.
1. Into the Blue 5/10
Го имав гледано одамна. Сега пак го пуштив. Филмот не е посебно успешен и впечатлив ни по приказна, ни по глума, ни по кинематографија. Пресвртот со Џош Бролин како главен негативец иде од никаде. Во позадина под вода може да се видат и екипажот како снимаат. Сите главни ликови некако толку брзо заборавија на оваа како ја викаа.
Онака филм што би одел на некој тв канали како синеманија.

2. The Long Goodbye 5/10
Многу антипатичен главен лик. Типот сосила се прави мангуп со тоа цигарите. Премногу е грд за да биде кул.
Цела приказна и мистерија сама си се открива бидејќи режисерот ја има направено така да сите рандом случки и ликови да се поврзани еден со друг, жими детективот.
 
Последно уредено:
The Long Goodbye - 5.5/10​

Пред да почнам да го гледам филмов бев одморен, сега сум како воз да ме прегазил, секоја мозочна клетка ми ја исцеди. Генерално атмосферата на филмовите од 70тите ми е многу лоша, пример во филмовите од 80тите од овој жанр, атмосферата е исто доста лоу баџет, ама некако далеку погледлива ми е и помалку иритантна. За споредба во 70тите масивно се форсира цигари, секоја соба и простор, независно дали е болница, станица, авионски лет, треба да е димница, веројатно по бедес ликовите им изгледале така, во 80тите гледале фокусот да им е мистична да е сцената, да има што поголем твист во сцената. Брајан де Палма многу добри филмчиња од овој жанр има направено, ова реално беше доста лош филм.

Не ме иритираше толку глумецот, ама форсирањето цигара и тоа како иритираше. Па некои сцени не се ни слушаше што збори, бидејќи цигарата му беше во уста и само мрмљаше. Ова сцените со јогата и типкиве за да ги сфати некој, треба да се пребаци во тоа време. Во смисла, типов е закоравен, а девојките со јогата се модерни и го пратат трендингот на хипиците, мир и зен секаде, мара и стонирање, додека овој од преко пута не го сфаќа трендигот. Ама човече реално ли е 10+ сцени само за ова да ни се покаже, а никаква улога во филмот девојките да имаат, па има и пооригинални начини цицки во филмот да се уфрлеа. На крај, најскапо нешто што може да се изгуби е довербата, тоа е и поентата на филмот.

Сума сумарум, едвај гледливо искуство. Многу досадни сцени, дури и тоа што беше предвидено да е плот твист и да има некоја акција, беше толку мртво направено, тотално рамнодушен да те остави. Нека се паѓа третиот поарен филм во јануари, да не биде мачилиште темава. :P
 
The Civil War on Drugs (2001)
Ова е целовечерен филм на дечките кои крајот на деведесеттите имале некоја популарна комична емисија. Премисата на филмот е дека граѓанската војна во САД, по ред недоразбирања се води заради забраната за консумирање марихуана. Оттука еден куп извртени ситуации.
Жанровски е комедија/сатира на апсурдот, со стилот на денешен поглед на светот поставен во историскиот контекст на времето во кое се случува.
За љубителите на емисијата и на овој специфичен хумор веројатно е прав погодок. Затоа веројатно и толку висока оценка, а малку гласови.


The Long Goodbye (1972)
Ако го гледаме филмот како екранизација на еден од најпопуларните криминални романи, тогаш е чисто промашување. Елиот Гулд како Филип Марлоу е еден од најлошите можни кастинзи, иако со Доналд Сатерленд е многу популарен во тој период, пред сѐ поради успехот на Меш. Тотално различен од ликот на приватниот детектив од книгите.
Самата приказна е прилично поедноставена и најверојатно заради тоа немаше доволно смисла и оправдување на постапките на ликовите.
Филмов двапати го имам гледано и двапати веднаш заборавено, освен куќата со терасата на брдото, ако не беше и тоа од некој друг филм.
 
