Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
бугарашиве шиптарољубски ќе се заколат
галичка тепачка
Прегледај го приврзокот 460410
Уште Тричко им фали најголемиот Антимакедонец на сите времиња.Јадеше трици нон-стоп против се шо е Македонско а од друга страна очекува гласови од народот кој толку многу го мрзи.Нивната ароганција ги турка надвор од реалноста. И секој втор збор му е Кафка,демек пулетесе чудете се колку сум начитан. Бедотија.
 
Не туку контејнерите не биле исчистени подолг период, биле полни и луѓето почнале да го оставаат ѓубрето до нив. Кога поминале од Комуналец, ги испразниле контејнерите али они околу контејнерите не чистат зошто се вадат дека тоа не е нивна работа, иако нивното неработење предизвикало да има ѓубре околу истите.

Од општината се одговорни за ѓубрето околу контејнерите, миење и чистење на бетонот околу нив како и собирни места за кабаст отпад. На кратко луѓето имаат скоро нула вина, главната вина лежи во ДПМНЕ - СДС функционерите и нивните партиските вработени пацови по Јавните Претпријатија.

Ќе го кажам ова на наједноставниот начин, и СДС и ДПМНЕ едноставно имаат премногу доллжничко-доверителски товари на својот грб за некогаш да направат каква била промена. Орце да беше и најспособниот менаџер на сите времиња, и да имаше комплетно чиста позадина џабе ќе му беше кога целата структура позади него е поврзана и со долгови на сите страни. Едноставно не можат да пипнат и да направат каков било рез негде зошто секаде имаат некој "Нивен човек" кој профитира од ситуацијата.

Затоа капацитетот на институциите да завршат каква било работа, па макар и нешто најобично како редовно собирање на ѓубре се деградира од година во година зошто едноставно секоја позиција и секое место е пополнето со "нашите" и никој не можеш да натераш да работи. Тоа е цената на вработувања по партиска директива од директор до чистачка и зошто во секое функционално општество се избегнува од каков и да е организационен тип од теократија до демократија до апсолутна диктатура.
Од која општина се одговорни или мислиш на град Скопје?
Бидејќи град Скопје е одговорно преку КХС за чистотата во градот, затоа кажувам. Директор на КХС од крај на јануари годинава е од кадрите на дуи, Данела го постави, нема што да измислуваме топла вода, или? :toe:
Од него отчет да си бараш и од претходната градоначалничка
Ниту вмро, ниту сдс, ниту левица имаат врска со тоа, ама битно наративот оправдано е присутен во секој втор коментар :icon_lol:
Една недела помина и уште дробите за истите работи

lev1.jpg

Кажи ми што е со финансирањево од ЕУ фондови?
Ај што се од ЕУ, ама со тие пари во Кина на шопинг? :tapp:

Пази, од европски фонд ќе користите средства за да праите пазар со Кина.. а сте против западниот свет :facepalm: Еу демек не е дел од западот
И после гзот под кирија, епа под кирија кога не мислите со црпките
 
Уште Тричко им фали најголемиот Антимакедонец на сите времиња.Јадеше трици нон-стоп против се шо е Македонско а од друга страна очекува гласови од народот кој толку многу го мрзи.Нивната ароганција ги турка надвор од реалноста. И секој втор збор му е Кафка,демек пулетесе чудете се колку сум начитан. Бедотија.
Секогаш од своите сме пателе, и бесрамно, нечовечки и едноставно подло, на секој наш убиен револуционер први на погребите оделе убијците, на пример после убиството на Ѓорче Петров на погребот збор сакал да држи Јордан Чкатров кој бил фатен и симнат насилно од Ковачев.
Историјата ни се повторува и време е да ја научиме, не смее во Македонија да се подклекне пред Софија, да научиме од доаѓањето на Заев и никогаш да не се повтори таква власт.
 
Не.
Асномска Македонија го има Св. Прохор Пчињски во своите рамки. Така е на мапите на ФНРЈ до 1948-ма. После Колишевски им го даде.
Go nema
Nikad Prohor Pcinski ne bil vo sostav na Makedonija, niti vo socijalizamot.
Dosta se shirat izmisljotini po internetov, mit e toa deka Kolishevski predal nekakvi teritorii.
 
Go nema
Nikad Prohor Pcinski ne bil vo sostav na Makedonija, niti vo socijalizamot.
Dosta se shirat izmisljotini po internetov, mit e toa deka Kolishevski predal nekakvi teritorii.
Јас лично сум видел мапа од 1948-ма со Прохор во Македонија. Затоа пишав до 1948-ма. Инаку Прохор е предаден на почеток од педесети, како што пиша Ireal.

Не знам тебе од кај ти тие информации, али општо познат факт е тоа што го реков јас и ова Ireal што го кажа.
мислам некаде 50-51, под притисок на УДБА (Ранковиќ) врз населението да се изјаснуват срби, наш политичар АРСОВ, веројатно председател на Собранието, потпиша... малку се пишува, но имам чуено дека тој подоцна се самоубил со пиштол
 
Јас лично сум видел мапа од 1948-ма со Прохор во Македонија. Затоа пишав до 1948-ма. Инаку Прохор е предаден на почеток од педесети, како што пиша Ireal.

Не знам тебе од кај ти тие информации, али општо познат факт е тоа што го реков јас и ова Ireal што го кажа.
Neznam sto si videl ama Prohor Pcinski ne e vklucen vo ramki na NR Makedonija
Toa e oficijalen fakt, niti postoi nikakva informacija za taa teritorijalna otstapka
Toa sto i dvajcata go pisuvate e mit
No bil del od Makedonija koga regionot se vikal Vardarska Banovina
 
Е да бе, асномците од цела Македонија немале каде па отишле во Србија да свикаат собрание

Во јули 1944 година како српски комунист, член на српската комунистичка партија, активистот Видоје Смилевиќ е упатен во Македонија за да се вклучи во македонското движење и да учествува на Првото заседание на АСНОМ. Во Македонија никој не знаел кој е човекот испратен од Србија, кој подоцна стана Видое Смилевски-Бато. Во биографијата стоело само дека потекнува од село Никифорово, а се преселил во Белград за време на Првата светска војна. Кој инсистирал и како се случило тој да стане член на АСНОМ на заседанието во „Прохор Пчински“, и покрај тоа што сите активни македонски дејци, со исклучок на Страхил Гигов, остро се спротивставиле на тоа?

„Македонец ли е, знае ли македонски?“

Според сведоштво Киро Глигоров, кој бил присутен на настанот кога, веднаш по доаѓањето на овој триесетгодишен Македонец од гостиварско, кој не знаел македонски јазик, во село Рамно, Скопска Црна Гора, на една седница на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, дошло до конфликт меѓу Ченто и Темпо токму поради него:

„Ченто ја започна седницата со зборовите: ’Сега градиме македонска држава и ќе ја изградиме’, а потоа постави реторичко прашање: ’А како ќе се вика таа држава?’, и одговори: ’Разбира се – Македонија. Дали некој има подруго мислење?’

Сите одобруваа. Потоа го постави прашањето како ќе се вика телото што раководи наместо АСНОМ меѓу неговите заседанија, а кое има надлежности на привремен парламент и влада… Имаше разни предлози, но се усвои предлогот на Владо Полежина, правник од Кичево, ова тело да се вика Президиум, значи Президиум на АСНОМ, нешто како претседателство…Потоа на дневен ред беше прашањето за проширување на Президиумот на АСНОМ со нови членови. Страхил Гигов, како член на ЦК на КПМ и на Главниот штаб, предложи во Президиумот да се прими Видое Смилевски, и даде кратко образложение за тоа. Ченто на тоа реагираше на следниот начин:

’Кој е Видое Смилевски? Македонец ли е, знае ли македонски? Што направил за движењето?’.

Страхил објаснуваше:

’Да, тој е Македонец по татко, од гостиварско, одраснал и живеел во Србија, разбира македонски но тешко се служи, учел на српски и подобро го знае српскиот јазик, учествувал во илегална работа, во Крагуевачкиот одред итн…’

Ченто се сврте и ме праша мене:

’Киро, го познаваш ли Видое од време на илегалата, си го сретнал ли?’

Јас одговорив: ’Не го познавам, иако учествував на речиси сите манифестации на студентите во Белград’.

Ченто продолжи:

’Па каков е тој Македонец кој не живеел во Македонија и не знае македонски? И ние меѓу двете светски војни учевме на српски, но си зборувавме на македонски јазик… Од овие причини јас сум против Видое Смилевски да стане член на Президиумот, но за да не изгледа дека вршам некакво влијание врз вас, ги ставам и двата предлога, мојот и овој на Страхил Гигов, за изјаснување. Еве, прво ти Михајло изјасни се.’

Михајло Апостолски рече:

’Јас сум за предлогот на Ченто’.

Потоа, веројатно поради авторитетот на Апостолски, сите еден по еден се изјаснија во корист на предлогот на Ченто. И јас самиот се изјаснив за тоа. Настапи штама. Гигов видно разочаран и возбуден, веднаш трчајќи се упати во соседната куќа, каде што беа другите членови на Централниот комитет и делегатот на Врховниот штаб, Светозар Вукмановиќ-Темпо. Брзо се вратија од таму Темпо и Гигов. Темпо неосетно му се приближи на Ченто одзади и со повишен тон рече:

’Ко је тај Чента да одлучује ко че бити или нече бити члан Президиума…?’

А Ченто, не завртувајќи се, бидејќи го познаваше гласот на Темпо, рече:

’Ти другар Темпо, дали си член на Президиумот?’

Темпо одговори:

’Не сум’.

Тогаш Ченто продолжи:

’Е штом не си, тогаш што ни се мешаш во работата, остави не да работиме!”

Судирот околу Видое Смилевски-Бато всушност е судир меѓу српската, или просрпска, и македонската струја во револуционерно движење за време на Втората светска војна но и по завршувањето на војната и конституирањето на Народна Република Македонија. Српското мешање во изборот на кадри, односно присилното внесување на Видое Смилевски-Бато во врвот на АСНОМ, всушност ја отвора вратата и за инсталирање на Лазар Колишевски, кој, патем, исто така, не го знаел македонскиот јазик, во врвот на македонската партиска и државна власт.

Според спомените на Марија Андонова-Ченто, нејзиниот татко дошол во судир со Темпо токму поради Видое Смилевски-Бато:

„Татко ми беше против Видое Смилевски – Бато да биде член на АСНОМ во 1944 година во ’Прохор Пчински’. Го прашал Страхил Гигов дали го познава а тој рекол не. Потоа го прашал дали е Македонец, Страхил Гигов рекол – да. Татко ми рекол ако е Македонец треба да зборува македонски, а не српски, нас не ни требаат Срби во раководството на АСНОМ.

Страхил Гигов веднаш го информирал Светозар Вукмановиќ-Темпо за проблемот…. Настанала жестока расправија помеѓу татко ми и Темпо за Видое Смилевски. “

„СИТЕ ШТО БЕА ПРОТИВ СМИЛЕВСКИ БАТО ТРГНАТИ ОД ПОЛИТИКАТА?“

Во сведоштвото на Павел Шатев и Панко Брашнаров, запишано во извештајот посветен на ’некои факти за сегашната положба во нашата земја’ од октомври 1948 година, стратегијата за уфрлување на Видое Смилевски – Бато во врвот на новата македонска власт имала многу поголема цел од обично членување во раководството на АСНОМ:

„Во 1944 година, во август, на планината Козјак, пред да се собере АСНОМ на историско заседание во манастирот ’Свети Прохор Пчински’, кога се подготвуваше листата за народни претставници на Македонскиот генерален совет, Вукмановиќ-Темпо дојде на собранието со еден млад човек од гостиварско, кој не знаеше да говори македонски, а тоа беше Видоjе Смилевски.

Генерал Темпо го предложи за народен пратеник на АСНОМ. Присустните се вознемирија и се спротивставија, а против тој предлог особено се спротивставија другарите Лазар Соколов од Куманово, бивш помошник-министер за трговија, а сега професор при универзитетот во Белград, Кирил Григоров, бивш министер за финансии во Македонија, а сега помошник-министер за финансии во Белград, и Благој Хаџи Панзов, бивш помошник на јавниот обвинител на Југославија, до неодамна советник при југословенската амбасада во Софија, а сега отстранет, отповикан и без определена служба. Генерал Темпо се налути и го напушти собранието. Подоцна, кога се продолжи со работа, Темпо дојде повторно и рече: ’Видоjе Смилевски е испратен од ЦК на КПЈ и треба да се внесе во списокот на народните претставници…’

Наредбата беше извршена, а за ставот околу неговиот избор веќе спомнатите другари беа испратени во Белград, како сомнителни и неблагонадежни лица, и така лишени од можноста да станат државници, македонски народни и државни раководители. Благодарејќи на ваквото нивно отстранување, беа поставени, односно предложени други лица, како Никола Минчев, Киро Миљовски, Љупчо Арсов, Вера Ацева, а и самиот Лазар Колишевски, кој има заслуги кон македонскиот народ и работничка партија само затоа што учел заедно со Александар Ранковиќ во средното техничко училиште во Крагуевац…“

Во 1954 година како потпретседател на Владата на НРМ, кога претседател на Народното собрание на Македонија е Лазар Колишевски, кој бил инсталиран во македонското револуционерно движење и власт од истите луѓе во Србија, „демократски избраниот делегат“ Видое Смилевски-Бато е на прославата на десетгодишнината од Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Свети Прохор Пчински“ каде што се собрале неколку илјади Македонци за да го прослават големиот македонски празник. По завршувањето на свеченото заседание на Народното собрание во дворот на манастирот, во амбиент што треба да потсетува на Првото заседание на АСНОМ, со кое овојпат раководи претседателот Лазар Колишевски, ’ другарот Колишевски во придружба на другарот Видое Смилевски ја посети салата каде што се одржа Првото заседание на АСНОМ и тука се задржа во покус разговор со преживеаните делегати на Првото заседание на АСНОМ“, запишал новинарот на „Нова Македонија“ во својот извештај од настанот.

Притоа никој и нигде не го спомнува Ченто, првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, кој во тој миг, додека Колишевски и Смилевски слават, сѐ уште е во затворот во Идризово. Ќе биде пуштен условно една година подоцна, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор, а две години потоа ќе почине во својот дом во Прилеп, каде што, и по излегувањето од затворот, не се откажал од идејата за самостојна и обединета Македонија.

Во секој случај, по скандалозното уфрлање во АСНОМ, Видое Смилевски-Бато следните години 35 години, до својата смрт во 1979 година, наспроти Ченто и останатите кои завршуваат така како што завршуваат, остварува богата политичка кариера. Веднаш по АСНОМ тој е кооптиран во ЦК на КПМ а од октомври 1944 година ја презема должноста секретар на Обласниот комитет на КП на Скопската област. По ослободувањето се наоѓал на повеќе високи партиски функции; член на ЦК на СКЈ бил од Петтиот до Осмиот конгрес, а член на Претседателството на ЦК на СКЈ од 1969 година. Во меѓувреме, како десна рака на Колишевски, од 1947 до 1950 година е потпретседател на Владата на НР Македонија, а 1950 до 1951 година е претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ.

Во периодот од 1952 до 1954 година повторно е потпретседател на Владата на НРМ, а во наредните две години одново се враќа во Народното собрание, и од 25 јуни 1963 до 12 мај 1967 година е претседател на Собранието. Во периодот потоа е претседател на Сојузниот собор на Сојузната скупштина, член на Советот на Федерацијата, пратеник во Соборот на народите во Сојузното собрание, претседател на Управниот одбор на Републичкиот фонд за кредитирање на побрзиот стопански развој на недоволно развиените краишта, а смртта го затекнува на должноста претседател на Претседателството на СР Македонија и член на Претседателството на ЦК СКМ. Според многумина, Видое Смилевски – Бато имал изразени просрпски, или таканаречени пројугословенски ставови во однос на македонската држава за што и Методија Андонов-Ченто се спротивставил на неговото кооптирање за член на АСНОМ, но, според други извори, блиски до него, бил голем патриот кој се вратил од Србија и повторно го променил името на своето семејство во Смилевски од Смилевиќ, кое го добиле во село Никифорово за време на српската окупација.

ПАРТИСКИ ИЗВЕШТАЈ НА ВИДЕО СМИЛЕВСКИ-БАТО ПО ПОСЕТАТА НА ТИТО НА БУГАРИЈА: Осуда на „македонските националисти и нивните националистички стваови“!

Во делегацијата што ја предводел Тито при посетата на Бугарија во септември 1965 година се наоѓал и Видое Смилевски-Бато, како претседател на Собранието на НРМ. При таа посета, кон самиот крај на разговорите, Тито го покренал македонското прашање, кое подоцна било парафразирано од страна на Видое Смилевски на седницата на Извршниот комитет на ЦК на СКМ одржана на 25 октомври 1965 година. Според историчарот д-р Васил Јотевски, Видое Смилевски – Бато, Тито рекол дека тоа прашање ’може да им посмета на нашите договорени заклучоци (што ќе рече дека уште пред да биде поставено како прашање, заклучоците меѓу југословенската делегација и бугарското раководство биле донесени и прифатени, В.Ј.) за натамошно проширување и продлабочување на односите, да ги доведе во прашање. Тоа негово изнесување предизвика еден шок кај бугарската страна, едно запрепастување. Меѓутоа, како во продолжението другарот Тито разложно почна да го изнесува прашањето, широко и конструктивно да му приоѓа на проблемот, така нив им стануваше се полесно. Тој говореше дека би требало обострано да се избегнуваат оние претерувања на историчарите и наведе за административниот притисок кој се врши врз Македонците да се декларираат за Бугари.’ Според извештајот на Видое Смилевски, во заедничкото коминике, односно во изјавите што по средбата ги дале Тодор Живков и Тито, двајцата го истакнале своето задоволство од изнаоѓањето патишта за билатерална соработка, а за меѓусебната недоверба ги обвинувале „разните историчари кои според своја волја ја кројат и толкуваат историјата на нашите народи.“

На некои забелешки од извесни македонски кругови зошто македонското национално прашање било поставено дури на крајот од разговорите, Видое Смилевски дообјаснил:

„Сметам дека грубо би погрешиле во нашата оцена ако би се сложиле со она дека било неопортуно поставувањето на ова прашање при крајот на разговорите. Постојат и такви емотивни искажувања да требало малку поенергично да се настапи, попотполно да се постави, или дека штом ништо не е објавено во званичното соопштение нема никаква вредност ваквото поставување. Мислам дека тие се неправилни резонирања кои воопшто не водат сметка за одредена реалност во односите и положбата во самата Бугарија“, осудувајќи ги „македонските националисти“ и „нивните националистички ставови и гледања“.

ПО ТРИ ГОДИНИ РОБИЈА:

Другарот Колишевски се врати на својата должност на чело на ЦК КПМ!

Во организациониот извештај на ЦК КПМ поднесен на Првиот Конгрес на ЦК КПМ одржан од 19 до 24 декември 1948 година, значи само четири години по скандалозниот судир околу неговото присилно внесување во раководството на АСНОМ, Видое Смилевски – Бато, меѓудругото, пишува:

„На 3 август 1944 ( значи само еден ден по Првото заседание на АСНОМ, н.з) во село Равно ЦК одржа партиско советување на кое, покрај другото, беше извршена остра критика на шовинистичките и сепаратистичките разбирања што се појавија кај извесни ситнобуржуаски елементи и беше укажано на големата опасност од нивната дејност доколку партиската организација не поведе беспоштедна борба против таа појава. Создавањето на АСНОМ и на крупни единици на Народноослободителната војска на Македонија му даде уште поголем поттик на сенародното востание…и успеа да ја ослободи Македонија, како прв наполно ослободен дел на Југославија, испраќајќи свои синови во борбата за конечното ослободување на целата наша татковина- Демократска Федеративна Југославија. Мошно значајно е тоа што од септември 1944 година на чело на нашиот ЦК застана неговиот секретар другарот Лазар Колишевски, кој се врати на својата должност по три години робија“.

СПОРЕД СМИЛЕВСКИ-БАТО:

Процедурата за избирање на вистинските претставници за Првото заседание на АСНОМ била целосно демократска!

Во рефератот по повод 20 годишнината од Првото заседание на АСНОМ во 1964 година, Видое Смилевски-Бато, воопшто не спомнувајќи го конфликтот во врска со него меѓу Темпо и Ченто, подвлекува:

„Формирањето на Иницијативниот одбор и определувањето на целосна демократска процедура во избирањето (!!!) на вистинските претставници на македонскиот народ за Првото заседание на АСНОМ, потоа познатиот манифест на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, како и советувањето на ЦК КПМ во Фуштани…, означуваа целосно разгорување на Народноослободителната борба и социјалистичката револуција…“
 
Од која општина се одговорни или мислиш на град Скопје?
Бидејќи град Скопје е одговорно преку КХС за чистотата во градот, затоа кажувам. Директор на КХС од крај на јануари годинава е од кадрите на дуи, Данела го постави, нема што да измислуваме топла вода, или? :toe:
Од него отчет да си бараш и од претходната градоначалничка
Ниту вмро, ниту сдс, ниту левица имаат врска со тоа, ама битно наративот оправдано е присутен во секој втор коментар :icon_lol:
Една недела помина и уште дробите за истите работи

Дејности на ЈП Комунална Хигиена Скопје

Собирање и транспортирање на комуналниот отпад од контејнерите поставени на јавни сообраќајни површини, од пластичните канти лоцирани кај индивидуалните домаќнства и од корпите за отпадоци во градот Скопје, во три смени во текот на 24 часа, седум дена во неделата, 365 дена во годината. Се опслужуваат преку 140 илјади домаќинства и десетици илјади стопански субјекти и институции од градските и од руралните средини. Во депонијата „Дрисла“ годишно се транспортираат и депонираат над 130 илјади тони комунален отпад.

Оваа точка е дебатирана и расправана по совети долго време. Во надлежности на ЈП Комунална Хигиена стои само дека треба да го собираат ѓубрето ОД контејнерите и одбиваат на каков било начин да бидат инволвирани во собирање на ѓубрето околу истите, каков било кабаст отпад или пак да ја одржуваат локацијата околу контејнерите, освен ако истата не е на булевар под надлежност на Град Скопје.

И ова не е е од вчера, секое раководство на ЈП Комунална Хигиена од времето на Коце ( за порано не можам да зборувам) се држи до оваа линија.

Локалните општини се надлежни да собираат какво било ѓубре околу контејнерите и да ја чистат локацијата на самите контејнери ако истите се поставени во улички и паркинзи под надлежности на локалната општина. Плус ќе додадам сите општините, а посебно Бутел, Гази Баба и Сарај воопшто не го носат ѓубрето во Дрисла туку си имаат свои диви депонии за да не плаќаат на Дрисла.

Прегледај го приврзокот 460454

Кажи ми што е со финансирањево од ЕУ фондови?
Ај што се од ЕУ, ама со тие пари во Кина на шопинг? :tapp:

Пази, од европски фонд ќе користите средства за да праите пазар со Кина.. а сте против западниот свет :facepalm: Еу демек не е дел од западот
И после гзот под кирија, епа под кирија кога не мислите со црпките

???

Ај прочитај повторно што имаш напишано и размисли дали има некаква смисла.

  1. Европска унија има фондови за подршка на проекти од аспект на јавен превоз и уште поважно ако истите се по еколошки стандарди и придонесуваат за намалување на загадување. Ќе дадам пример 200 000 евра по км изградена пруга е фиксен грант без никакви процедури, се што треба е да се поднесе проект и истиот да биде класифициран дека ги исполнува еколошките стандарди. Ако се има доволно добар проект и кој да ја брка процедурата помеѓу 20 и 40 проценти од проектот можеше да биде покриен од грантови.
    Ова не се пари поврзани со политички уценувања, се што треба е да имаш проект и да почитуваш рокови. Нашите политичари не се заинтетресирани зошто е мала можноста за крадење зошто ЕУ исплаќа пари само за завршена работа според однапред дефиниран рок.
  2. Второ не гледам каде пишува дека ќе има пазарење во Кина со европски пари? Пишува многу јасно, "Јавна кооперација со Кина, Турција, Јапонија и Швајцарија". Кооперацијата посебно со Кина али тука влагаат и која било од другите држави ако сакаа да излезат во пресрет, примарно секогаш беше замислена од аспект на нивна помош за во најбрз можен рок да се направи проектот за трасата за да може да се почне процесот за аплицирање во фондовите за грантови и кредити. И веќе третата и четвртата година да се гради или кракот од Ѓорче накај Соборна или од Горно Лисиче накај Железничка. Исто така нивната кооперација ќе беше потребна во надзор на самата изградба.
  3. Исто така и Швајцарија и Јапонија имаат свои фондови за помош на вакви иницијативи како грантови така и кредити со многу поволни стапки. Во секој случај возовите и сигнализацијата беше планирано да бидат купени од Швајцарија, Германија или Шпанија додека шините ќе се купеа од Австрија зошто само они прават 120 метарски сегменти.
Не разбирам дали воопшто знаеш што значи "гзот под кирија"? тоа е кога правиш контра услуги за да ти дадат пари ( во наш случај да крадеш). До ЕУ фондовите сите имаат пристап, тоа што нашите не знат да ги искористат е нивен проблем.

И за крај знаеш што е да не ја "користиш црпката за мислење", кога имаш партија со 300 000 гласови а немаш еден твој проект:
  1. БРТ - Проект на Шилегов и СДС ( да не ни влагам колку овој проект е катастрофален )
  2. Пруга кон Бугарија - СДС проект ( за која веќе од истата година и ќе почнат да се плаќаат пенали зошто нема шанси да ги исполнат роковите )
  3. Бехтел и Енка - СДС проект
  4. Градски воз - СДС проект ( каде што секоја платформа е проценета скоро по цена на подземна станица, 600 000 евра по платформа)
Две години се на власт и врвот на проекти им е пожарникари да го перат камени мост, и да потрошат 250 милиони евра на бекатонски патеки и асфалтирање на улички. Што е патем срамота. Следен пат кога ќе има пожари треба пожарникарите да им кажат они да одат да ги гаснат пожарите чим така лесно може да се менуваат одговорностите.
 
Последно уредено:

Сигурно не е законски во нормални услови за пиар да си користиш пожарникари да ти перат улици со што во опасност ги ставаш граѓаните зашто пожар може да им во било кој момент
 
Neznam sto si videl ama Prohor Pcinski ne e vklucen vo ramki na NR Makedonija
Toa e oficijalen fakt, niti postoi nikakva informacija za taa teritorijalna otstapka
Toa sto i dvajcata go pisuvate e mit
No bil del od Makedonija koga regionot se vikal Vardarska Banovina

Дајте ставете една мапа од НР Македонија од времето непосредно после „ратот„. И мене ме „занима„ дали манастирот бил на територијата од тогашна Македонија.

Благодарам...
 
Дајте ставете една мапа од НР Македонија од времето непосредно после „ратот„. И мене ме „занима„ дали манастирот бил на територијата од тогашна Македонија.

Благодарам...
- ️ Административна припадност: По формирањето на СФР Југославија, делови од Вардарска Македонија, меѓу кои и регионот околу манастирот, биле административно вклучени во составот на Србија. Затоа, иако географски и културно поврзан со Македонија, манастирот никогаш не бил во рамките на независна македонска држава.
 
Во мемоарскиот запис на претседателот на Президиумот Методија Андонов Ченто, покрај другото, ќе забележи:

,.....Во исто време, многу доселеници, колонисти и чиновници, кои беа дојдени во Македонија меѓу двете светски војни, а за време на војната се вратија во Србија почнаа да идат во Македонија. Тогаш помислив, ако неможат да дојдат оние кои што се родија овде, не треба да се вратат ни оние, кои ги насели бившиот Југословенски режим. Затоа на истата седница на Президиумот го постави прашањето дали во Македонија можат да се враќаат србите доселеници и чиновници, кога не смејат да се вратат македонците, кои емигрирале од теророт од кралството на Југославија.

Президиумот го прифати предлогот да не им се позволи слободно да влегуваат на македонска територија. Така се случи да тие повратници беа задржувани во Ристовац, на границата меѓу Македонија и Србија. Веста за тоа стигнала во Белград, каде што почнало да се манипулира дека во Македонија владее антисрпско расположение. За тоа и за други важни работи ми пиша Мане Чучков кој беше испратен во националниот комитет за ослободување на Југославија, како претставник од Македонија,....

Од цитираниот фрагмент на мемоарскиот запис, а кој се однесува за крајот од 1944 година несомнено се потврдуваат две работи. Првата работа е дека границата помеѓу Македонија и Србија била кај градот Ристовац. Втората работа е тоа дека настанал сериозен и непремослив судир помеѓу Ченто и секретарот на комунистичката партија Лазар Колишевски. Освен за ова за грев му се земало на Ченто што го поставил прашањето за обединување на Македонија. Ченто поради таквото однесување и барање ќе биде осуден на 11 години робја во монтиран судски процес во 1946 година.
 
Neznam sto si videl ama Prohor Pcinski ne e vklucen vo ramki na NR Makedonija
Toa e oficijalen fakt, niti postoi nikakva informacija za taa teritorijalna otstapka
Toa sto i dvajcata go pisuvate e mit
No bil del od Makedonija koga regionot se vikal Vardarska Banovina
Со свои очи сум видел мапа на НРМ од 1948 во која Прохор е во Македонија.

Од половина на 50-ти, па натаму, на мапите е во Србија. Лазо му го дал, а како што кажа Ireal, Арсов го има потпишано тоа.
 
Со свои очи сум видел мапа на НРМ од 1948 во која Прохор е во Македонија.

Од половина на 50-ти, па натаму, на мапите е во Србија. Лазо му го дал, а како што кажа Ireal, Арсов го има потпишано тоа.
Финтата е што архивите Србите ги здиплиле, народот си знае, како бугарите така и србите.
 
Со свои очи сум видел мапа на НРМ од 1948 во која Прохор е во Македонија.

Точно!

По некое мое сеќавање од гледање стари мапи, „североистокот„ од Македонија, околу манастирот, кој денес е дел од Србија, бил македонска земја па затоа побарав поставување на мапа од која може да се види наведеното...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom