Споредуваш возење во Скандинавија со возење во Македонија, а пешаците ги занемаруваш во споредбата.Апсолутно дека секој мора да внимава и да се придржува до сообраќајните правила, но тоа не го менува фактот дека возачот е правно виновен доколку нешто се случи.
Затоа прилагодување на брзината е круцијално, пишав погоре статистика, во зона кај што е дозволено 30, некој ако вози со 40 веќе значително го зголемува ризикот за смртност кај пешакот.
Има причина зошто има ограничување на брзината, не е туку така, не е за да намерно се закочи сообраќајот. На крај краева влегуваш во динамична околина со самото влегување во сообраќај, доколку прилагодување на брзината и пазење колку возиш ти претставува стрес, може и не треба да возиш.
Цел свет вози вака, тука во дистанца од 1км може ограничувањето да се промени 3 пати, секој се прилагодува на истото.
Ги давам скандинавските земји за пример, каде ова е стандард, а истите земји се најбезбедни во поглед на смртност во сообраќајот во Европа и во светот.
Кажи ми во Скандинавија во кој случај имаш доставувач на храна со мотор да е велосипедист, пешак и возач во рок од 1 минута?
Во Скопје конкретно, во зависност од семафорот, еден ист човек е во три различни улоги за побрзо да пројде. Каде во Скандинавија имаш луѓе што претрчуваат на сред улица, паркираат со 4 жмигавци кај што ќе им текне, менуваат лента во секунда, претрчуваат на црвено или се со слушалки на пешачки?
На возач во Скопје му е потешко да вози него на некој во Шведска, кај што има правила и горе доле 90% од учесниците ги почитуваат.





