Театар Комедија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
16.264
Поени од реакции
40.577
Локација
Скопје
Долго време размислував за тоа да се отворат посебни теми за неколкуте театри кои постојат во Македонија, затоа што нема, а тие теми кои постојат за театар се многу застарени, со последни мислења напишани веќе пред десетици години и се повеќе или генерални или за некои конкретни нешта поврзани со театарот. А изминативе 5-6 години изгледав толку многу претстави, што мислам дека перцепцијата дека кај нас нема театарска публика е во најмала рака смешна, зашто претставите се најчесто целосно распродадени.

И конечно еве, мислам дека треба да има ваква тема за дефинитивно најпосетениот театар кај нас, каде скоро секоја една претстава е целосно распродадена, каде се бара карта плус, но картите се продадени 3 минути по објавувањето на репертоарот и каде во гледалиштето нема место игла да фрлиш - Театар Комедија.

1759427688108.png

Театар Комедија како национална институција е формиран во ноември 2011 година, а своето официјално отворање го означи со премиерното прикажување на претставата „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски, и тоа на Светскиот ден на театарот – 27 март, 2012 година. Од основањето па до 2014 година, кога „се всели“ во зградата на некогашниот Театар Центар, ја користеше сцената на Драмски театар – Скопје.

Театар Комедија е жанровски определен театар, кој ги негува сите подвидови на комедијата и на својот репертоар вбројува праизведби од македонски автори, комедии од класиците на светската книжевност и современи комедии од светската драматургија. Иако станува збор за најмладата национална театарска институција во Македонија, Театар Комедија многу брзо успеа да се постави и како сериозна и успешна театарска институција, која се издвојува од останатите по бројот на премиери и изиграни претстави, по бројот на гостувања и учества на фестивали во земјава и во странство, како и по бројот на освоени награди на национални и интернационални фестивали.

Претставите во Театар Комедија имаат освоено многу награди и признанија во земјава и странство, нема да ги собере тука ако ги пишувам сите.

1759429547809.png 1759430308317.png

Од основањето на театарот до денес, ова се сите претстави кои имале премиера таму (со БОЛД се тие кои се се уште актуелни на репертоарот):
  1. „Ах, љубов моја“ – автор и режисер: Коле Ангеловски;
  2. „За секого има по една“ – Венко Андоновски, режија: Владлен Александров;
  3. „Женидба“ – Н. В. Гогољ, режија: Дејан Пројковски;
  4. „Лет над кандидатското гнездо“ – Блаже Миневски, режија: Андреј Цветановски;
  5. „Хамлет во пикантен сос“ – Алдо Николај, режија: Александра Кардалевска;
  6. „Стјуардеси“ – Марк Камолети, режија: Синиша Евтимов;
  7. „Важно е да се викаш Ернест“ – Оскар Вајлд, режија: Ирена Стеријовска;
  8. „Многу врева за ништо“ – В. Шекспир, режија: Дејан Пројковски;
  9. „Чувството на брадата“ – Ксенија Драгунска, режија: Борис Лијешевиќ;
  10. „Лисистрата“ – Аристофан, режија: Наташа Поплавска;
  11. „Нешто пропуштаме“ – Горјан Милошевски, режија: Бојан Трифуновски;
  12. „Име“ – Александар де ла Пателие и Метју Делапорт, режија: Нени Делместре;
  13. „Господарот на кукавицата“ – Венко Андоновски, режија: Андреј Цветановски;
  14. „Вардарски пастуви“ – адаптација и режија: Синиша Евтимов;
  15. „Случајот Хармс“ – режија: Дино Мустафиќ;
  16. „Трудна приказна“ – Благица Секулоска, режија: Лидија Дедовиќ;
  17. „Сон на летната ноќ“ – Вилијам Шекспир, режија: авторски проект на Театар Комедија;
  18. „Дони Дарк“ – режија: Роберт Ристов;
  19. „Мечка“ – А. П. Чехов, режија: Димче Николовски,
  20. „Бракот е брак“ – според „Просидба“ од А. П. Чехов, режија: Теа Беговска; ,
  21. „Жена ми се вика Борис“ – Рафи Шарт, режија: Синиша Евтимов;
  22. „Не сега, драга“ – Реј Куни, режија: Коле Ангеловски;
  23. „Мизантроп“ – Молиер, режија: Ана Вукотиќ;
  24. „Викенд на мртовци“ – Миле Попоски, режија: Ѓорѓи Ризески;
  25. „Нема да платам“ – Дарио Фо; режија: Александра Кардалевска;
  26. „На отворено“ – С. Мрожек, режија: Андреј Цветановски;
  27. „Жени пред нервен слом“ – Педро Алмодовар, режија: Иван Лео Лемо;
  28. „Боливуд“ – Маја Пелевиќ, режија: Наташа Поплавска;
  29. „Вечера за глупаци“ – Ф. Вебер, режија: Ирена Стеријовска;
  30. „Човек, ѕвер и доблест“ – Луиџи Пирандело, режија: Егон Савин.
  31. “Грдиот” – Мариус Вон Мајенбург, режија: Ирена Стеријовска;
  32. “Анатомија на неверството” – Валентин Красногоров, режија: Александра Кардалевска;
  33. “Клетвата на Скотје” – Режија: Синиша Евтимов;
  34. “Женска Гардероба” – Арношт Голдфлам, Режиja: Наташа Поплавска;
  35. “Илуминати” – според култниот филм на Хичкок, ,,39 скали“, Режија: Синиша Евтимов;
  36. “Жени во Собрание” – По мотиви на Аристофан, Режија: Ќендрим Ријани
  37. “Веќе не е ни смешно” – Режија: Срѓан Јаниќијевиќ;
  38. “Ревизор” – Николај Василевич Гогољ; Режија и адаптација: Андреј Цветановски;
  39. „Ало! Ало!“ – Режија: Синиша Евтимов; Според Џереми Лојд и Дејвид Крофт;
  40. “Демнејќи го Годо” – Автор: Драго Јанчар; Режија: Сибел Абдиу;
  41. “Череп во Конемара” – Автор: Мартин Мекдона; Режија: Јане Спасиќ;
  42. “Пар распар” – Автор: Нил Сајмон; Режија: Нина Николиќ;
  43. “Тарзан” – Автор: Рок Вилчник; Режија: Александар Јовановски;
  44. “Арсеник и Стара Тантела” – Автор: Џозеф Кеселринг; Режија и адаптација: Лидија Дедовиќ;
  45. “Да Живее Долна Дупка” – Автор и режија: Коле Ангеловски;
  46. “Олд Сејбрук” – Автор: Вуди Ален; Режија: Нина Николиќ; Превод: Маја Трајаноска Ивановска;
  47. “Вистината 1” – Автор: Флоријан Зелер, Режисер: Владимир Јурц;
  48. “Вистината 2” – Автор: Флоријан Зелер, Режисер: Владимир Јурц;
  49. “Секс, Лаги и Главоболки” – Режија: Александра Кардалевска, Инспирирано од животни искуства / Колективно авторство
Во наредните 3 месеци, до крајот на годината најавени се уште 4 нови премиери.

1759429760318.png 1759430196315.png

Последните 3 години годишно се одигруваат по преку 100 изведби на претставите од репертоарот со преку 20 000 посетители (26 470 посетители во 2024, на пример).

Од основањето, до 2017 година директорка на театарот беше Јелена Жугиќ, потоа неколку месеци актерката Мирјана Поповска–Ристов, па од 2017 до 2021 Сашо Ристовски. Од февруари до ноември 2021 функцијата ја извршува Нора Шаќири Марковиќ, по што власта ја менува со Магдалена Ризова Черних која во јануари 2022 по неколку протести од страна на вработените во театарот е сменета со драматургот Дарко Спасов, кој се уште ја извршува функцијата директор, и тоа би рекол - доста успешно. Театарот е веројатно единствената таква институција во државата која работи профитабилно, и иако е буџетски финансирана, со сопствени средства успеваат да реновираат доста нешта во зградата која датира од 1963 и која била изградена како привремен монтажен објект откако бил срушен од земјотресот стариот објект на МНТ покрај кејот на Вардар. По изградбата на новиот МНТ, МНТ се сели таму, а зградата карши Нова Македонија ја користат Театар Комедија и Турскиот театар. Во последните 2-3 години комплетно се заменети старите тоалети кои беа во подрумот на фоајето и личеа на сценографија од The Walking Dead со нови, модерни, горе. Реновирано е и самото фоаје, пристапните рампи, гардеробите за посетителите и многу други работи. Последно што слушнав е дека собираат средства за комплетно да ги заменат седиштата во гледалиштето со нови... И така успешната приказна на театарот продолжува.

1759429958426.png 1759430034997.png

Моментално колективот актери кои се вработени таму е следниот:

1. Атанас Атанасовски
2. Валентин Костадиновски - Тино
3. Жаклина Петровска
4. Тања Мицков
5. Ева Скендеровска
6. Жарко Димоски
7. Едмонд Сотир
8. Илија Илиоски
9. Столе Мицов
10. Тони Денковски
11. Благица Трпковска
12. Сергеј Димоски
13. Жаклина Стевковска Дрнасин
14. Кристина Ласовска
15. Зорица Нушева
16. Јаков Спасов
17. Александар Вељановски
18. Кристина Христова Николова
19. Роберт Ристов
20. Мирјана Поповска Ристов
21. Виктор Арсов
22. Магдалена Ризова Черних
23. Сашо Ристовски
24. Маја Љутков

Скоро сите имаат претстави на репертоар освен Кристина Христова Николова, Мирјана Поповска Ристов, Магдалена Ризова Черних и Сашо Ристовски кои јас во последниве 5-6 години не сум ги видел на сцена (можеби грешам, не знам, ако грешам исправете ме).

Сте биле ли во Театар Комедија и што сте гледале? Кои претстави ви се допаднале, а кои не? И кои актери ви се омилени, а кои помалку? Секоја дискусија поврзана со театарот е добредојдена.
 
Порано одев почесто, ги имам гледано можеби третина од претставите, порано ми беа и доста смешни, па во тој период не сакав да чујам за друг театар и за мене одење на театар под дифолт значеше гледање комедија читај смеење. Ама како созреав, дали почнаа повеќе просеци да се погодуваат претставите во Театар Комедија или некако изгубив смисла за хумор, но претставите не ми беа веќе (толку) смешни, а во театар почесто почнав да одам во МНТ, на посериозни претстави како Ничија Земја (мој фаворит), 12 итн. Од овие наведените знам за Вардарски Пастуви имав доста големи разочарувања, ептен беше фалена, но некако доста под очекувањата ми беше претставата.
 
Долго време размислував за тоа да се отворат посебни теми за неколкуте театри кои постојат во Македонија, затоа што нема, а тие теми кои постојат за театар се многу застарени, со последни мислења напишани веќе пред десетици години и се повеќе или генерални или за некои конкретни нешта поврзани со театарот. А изминативе 5-6 години изгледав толку многу претстави, што мислам дека перцепцијата дека кај нас нема театарска публика е во најмала рака смешна, зашто претставите се најчесто целосно распродадени.
Супер тема и добра ти е идејата за отворање посебни теми.
 
Одлична тема, некогаш и кога сакав да гледам некоја претстава, ќе отворев на форумов тука да пребарам дали некој до сега ја има продискутирано, ама ретко наоѓав нешто ситно по други групи.

Како и да е, делумно ќе се согласам со @FilipMKD007 од погоре, дека како што бев помлад, така поинтересни ми беа претставите. Не дека прекинав да идам, но не ми се толку интересни како порано.

Останав поголем љубител на сериозната тематика (драма) најчесто каде приоритет имаат приказната и глумата.

Од последно што гледав во театар Комедија: Позитивно изненаден: "Ало Ало" Негативно изненаден: "Вардарски пастуви" и "Веќе не е ни смешно".

Следно за што имам карти е Пар/Распар, па ќе видиме како ќе биде.
 
Од последно што гледав во театар Комедија: Позитивно изненаден: "Ало Ало" Негативно изненаден: "Вардарски пастуви" и "Веќе не е ни смешно".

Следно за што имам карти е Пар/Распар, па ќе видиме како ќе биде.
Пар/распар е ОК, ама ако не ти се допаднала Вардарски пастуви, не знам за оваа, hit or miss е.

Мене врв ми беа Ах љубов моја, Стјуардеси, Вардарски пастуви, Клетвата на Скотје, Вечера за глупаци и Анатомија на неверството од постарите, и Да живее долна дупка, Череп во Конемара, Ало Ало, Пар/распар и Веќе не е ни смешно - од поновите.

Најдосадни од сите: Ревизор - на прво место. Тоа не ни беше комедија, како прво. После - Грдиот, Женска гардероба, Случајот Хармс и Илуминати. Илуминати ми беше најголемо разочарување. Сите ја фалеа дека е којзнае што, реално во претставата Сергеј Димовски растури, зашто глуми сто лика, меѓу кои и куче и крава, ама остатокот беше snoozefest.

Следно имам карти за втората изведба на Аматери, новата на Синиша Евтимов, има огромна актерска екипа па очекувам некој позитивен хаос како Ало Ало. Па ќе напишам импресии потоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom