Јас пуштам псн претплата по некој месец кога ќе ме фати носталгија за некоја игра ако не е на попуст во тој момент. Пример Last of Us сакав кецот ремастеред да преиграм и платив само за еден месец. Видов дека годишната претплата мене не ми брка работа и за џабе ја плаќав бидејќи претежно играм нови игри, воглавно дискови и ги шиткам после. Ретко играв и некои од трите бесплатни секој месец.
Јас викендов за првпат пробав ремоут играње и мислев ќе ми треба некој псн пакет, но не. Ја оставив плејката да работи дома и се поврзав ремоут со телефонот преку дата. Го врзав и џојстикот преку блутут со телефонот и само него си го земав у ташна. После телефонот можеш screen cast на тв во хотел или работен лаптоп ако често патувате. Дури и додека патував поиграв Silksong на телефонот и џојстик. Функционира и е прилично лесно да се изведе.
За полесни игри не треба ни џојстик бидејќи може да ги имаш контролите на екран, вака:
Прегледај го приврзокот 457569
Жена ми беше фасцинирана, но од сосема погрешни причини. Спа викенд гетавеј било за детокс. Но, ниедна сауна не успеа да ме препоти како што Silksong знае.