Дали би се вратиле во времето да смените една одлука? Која?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Најголема грешка во животот ми е што отидов на факултет. Ќе бев далеку посреќен и поуспешен ако не потрошев време и нерви таму. Ми ги еба најубавите години, сите празници ми ставаа испити, колоквиуми и на крај никаков ќар од него.
 
Интересна тема, овде имам многу да пишувам, сум поминал и низ сито и низ решето, многу падови и подеми, настани/моменти каде кај некој неискуството си го направило своето, некогаш судбинта така решила, други фактори го насочиле текот на настаните.
Али ќе напоменам две работи каде што генерално сам сум одлучил.

Првата, кога видов/гледам какви фудбалски играчи направија карииери, а и денес секакви слепци прават пари, не смеев така лесно да се откажам од фудбалот и талентот што ми беше даден од господ, за потоа да фатам сосема други патишта.

Другата, се оженив и створив фамилија на 32 год, мислам требаше порано барем 5-6 години.
 
Ништо не би менувал освен некои делови од тинејџерството додека тренирав кошарка и начинот на кој го правев тоа. Не дека беше нешто погрешно, условите и финансиите беа тие, ама со сегашниов памет во тогашно време би се поставил малце другачие. Мада, се се случува со причина и во најголем процент самите си ја кроиме судбината така да не можам да кажам дека не сум задоволен од ова што го имам во моментов. Не треба премногу да се гледа во минатото, него на сегашноста и иднината. Минатото е нешто кое поминало и не може да се поправи или измени па макар на глава застанале.
 
Немаше да запознаам некои гадотинки. Ми се правеа другари и другарки, а ми се смееја зад грб.
Да можев да се вратам во времето пред да ме викнат на Дискорд сервер, немаше да прифатам.
Последниве години и премногу се разочарав од семејството (добив ножеви во грб да речеме). Да можев да се вратам назад во денот кога правев операција за здравствен проблем, немаше да се оперирам. Бар немаше да доживеам многу ужасни денови.
 
...никогаш нема да посакам да се враќам назад, убавината на животот е во тоа што не го знаеме :)
 
Времето. Моја тема :cool:

Ацид не прецизираше дали оперираме во сопственото минато или општото минато (хе хе). Иако едното и другото се поврзани сепак ја бирам опцијата да се вратам точно 77 милениуми сметајќи од пишувањето на постов.

Сметам дека во тоа време не постојам, затоа сакам да сум таму. Да го видам почетокот кога изгубените души ми се обратија за помош.

Последната епизода беше бескатна зграда со отворени кујни на секој кат, ходници и скалила каде јас бев невидлив. Млади и стари беа среќни, гладни и се спремаа за фамилијарна вечера. Седев на кауч додека се спремаше вечерата за 7 луѓе и јас бев среќен покрај нив. Станав и тргнав низ ходникот десно, ме разминаа две млади девојчиња обземени од детската игра. Се насмевнав и продолжив.

Ходникот кој претходно блештеше од светлина како кујните, се затемни. Ме застана еден старец со прашање „Каде одиш?“. Му одговорив „Не знам, одам каде што патот ќе ме одведе. Сакам да знам што има понатаму“.

Старецот видно се налути и рече: „Не е твоето време за да погледнеш, но продолжи“.

Ги искачив скалите и влегов во мојата соба иако немав соба со број 3 и две бројки кои недостасуваат. Веднаш разбрав дека не треба да бидам таму а сепак ја отворив вратата. Пак ја видов кујнската светлина и осетив 2 раце околу врат. Го кренав погледот и гледав во две крвави очи. Со удар од десна рака во гради го откачив и пак ме фати за врат, на вториот удар исчезна.

Си помислив ова е луд сон и легнав на земја да одморам. Се разбудив, 08.08.2025 Петок.

Мора барем еднаш да го прашам Старецот каде е почетокот?
 
Ништо
Пеплосав брдо пари на комар, дешавките после тоа ми се најголема поука во животот.
 
Би им се запнал на некои мили љуге шо не се меѓу нас да одат на контрола и да ја направат операцијата навреме.
 
Би се вратил во 1938 година и би му кажал на Хитлер да не ја напаѓа Русија бидеќи иако е доволно јак, нема да може да ги совлада Болшевиците на источниот фронт бидеќи ќе имаат поддршка од Американците и Британците и ресурсите ќе се преоптоварат на Национал-Социјалистите кога ќе се отвори и западниот фронт.

Би го советувал да вложи огромна сума на пари уште година-две-три макар и четири за да можат научниците да го совладаат ураниумот и да создадат ја создадат нуклеарката, и после тоа можи да пушти по 2-3 нуклеарки во Англија да го срамни Чурчил предавникот, 4-5 во Русија и да капитулираат двете земји, да ги натера да потпишрат договор за разоружување и конечно белата раса да ги избегне канџите на еврејските банкари и да живее белиот човек на слобода.
 
Убаво имаат пишано луѓево од форумов и се согласувам. Да не се случеле некои работи, нема да си човекот што си денеска. Се што се случило си имало позадина и причина. Сите би сакале да ги поправиме нашите грешки кога сме ги правеле во минатото, ама немало да ги научиме лекциите. Дури некои лекции се учат многу потешко од 1 грешка.

За едно нешто ми е криво периодов и да би можел да го вратам времето тоа би било - другарка што почина во пожарот во Кочани, би сакал да го доправам муабетот на кој остана "ај ќе го правиме муабетот кога ќе се видиме" и остана на тоа...

Во глобала сум благодарен на себе што сум приземен и свесен за секоја постапка во животот што сум ја направил и ги правам (за фамилија, за другари/ки, за работа). Благодарен сум и на моите што ме воспитале убаво и сум благодарен и на "улицата" што ме воспитала за како НЕ треба понатака.

Не би менувал ништо, таму сум кај што сакам да сум, ги имам луѓето околу мене што ме ценат и почитуваат, бидејќи ја сум одлучил да ги чувам тие луѓе. Да не ми се случеа некои работи ќе живеев во заблуда дека не ме сакаат и не ме почитуваат.
 
Се согласувам со погоре некои членови за факултетот, најголема грешка и изгубени години ми се на факултетот, само од друга страна па најубавите дружења и најубаво време кое го паметам е тоа поминато на факултет така да вреди за тоа, а требаше да работам со струката од средно, златна струка имав и требаше да се испраксирам, пари ќе млатев, ама што е тука е.
 
Кога би се вратил назад во времето ќе ми треба време во расчистување на пиздарии зошто многу ги има насобрано..Една од многуте ми е кога бев шесто одд. директорот на школото ме извади надвор во ходник за време на час,ме фати за партали со двете раце онака јако машки и ми се обрати: Планираш ли ти да учиш јебем ти мајку божју!(Беше од оние старите комуњари со српско презиме)..
И кога би можел да се вратам во времето би му учукал едно 3-4 комада во серија истиов момент да го патосирам и би заминал опуштено према надвор..Тогаш ние расневме без телефони,жилави со склекови со све..

Како и да е ѓубрево е одамна на оној свет а ја фала му на Бога кој ме водеше цело време и не ми даваше да учам глупости одамна сум на списокот на chosen ones..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom