Горе долу списокот е тој - очекуван и логичен.
За Лазаревски нема што да се замерува, цела полусезона ја пропушти заради повреда и допрва треба да се врати на терените. После повреда прв меч да ти биде на ЕП е многу лоша стратегија, за среќа сега имаме далеку поширок ростер и не мора да правиме такви потези - ниту една сериозна репрезентација не би зела играч кој не играл цела полусезона и тукушто почна да тренира после повреда.
На лево крило, знаеме веќе дека тактички на екипата заради средните бекови му е потребно крило кое може да игра во одбрана на поцентрална позиција (2ка или 5ка). Со оглед дека на десно крило таква опција нема (освен ако ставиме еден од бековите таму) логично е заради тактички дефанзивни причини да се фаворизираат Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов (се виде и изминатата година-две дека има смисла тој тактички потег, така и се подобри играта). Да го прифатеше повикот Манасков може и ќе се размислуваше на некоја друга варијанта, со оглед на формата во која беше есента (додуша сега е и суспендиран, не знам ни дали ќе смееше), ама вака е очигледно што треба да се прави.
Околу резервите се можни можеби некои алтернативи со сличен квалитет, но реалноста е дека резервите не се планирани за првенството, тие се за секој случај ако некој непланирано се повреди.
Поголемо прашање е кои 5 од овие 21 ќе отпаднат од списокот. 2 претпоставувам ќе останат во Македонија, а 1 голман и 2 играчи ќе отидат како резерви на трибини. Многу веројатно ќе одат со 3ца на трибини, еден голман, еден од 5те левораки играчи и најверојатно 1 пикер. Кои се двајцата што нема да патуваат ќе видиме, но ако се сите здрави мојата претпоставка е дека ќе бидат најмладите Ристевски и Д.Митев, иако не е исклучено и овие двајца да бидат во тројцата на трибини а други двајца место нив да отпаднат. Се разбира, прво, дај боже сите здрави да бидат, ако има повреди се руши цел концепт.
Претпоставени 16 (ќе видиме дали ќе има изненадување)
голман: Томовски / Митревски / (Галевски)
лево крило: Џонов / Петар А
десно крило: Ненад К / Никола К
пикер: Пешевски / Стојковиќ / Карасманакис / (Аларов)
лев бек: Кузмановски / Павле А
среден бек: М. Митев / Ѓоргиев / Ивановски
десен бек: Велковски / Серафимов (Јагуриноски)
резерви (голман, леворак, пикер): Галевски / Аларов / Јагуриноски
ќе останат во МК (пикер и еден лев или среден бек): Ристевски / Д.Митев
Инаку, за првенството, јас сум поприлично скептик оваа зима (што заради тежината на групата, што заради сплетот на околности со повреди и фактот што Алкалоид немаше европски натпревари есенва). Мое мислење е дека целиот овој период, главниот фокус на Кире секако е да се проба уште еднаш да се стигне до досега недостижните олимписки игри (тука мислам е и логиката на целата приказна со Хориха). Главните квалификации за ОИ 2028 се преку СП 2027, така што фокусот на ова ЕП е квалификување на СП идната година. За полесен противник во баражот, потребно е да се заврши најверојатно во топ 17 (што значи да се биде најмалку 3 во групата и да не се биде со најлош скор од 3то пласираните. Во превод, мора да се победи Романија, но и не смее да се изгуби убедливо од Данска и Португалија (особено тоа што играат на старт со Данска во Хернинг е голем потенцијален проблем, со оглед на доминантноста на Данците).