Е сега малку околу нашиот синдром на самоуништување. Денес се оддржа Скопски Маратон, масовна манифестација со 14к+ учесници во сите дисциплини, на која добар дел одат само за стори на Инстаграм и тоа им е единствено трчање годината, но и голем дел жртвувале време, пари, енергија, семеен живот, излегувања, за да можат физички и психички да се спремаат, подготовките за истите траат со месеци, дел трчаат и речиси секој ден во годината. Има и секако дел на кој што ова им е прво трчање, но понесени од убавата енергија и атмосфера, ќе се инспирирани да останат во трчањето и да тренираат на дневна база. Истиот настан годинава е Балканско државно првенство во маратон и истиот тој настан има посетители од цел свет, а многу од тие луѓе ја посетуваат Македонија само поради настанов, односно да не бил Скопски Маратон може и немаше да чујат за Македонија. Дали нешто лошо до тука гледаме? Убава енергија, спорт, здравје, посетители, туризам, угостителство, хотелски сместувања...
Но, сега доаѓаме до моментот на самоуништување. Се враќам накај дома и слушам муабети како пак го блокирале цел град, само нешто им текнувало. И тоа ти го кажуваат луѓе што спијат до 1 на пладне секој викенд, но баш сега оваа недела имаат потреба од итно седнување на кафе и одење со кола до некој фенси кафич во Центар во раните утрински часови. А малку треба во друга насока да се сфати настанов (Љубљана оставам за пример), мајндсетот да биде “Еј луѓево трчаат маратон 42км, па чим они можат и јас можам 2-3км да поодам до кафичот со мојот дебел газ, наместо да палам кола“. Истиве тие луѓе ти се и оние што ќе велат дека Скопје е загадено и што возат дизел коли канти од 2002.
Одиме нов момент. Дарио Ивановски завршува прв на маратон ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН, победува кениец во финиш, значи имаш топ вест како сакаш да ја обликуваш “Дарио во супер финиш остави зад себе Кениец“, “Ниту Кенијците не можеа да го сопрат Македонецот Дарио“, “Лавовско Македонско срце во финиш поспремно од Кенијските лавови“, АБЕ БУКВАЛНО БИЛО ШТО. Не бе брате, прва вест на таг тајминг на пола саат после финишот на Дарио беше “Скопски маратон повторно го блокира сообраќајот во Скопје“. И секако после неколку часа снема од сајтот било какво спомнување на настанот и првите 3 објави најгоре беа Мицковски што кажал (еве и сега не е поразлично).
И за крај на денот на објава дека Дарио победил читам ова:
Во Македонија ќе ти простат неуспех, ама успех нема никогаш. Млади луѓе што го читаат ова, нека пример ви биде Дарио, а не луѓево од категоријата спомната погоре. Патот е тежок, трновит, поддршка речиси непостоечка, но сатисфакцијата дека со дела покажувате како се сака Македонија и како треба да изгледа една здрава и силна младина е неопислива.