The Long Goodbye (1972)

Ве читав погоре и ви се чудев што ви е оти пишувате за цигари, ама овој марлборо да ти е бетер од цела сезона Наркос со оглед на тоа дека повеќе пуши него што збори... имав претчувство дека ќе биде нешо досадно - па броев колку пати ќе запали цигара и после 14ти пат негде реков кој курац и ја ли сум споулавел па баталив ....

Обично не ми сметаат овие филмови од 70ти, напротив баш прикажуваат еден интересен тренд на промена на култура/субкултура, каде се почнува со џандарско/детективски филмови или vigilante а субкултурата(хипи) треба да биде нешто бескорисно изживеано . Kоа си во екот на виетнамска војна и имаш драфт почнуваат да излагаат dirty harry , the french connection и се друго law abiding кое пробува да се екранизира и профитира, во случајов претпоставувам ликов би требало да биде повеќе некоја копија на обичен лик од тоа време со сите маани претставен као некој вид на херој, но некако ништо не ми остави посебен впечаток,... лигав смрдлив филм веројатно како што било и на повеќето време од самиот сет.

4/10
 
The long goodbye (1972)

Филип Марлоу е лик што личи на Мо Сизлак од Симпсонови. Онака, антиромантичарски егзистенционалист кој живее со својата мачка. Предосаден филм, со неколку линии на поврзување на настаните. Можеле да го збогатат филмот со флеш-бек сцени, ние гледавме праволиниски, исклучително од визуелизацијата на Филип.

Книгата не ми е читана, со тоа не ми е ни позната нејзината содржина. Така, не знам дали се работи за штурост во приказната, сепак станува збор за книга од златната ера на детективските романчиња, или пак нејзина лоша екранизација.

На позитивната страна, Филип не е апсолутист во своите детективски претчувства, многу касно осознава одредени делови од приказната, многу покасно и од самата полиција. Ова дава одредена реалистичност на карактерот, во однос на другите од тоа време, кои имаат субјективна методичност која ја објаснуваат последните 10тина минути/страници од филмот/книгата.

Нешто што ме изненади, е физичката кондиција на Филип да може да истрча скали. Нешто што ми се допадна се малите цициња. Друго ништо. 2/5
 
Конечно да се најди време да се изгледа филмов.
Кажани се погоре сите важни работи да не се повтораме. Бавно дејство, те изморува дури да го догледаш. За тепање време кога ти е досадно не е лошо, просек. Ако треба оцена, 6 од 10.
 
Го завршивме и вториот месец, кој го гледаше гледаше The Long Goodbye, одиме на трета мајка!

А третиот филм се падна, верувале или не, на прва!

1767175151103.png

8772 на листата е:

3. An Affair to Remember - Leo McCarey (1957)

1767175457587.png

Уште еднаш среќна Нова 2026, многу изгледани филмови во неа и секое добро!
 
An affair to remember (1957)

Оф! Ќе мора да се сложам со Папагалчето, очекував многу повеќе.

Овој филм, извесен период, од неколку години, ми стоеше симнат со намера некогаш да биде изгледан, па додје и тој ден!

Не ми лежат филмовите без акција. Под акција подразбирам нешто, било што, активно да се случива во филмот. Долгите дијалози наликуваат на филмска радио-драма, каде евидентна глума имаше само во базенот и кога излегуваа од бродот. Другото, слободно, може да се слуша, нема потреба да се гледа, ништо нема да се пропушти од филмот. И на почетокот од филмот имаше мапа каде беше заборавен Балканскиот полуостров!

Сакам да употребувам оксиморони, филмов би го опишал како “спонтана неспонтаност“. Така, има многу сцени каде се форсира судирот помеѓу ликовите, со цел да се зближат, да имаат причина да се видат или да поразговараат. Гестот со “завесата“ беше сладок, само не ја сфаќам поентата зад тоа парче облека.

Имаме и еден убав, сладок и топол цитат: “winter must be cold for those with no warm memories“. :love:
 
Знаев уште од старт дека нема да ми се допадне.
Првиот дел од филмот додека беа на бродот некако го изџвакав, но вториот ми беше ужасно досаден.
Староста и тематиката си го направија своето. An Affair to Remember добива 5/10 од мене.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom