Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Колку од форумов трчаа денес маратон за фирма (банка, IT, осигурање, брзи кредити)? Стефан Кобе 100% за него не прашувам.
 
Драга

Трчале не пристигнале.
Нема итни работи само задоцнети.
Мојата учителка викаше; Еее кој си учел си учел ќе си оди со бавни чекори а кој не ,ќе трча како луд.
И ќе пцуе,не само шо ќе трча.
Јас трчав на крос како дете ,оти бех првак и од голема љубов.
 
Е сега малку околу нашиот синдром на самоуништување. Денес се оддржа Скопски Маратон, масовна манифестација со 14к+ учесници во сите дисциплини, на која добар дел одат само за стори на Инстаграм и тоа им е единствено трчање годината, но и голем дел жртвувале време, пари, енергија, семеен живот, излегувања, за да можат физички и психички да се спремаат, подготовките за истите траат со месеци, дел трчаат и речиси секој ден во годината. Има и секако дел на кој што ова им е прво трчање, но понесени од убавата енергија и атмосфера, ќе се инспирирани да останат во трчањето и да тренираат на дневна база. Истиот настан годинава е Балканско државно првенство во маратон и истиот тој настан има посетители од цел свет, а многу од тие луѓе ја посетуваат Македонија само поради настанов, односно да не бил Скопски Маратон може и немаше да чујат за Македонија. Дали нешто лошо до тука гледаме? Убава енергија, спорт, здравје, посетители, туризам, угостителство, хотелски сместувања...

Но, сега доаѓаме до моментот на самоуништување. Се враќам накај дома и слушам муабети како пак го блокирале цел град, само нешто им текнувало. И тоа ти го кажуваат луѓе што спијат до 1 на пладне секој викенд, но баш сега оваа недела имаат потреба од итно седнување на кафе и одење со кола до некој фенси кафич во Центар во раните утрински часови. А малку треба во друга насока да се сфати настанов (Љубљана оставам за пример), мајндсетот да биде “Еј луѓево трчаат маратон 42км, па чим они можат и јас можам 2-3км да поодам до кафичот со мојот дебел газ, наместо да палам кола“. Истиве тие луѓе ти се и оние што ќе велат дека Скопје е загадено и што возат дизел коли канти од 2002.

Одиме нов момент. Дарио Ивановски завршува прв на маратон ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН, победува кениец во финиш, значи имаш топ вест како сакаш да ја обликуваш “Дарио во супер финиш остави зад себе Кениец“, “Ниту Кенијците не можеа да го сопрат Македонецот Дарио“, “Лавовско Македонско срце во финиш поспремно од Кенијските лавови“, АБЕ БУКВАЛНО БИЛО ШТО. Не бе брате, прва вест на таг тајминг на пола саат после финишот на Дарио беше “Скопски маратон повторно го блокира сообраќајот во Скопје“. И секако после неколку часа снема од сајтот било какво спомнување на настанот и првите 3 објави најгоре беа Мицковски што кажал (еве и сега не е поразлично).

И за крај на денот на објава дека Дарио победил читам ова:

1759703112736.png

Во Македонија ќе ти простат неуспех, ама успех нема никогаш. Млади луѓе што го читаат ова, нека пример ви биде Дарио, а не луѓево од категоријата спомната погоре. Патот е тежок, трновит, поддршка речиси непостоечка, но сатисфакцијата дека со дела покажувате како се сака Македонија и како треба да изгледа една здрава и силна младина е неопислива.
 
Драга Кајгана,

Денес бевме цел ден на море, така да покрај работата доста скролав по интермец и видов дека голем дел од моите ФБ пријателчиња учествувале на Скопски Маратон, ама прво, второ и трето место без некој посебен редослед се Дарио, Теа и Бале Брзи.
Дарио ѕверски ги реши браќата од Кенија.
Теа втора на полумаратон, веднаш позади атлетичарката од Косово, меѓутоа нејзиното допрва доаѓа. Елизабета Павловска беше првата олимпијка од независна Македонија во Барселона 1992. Верувам дека Теа ако не во Лос Анџелес на следните олимписки игри ќе влезе со норма. Патем и двете се од моето село, МИЛАДИНОВЦИ.
Бале Брзи од каде го имам во листа на пријатели поим немам, можеби преку другар ми Борче кој трча ултрамаратони... Небитно, само ќе ја споделам фотографија од него и ќе ви текне зошто го ставам на листата херои на денот.
558093525_10163844664572265_262187651386570145_n.jpg


п.с. круз директорката на бродов не е нормално колку е талентирана, предобро шоу имаше во театарот. За ова ќе читате во следниот дневник ;)
 
Драга

Ме подсети Филип на куртоните што последен пат потрчале на физичко во петто одделение, ама се разбираат во спортот. Хк пу да ти ебам куртон луѓе, државата ја уништија, од живот немаат абер, ама затоа знаат кој каков успех има и што направил секој македонски спортист од фудбалерите до скијачите.
 
Увек срце ме боли кога у недела, ако начекам добро време и немам попаметна работа и се нафатам да ја перам колата утредента ми заврне. Е јебеш га, секоја точка кал у срце ме погаѓа ама си викам добро е кога се нервирам за вакви глупости а не за некои позаебани ствари. Ама како ја светнав, поубава не била ни од фабрика кога искочила, лепотица ди Џурџевдан.

Кој и да го смислил овој живот знаел што прави, а тајната е у една многу очигледна работа која е многу лесно да се превиди, а тоа е на кој начин гледаш на све околу себе. Што зрачиш то привлачиш, тоа е тоа.....њу-ејџерска скапана фора ама функционирала од почетокот на времево и ќе биде така додека постои и последната ѕвезда.
П. С. еве нешто од мене за со кафе од сабајле.
 
Во кругот поранешната касарна во Охрид има прекрасна мала шума .Се надевам дека нема да се најдит некоја будала , да дајт одобрение да се испосечит .
 
Не Локван, не трчав и никад нема маратон да трчам. Само спорт со топка баки мој, таму ако сакаш и 942км ќе истрчам, ама суво трчање не ми било никогаш предизвик и ме замара искрено.

Него, дојдов за друго. Вчера како и секој викенд планирав да поспијам (барем до 9 да биде тоа), а станав во 7 како вампир некој. Листав низ програмиве на ТВ и на Телма ја начекав емисијана со Сашко Коцев со дечињана што ја има, ЛОЛ Макпетрол така нешто се вика. Фасцинантно е колку може од децата да извлечеш заклучоци за тоа во која насока ни се движи општеството. Имено, Сашко им поставуваше 2-3 стандардни прашања на сите, ако дојде странец кое јадење би му го препорачале и на кое место би го однеле да го посети како знаменитост. Одговорите на 90% од децата беше дека би му понудиле суши, готвено од Тинекс и такви слични препораки, само пар дечиња кажаа тавче гравче на пример, а за тоа каде би ги однеле гостите 99,99% одговорија Ист Гејт и Сити Мол, а едно детенце кажа дека би ги однело луѓето во Солун. :facepalm:

Ни се еба мајката со ваква иднина, знам дека не се криви дечињата ништо него тие што ги одгледуваат, ама даааајте бе луѓе, мрднете ги децата подалеку од Сити Мол и 10 дена на плажа во Грција, има мал милион места во земјава што може да ги посетите и да им ги објасните на децата. Не знаат кој е Гоце Делчев, што е Самоилова Тврдина..., бруки брукосани. Идеме накај американизирано општество и произведување на дегени, мајко мила. :facepalm:
 
ДК,
Возрасен си кога сфатиш дека повеќе ти се исплаќа да порачаш тост премиум од ~220 денари него премиум бургер од ~450 денари низ Скопскиве вана би смеш локали.
Секогаш тостот ќе е со дупла грамажа и повеќе ќе те најаде од таа мочана смеш плескавица од 50-70 грама и две кисели краставички и капка бургер сос.
Тостот бар има леб за 5 бургери колку толку салама и кашкавал и помфрит за да те засити за разлика од премиум бургерот од камила.
 
1000011766.jpg 1000011767.jpg

Кајг,

не знам дали е тоа некоја професионална мана или пак предност, да ме интересира буквално све со што доаѓам во контакт, така и денес после ручек јадев извонредно добро црно грозје, кревко, скоро без ич коски, сочно, таман благо, ретко купено за таа цена на наши простори, па одозгора ме изненади дека истото си имаше декларација, од каде што како, аууу види богати каква педантност, да јадам грозје и да знам дека е гевгелиско!

Screenshot 10-06-2025 17.14.03.png

...берба од овошните површини на Гевгелија со податоци за енергетска вредност на 100 г, кои се променливи зависно од сортата на грозје, а дистрибуирано грозјето до струмичкиот откупен центар за овошје и зеленчук во с. Стојаково, фирма АЛ МА- Савиќ ДООЕЛ,

480830786_955487520027105_3554793155184274013_n.jpg480742658_955487516693772_3855993689322999113_n.jpg

...самиот центар не само што врши откуп на македонскиот зеленчук и овошје, туку си има и сопствено производство кое си го пласира и покрај посредништвото на откупниот центар, полнејќи ги нашите маркети или извезувајќи ги македонските производинадвор од МКД.



...па дури, со друго зеленчуково семе конкретно „кинеска зелка“ добиени 150тони на зелка, па самиот откупен центар цел покрив со сончеви ќелии, домаќински нема што, само нема инфо кој е газда ,,Савиќ“ и од каде, некако српско презиме на јужните делови на МКД.


Кајг, може не те интересира сево ова, ама ете добро е да се знае дека некој работи се труди да го откупи родот на нашите земјоделци, а со тоа што поставуваат декларација на самото овошје и зеленчук уште еден плус да знаеме и ние корисниците од каде и што квалитет јадеме!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom