Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Meчка е убедливо најдобар наш пикер во моментов, сега кога целосно се опорави од повредата и се врати на редовни тренинзи, едноставно мораше да биде на списокот, на страна играта на терен, енергијата што ја носи со себе и влијанието што го има над останатите соиграчи е нешто непроценливо.
Верувам Кире најдобро знае, Мечка нема стапнато на терен од Август, Европско си бара 120% спремност, не е Тинекс Пролет и Радовиш па у лер ќе играме.
 
Верувам Кире најдобро знае, Мечка нема стапнато на терен од Август, Европско си бара 120% спремност, не е Тинекс Пролет и Радовиш па у лер ќе играме.
Моментално мечка е зад сите пикери така да џабе се плачи зошто не е земен.Се враќа од тешка повреда и неговите тренинзи со то шо бара европското се небо-земја.
Алкалоид репрезентација
Кој треба да се земи а не е земен?
 
Моментално мечка е зад сите пикери така да џабе се плачи зошто не е земен.Се враќа од тешка повреда и неговите тренинзи со то шо бара европското се небо-земја.

Кој треба да се земи а не е земен?
ДДимитриоски од Прилеп,Николов од Бутел резерва кога ќе потпише за Алкалоид,Аларов стигна во репка откога е во Алкалоид.Дури Гогов не е ни во резерви ама двата голмани пак негови.Го ставил Танковски колку ради реда.Сите средни бекови пак негови.Мислиш во Алкалоид има играчи од класа на Гидсел Питлик Мем и др.мислиш дека другите клубови нема играчи за репка. Не мислам дека од Алкалоид не се добри но дајте малку со мера.
 
Edinstveno nesto za koe ne se soglasuvam e sto Velkovski e pak zemen, ednostavno deckoto ima 28 god i seuste nema madinja za golemo natprevaruvanje. Tuka mozebi trebese F.Nikolov da bide mesto nego, ma da kako sto gledam statistika na Sofascore, Nikolov e dosta dobar scorer no protiv amaterski ekipi kako radovis, kumanovo, prolet itd. Koga igral protiv Vardar, Pelister, Ohrid ili Alkaloid nekako nikogas go nemalo, pa iskreno spored ova ne znam ni toj kolku bi se snasol na edno vakvo nivo.
Mecka poradi povredata bese jasno deka ke bide out, bas steta
I edno ogromno bravo za zemanjeto D.Mitev, vreme bese da mu se dade sansa.
Mozebi isto Ojleski bi mozel da upadne negde ama mislam deka pred se poradi defanzivnata rotacija se zemeni na levo krilo petar i djonov, goce prvo nema predispozicii kako niv vtoro ne e dobar defanzivec
 
Луѓе што ракомет гледале само од трибини знаат повеќе од некој што изгинал на терен, освоил бројни титули и е најдобар спортист што земјава го дала. И тоа е сѐ што треба да се знае за македонскиот народ.
 
Ако кај некој од играчите на Алкалоид има реален напредок, тоа несомнено е Марко Стојковиќ.
Детево игра одлично во напад и одбрана, се трансформира во модерен пикер и го оправдува потенцијалот кој го поседува.
Моментално е еден од најдобрите играчи во тимот.
Бековската линија е проблематична, оние кои треба да го понесат товарот, Митев се враќа по голема пауза, сеуште не е во натпреварувачки ритам.
Кузмановски игра некако топло-ладно, може комплетно да го затворат.
Други бекови кои можат да бидат силен адут, да прават разлика, НЕМАМЕ.
 
Верувам Кире најдобро знае, Мечка нема стапнато на терен од Август, Европско си бара 120% спремност, не е Тинекс Пролет и Радовиш па у лер ќе играме.
Мечка и на 50% да игра е поквалитетен од сите други повикани пикери, со исклучок на Пешевски
 
Очекував Димитриоски да се најде во скратениот список, игра 60 минути на сите натпревари во Прилеп и е прв стелец во првенството, а и формата на Џонов и Атанасијевиќ не е на највисоко ниво сезонава.
Никола Маркоски за прв пат по долги години не е на списокот, што значи Аларов ќе е негова замена и прв дефанзивец во составот.
 
Ракомет со крила играме само против афрички земји или слично ниво на тие репрезентации. Сѐ друго го играме преку бекови или пикер или толку ни дозволуваат противниците. Така да кој ќе е на крилна позиција и не менува многу многу моментално. Во група имаме три јаки противници, нема што многу да очекуваме од ова првенство за втора фаза или нешто повеќе, освен некои ракометари да испаднат во прв план и да добијат на искуство.
За 'Мечка' нема што да се буниме зошто не е повикан, друго е враќање на терен со тренинзи друго е играње на натпревари..
Во глобала списокот е тој.
 
Од лево крило ќе имаме 5 гола постигнато со 50% реализација на цело првенство. :D Очекуван состав можеби последно големо натпреварување за Митревски,Пешевски. Кузмановски главна виолина ,ќе видиме колку ќе можи Митев послем повредата, на десен очекувам по 3-4 технички на натпревар.
Десните крила браќата мислам ќе ни се најконстатни. Се на се тоа е составот
штета шо нема никој од Вардар незнам зошто се изоставени Мечка, Гогов, поготово Стојановски кој е во натпреварувачка форма и гази !
 
Горе долу списокот е тој - очекуван и логичен.

За Лазаревски нема што да се замерува, цела полусезона ја пропушти заради повреда и допрва треба да се врати на терените. После повреда прв меч да ти биде на ЕП е многу лоша стратегија, за среќа сега имаме далеку поширок ростер и не мора да правиме такви потези - ниту една сериозна репрезентација не би зела играч кој не играл цела полусезона и тукушто почна да тренира после повреда.

На лево крило, знаеме веќе дека тактички на екипата заради средните бекови му е потребно крило кое може да игра во одбрана на поцентрална позиција (2ка или 5ка). Со оглед дека на десно крило таква опција нема (освен ако ставиме еден од бековите таму) логично е заради тактички дефанзивни причини да се фаворизираат Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов (се виде и изминатата година-две дека има смисла тој тактички потег, така и се подобри играта). Да го прифатеше повикот Манасков може и ќе се размислуваше на некоја друга варијанта, со оглед на формата во која беше есента (додуша сега е и суспендиран, не знам ни дали ќе смееше), ама вака е очигледно што треба да се прави.

Околу резервите се можни можеби некои алтернативи со сличен квалитет, но реалноста е дека резервите не се планирани за првенството, тие се за секој случај ако некој непланирано се повреди.

Поголемо прашање е кои 5 од овие 21 ќе отпаднат од списокот. 2 претпоставувам ќе останат во Македонија, а 1 голман и 2 играчи ќе отидат како резерви на трибини. Многу веројатно ќе одат со 3ца на трибини, еден голман, еден од 5те левораки играчи и најверојатно 1 пикер. Кои се двајцата што нема да патуваат ќе видиме, но ако се сите здрави мојата претпоставка е дека ќе бидат најмладите Ристевски и Д.Митев, иако не е исклучено и овие двајца да бидат во тројцата на трибини а други двајца место нив да отпаднат. Се разбира, прво, дај боже сите здрави да бидат, ако има повреди се руши цел концепт.

Претпоставени 16 (ќе видиме дали ќе има изненадување)
голман: Томовски / Митревски / (Галевски)
лево крило: Џонов / Петар А
десно крило: Ненад К / Никола К
пикер: Пешевски / Стојковиќ / Карасманакис / (Аларов)
лев бек: Кузмановски / Павле А
среден бек: М. Митев / Ѓоргиев / Ивановски
десен бек: Велковски / Серафимов (Јагуриноски)


резерви (голман, леворак, пикер): Галевски / Аларов / Јагуриноски
ќе останат во МК (пикер и еден лев или среден бек): Ристевски / Д.Митев


Инаку, за првенството, јас сум поприлично скептик оваа зима (што заради тежината на групата, што заради сплетот на околности со повреди и фактот што Алкалоид немаше европски натпревари есенва). Мое мислење е дека целиот овој период, главниот фокус на Кире секако е да се проба уште еднаш да се стигне до досега недостижните олимписки игри (тука мислам е и логиката на целата приказна со Хориха). Главните квалификации за ОИ 2028 се преку СП 2027, така што фокусот на ова ЕП е квалификување на СП идната година. За полесен противник во баражот, потребно е да се заврши најверојатно во топ 17 (што значи да се биде најмалку 3 во групата и да не се биде со најлош скор од 3то пласираните. Во превод, мора да се победи Романија, но и не смее да се изгуби убедливо од Данска и Португалија (особено тоа што играат на старт со Данска во Хернинг е голем потенцијален проблем, со оглед на доминантноста на Данците).
 
ДДимитриоски од Прилеп,Николов од Бутел резерва кога ќе потпише за Алкалоид,Аларов стигна во репка откога е во Алкалоид.Дури Гогов не е ни во резерви ама двата голмани пак негови.Го ставил Танковски колку ради реда.Сите средни бекови пак негови.Мислиш во Алкалоид има играчи од класа на Гидсел Питлик Мем и др.мислиш дека другите клубови нема играчи за репка. Не мислам дека од Алкалоид не се добри но дајте малку со мера.
И Мите Караиванов го заборави
 
Мора да сватиме дека треба играда да се темели врз систем а не поединци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom