Мојата клима што ми е во спална е Daikin Comfora 2kW
FTXP20N / RXP20N
Спецификации и нема којзнае какви.
Надворешна од 24 кг со еднореден изменувач.
Фреон 550 грама.
Мало single компресорче али сепак swing технологија
Внатрешна има вградено WiFi, свинг лево-десно како и дополнителни филтри, оние сунгерчињата.
А++ енергетска SCOP 4.65
Капацитет на греење
-7 1.95kW
-10 1.99kW
-15 2.05kW
Значи ништо посебно.
Клима наменета за просторија со мали топлотни загуби.
Кога ја купив имав проблем со крцкање на пластика на внатрешна. Сепак оваа клима не е премиум модел па пластиката и не е баш најквалитетна.
Јас тоа крцкање пуцкетање сам си го решив со разлабување на две штрафчиња и со тоа пластиката доби поголем простор каде да се шири кога се загрева.
Крцкањето целосно исчезна.
Ќе постирам слика кои точно штрафчиња ги разлабавив и ви го препорачувам овој ефтин трик на сите кои го имате истиот проблем.
Климата сега е многу тивка. Нема никаква бучава, се слуша само струењето на воздухот.
Тоа се должи на онаа нова технологија на Даикин турбина + ел.мотор
За ова еднаш веќе сум пишувал и истражував малку повеќе бидејќи наредна недела ќе монтирам уште една Даикин клима која го има истиот систем па сакав да дознаам нешто повеќе. Иако нема многу информации на интернет ова е она што досега го знам.
Наводно Даикин овој изум го базира на технологија MagLev (Magnetic Levitation), истата технологија што ја користат оние брзи возови кои можат да постигнат брзина и преку 500км/ч бидејќи немаат контакт со пругата со шините, односно лебдат над нив.
Кај Даикин на турбината имаме вграден магнетен прстен. Ова ќе ни биде роторот.
Еве како изгледа
Доколку се погледне од горе има како некои малечки дупчиња, секое на исто растојание едно од друго, каде што можеби се ставани други магнети. Можеби од оние ретките како Неодиниум. Но за ова нема поточна информација на нет.
На овој начин магнетот добива повеќе од еден јужен и повеќе од еден северен пол. Односно е мултипол магнет.
Моторот, кој е фактички статор, има помал дијаметар и тој влегува испод магнетниот прстен. И ја добиваме таа левитација. Сепак има и осовина која влегува во една гумица на моторот и служи за да биде се во центар се додека не почне да протекува струја низ намотките на моторот. Нема никакви лагери никакви четкици. Ете како изгледа и има споредба со стандардна турбина и мотор.
И ја стартоваме климата, струјата протекува низ намотките на ел.мотор. Се добива ел.магнетно поле врз кое лебди тој кружен магнет. Намотките добиваат обратен поларитет па бидејќи ист пол се одбива со ист а се привлекува со различен, турбината почнува да врти. Магија
Како резултат добиваме скоро нула бучава, нема лагери кои се расипуваат и ствараат бучава, долготрајност и зголемена енергетска ефикасност.
Даикин овој изум го има патентирано и го монтира кај повеќе модели.