Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
За денеска скорот е двајца тешко повредени и еден загинат. Утре појако идеме за сите пари.
 
Поминав тоа време, се спуштив од Кале....мислев дека е дете згазено. Страшна слика е у пм, ќе мора очи да отвараме и да се вози полека. Ќе биде хаос Скопје ако се пуштат радарите и камерите ама не бива другачие, два саати до работа ќе се иде ама барем нема толку често вакви ствари да гледаме.
 
Прегледај го приврзокот 459747

“Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот. Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот”, велат од МВР за “Скопје1”. објави Скопје1.мк

ЛИНК
велосипедистот бил Јорго Ќука, ех директор на Охис
 
Мислам дека сите тие грмушки по булевари конкретно треба да се остранат. Овде кога идат од мавровка секој нагазува. И од тие грмушки нема прегледност пошто е блага кривина додека почнува пешачкиот. Со сејф сити кога би возеле сите 50 може ќе се реши проблемов со неконтролирана брзина. Али ќе видиме од јануари.
 
Последно уредено:
Страшна слика е у пм, ќе мора очи да отвараме и да се вози полека.
Каква ти е оваа конструкција на реченица „ЌЕ мора очи да отвораме и да се вози полека“?
Што ти е со ова ЌЕ? Отсекогаш треба да е така. Што е тоа што се случило сега па да ЌЕ МОРА од сега па натака?

Ќе биде хаос Скопје ако се пуштат радарите и камерите ама не бива другачие, два саати до работа ќе се иде ама барем нема толку често вакви ствари да гледаме.
Каков хаос ќе биде Скопје, што тресеш?
Какви црни два саати? Демек „споро“ ќе возат сите и поради тоа ќе има застој во сообраќајот?
 
Каква ти е оваа конструкција на реченица „ЌЕ мора очи да отвораме и да се вози полека“?
Што ти е со ова ЌЕ? Отсекогаш треба да е така. Што е тоа што се случило сега па да ЌЕ МОРА од сега па натака?

Каков хаос ќе биде Скопје, што тресеш?
Какви црни два саати? Демек „споро“ ќе возат сите и поради тоа ќе има застој во сообраќајот?
Се случило да од 60 коњи кола сум отишол на 90, па на 115 и т.н. Не дека барам оправдување, ја возам од 10 год. и сум уживал и у брзо возење, обично по некои места надвор од урбана средина ама пак.... фала Богу сум немал некоја посериозна заебанција. Не се фалам ја со тоа, знам дека не е добро и дека треба со памет и тоа и го викам. И не само тоа, туку треба очи отварање и пазење, нервоза да не се дозволи да не дефокусира. Треба секој сам на себе да си работи на тие работи....може има како тебе шофери кои се непогрешливи, не викам не. За сите што се како мене треба малку аларм да се упали.
Иначе за град од милион жители не може булевари од две ленти да не направат гужва, да додадеме места како Пластичарска и толку ќе биде, застој. Има семафори што ако брзаш ги фаќаш на зелено ако не брзаш црвено, напрај математика дали ќе има или нема поголеми гужви.
Што е до мене ја сум за ред така да гужви ќе мора да трпиме и треба да ги трпиме.
 
Od kade najde Skopje 1Mio zhiteli?
A shto da recat drugite gradovi vo Evropa? Kako i tamu se vozi so 50 a ina mnogu mesta so 30 Km/h?
Ce ve nauchat po jajca da odite i nitu edno da ne skrshite!
Ne samo Safe City tuku i so mobilni radari vo civilki treba da ve brkaat.
od 10 koli barem 7 vozat budalski niz Skopje a i vo cela Makedonija.
 
Убиецов од вчера бил љопка. ОЈО барало мерки претпразливост. 1.05 коеф. дека задутре ќе биде на Косово и очи не му се гледаат веќе. Еј убил човек избегал од местото го уапсиле и не е во притвор до судење…мизерија.
 
Ова пред неколку саати, незнам дали има по медиуми објавено.

Screenshot_20251104_210920_Facebook.jpg
 
Ова пред неколку саати, незнам дали има по медиуми објавено.

Прегледај го приврзокот 459875
Има објавено.
Две коли, 2 загинати, 5 повредени.
Страшно е како се вози, ни правила се знаат, ниту се почитува брзина...

П.с. пациентов Ненад ме блокирал на ФБ, дека сум лајкнувал коментари против него :D
 
Последно уредено:
Страшно е колку народ загина на тој пат за толку кратко време. Нула сообраќајна култура и свест имаме. Пред неколку часа имаше сообраќајка на тафталиџе пазарчето кај што повеќе од 10-20км на час неможеш ни да возиш кога кружиш таму освен ако си ретардиран.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom