Stand Up Comedy

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

Старите добри времиња кога можеше да се роуста секој за сешто, никој не се навредуваше и сите си поминуваа одлично.
 
Ryan Long во NYC. Човеков е комедија, прави комеди интервјуа со рандом луѓе, а сред интервју полиција ги гњави.

 
Го следи ли некој Мет Рајф? @wot ? Знам дека ти беше по стенд ап комедијата. Јас никогаш не сум бил некој ептен страствен фан, ама последниве година и пол - две, се навлеков на типов и мислам дека е единствен кој може да ме насмее и во најтмурен ден. Неговиот стенд ап е 99% crowd work, и за тоа веројатно ми е уште подопадлив. Зашто работи во голема мера без сценарио, за што му треба неверојатен и брз ум и концентрација. Го гледав пред некое време кај Џими Фалон, рече дека имал и special на Netflix, е тоа го немам гледано и ќе биде следно, сигурно.

За тие кои не го гледале, еве еден од најјаките настапи, солзи ми течеа од ова. :pos::pos::pos:
 
Го следи ли некој Мет Рајф? @wot ? Знам дека ти беше по стенд ап комедијата. Јас никогаш не сум бил некој ептен страствен фан, ама последниве година и пол - две, се навлеков на типов и мислам дека е единствен кој може да ме насмее и во најтмурен ден. Неговиот стенд ап е 99% crowd work, и за тоа веројатно ми е уште подопадлив. Зашто работи во голема мера без сценарио, за што му треба неверојатен и брз ум и концентрација. Го гледав пред некое време кај Џими Фалон, рече дека планирано е од ноември да излезе негово стенд ап шоу на Нетфликс, и едвај чекам да го видам тоа!

За тие кои не го гледале, еве еден од најјаките настапи, солзи ми течеа од ова. :pos::pos::pos:

Сум гледал доволно клипови од овој и покрај тоа што има добар хумор, ми се чини дека е малце фејк цело ова шоу. Имам чувство дека пола од публиката се негови луѓе. Одредени приказни делуваат премногу добри да се вистинити а овој па се такви му се паѓаат во публика.
 
Го пратам.
Претежно ова се исечоци, на секое добро вакво сигурно има неколку кај што не може да ја погоди публиката.
 
Кај Фалон збореше дека имал многу проблеми да биде прифатен. Едноставно не сакало да кликне. Цели 11 години работел стенд ап, а сепак го викале само во барови каде морал да донесе 5-мина пријатели кои ќе купат карти и пијачки, за тој да може да настапува. И видеата што ги објавувал, претежно на Тик Ток биле со многу слаба гледаност. И се случил некој настап, во Лас Вегас мислам, каде го викнале да настапува, но во последен момент го замениле со друг стенд ап комичар или така нешто, и бил максимално разочаран и сакал да се откаже. Ама некој другар го убедил да го постира на Тик Ток некое видео кое претходно го монтирал, као наводно му рекол - немаш што да изгубиш, и така ти е монтирано, пушти го. Мет негодувал, ама на крај сепак го објавил и за неколку дена имал 3 милиони прегледи на видеото. Станало вирално, а благодарение на тоа видео кариерата му тргнала во нагорна линија.

Јас, реков, го следам веќе скоро 2 години, ама мислев дека е некојси небитен кој случајно алгоритмите на социјалните мрежи ми го имаат избацено заради Бог знае што. Ама пред некој ден, на поткастот кај Лазаров, чинам, Тино и Атанас рекоа дека моментално од тие што ги следеле им бил најдобар и бев изненаден за тоа. Затоа и пишав тука, да видам дали некој друг го следи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom