Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
@Scirea
Еве ги тфои омилени од Орионоф појас.
Алнитак,Алнилам и Минтака.
Преголеми су споредбу сс наше Слнце.

 
Интересен гостин е навлезен во нашиот Сончев систем. Утре е денот на најблиска дистанца од Марс, само 30 милиони километри. 3I Atlas е само 3. интерстеларен објект кој сме го откриле, веројатно се повеќе ќе има во иднина. Претпоставуваат дека е комета, но е многу неспецифична и аномалична. Некои проценки велат дека јадрото е можеби и 40 км.
 
Во Август преку Hubble се заклучува дека дијаметарот на јадрото не е помал од 440 метри и не е поголем од 5,6 километри.

Screenshot_20251003_112018.jpg
Screenshot_20251003_112453_com.openai.chatgpt_edit_385009963204272.jpg

Тоа дека е 40 км е од Лоеб и
се користи за кликови, иако веќе се направени дополнителни истражувања и се знае колкава е кометата и тоа што нема искоментирано на истражувањата кои се направени после неговите претпоставки укажува дека се согласува со нив.

Комета е, што да биде друго? :ROFLMAO:
Специфични се брзината и насоката, карактеристики кои укажуваат дека доаѓа од надворешните региони на галаксијата каде што има звездени системи со различна старост, што значи дека може да е стара милион/миљарда години.
Брзината на кометата во однос на Сонцето е указател дека потеклото и е од надворешните региони на галаксијата.

Исто кружат информации дека е постара од нашиот сончев систем, што ни под разно неможе да се заклучи бидејќи младите и средните ѕвездени системи се многу поактивни во испраќање на комети(тие од старите се многу ретки)
Анализи на изотопи не покажуваат дека доаѓа од постар ѕвезден систем, туку укажуваат дека е изложена на космичко зрачење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom