Друже колку години бе гледаш фудбал, па ова да го дефинираш како нешто .... атмоско.
На која основа, со тоа одбраната висока има тимови што лесно го разобличуваат тој атомски фудбал, креираат по 5-6 зицер шанси у утакмица и тоа јаки, вчера ПСЖ дојдоа со трета постава у напад и креираа многу шанси, дадоа 2 гола, си заминаа како победници.
Упорно замара за Интер и судии што секако немаше допирна точка со вистината, а го игнорираше фактот дека екипата му прими 7 гола од тој Интер у 2 меча, дека тој атомски фудбал резултираше со контра на Интер во 95та минута каде на половината на Барселона имаше само 4 играчи а имаа резултат у џеб. Што е овде атомско, таа филозофија ве кошташе лани финале во ЛШ на пример, ништо атомско нема тука, нити па досега невидено, и ова на долг рок дискутабилно е колку добри ствари ќе ви донесе зашто све повеќе и повеќе тимови ќе го злоупотребуваат ова високо ''бранење'' на Барса и ќе наоѓаат лесно начин да создаваат шанси за гол.
Једино што ова носи е многу шанси у еден меч, ама не знам тоа вас колку ви одговара, да гледате како противниците доаѓаат лесно до зицер ситуации откако офсајд стапиците идат у три лепе, а да бидеме искрени и со имиња Барса не стои многу добро во одбрана, нит со првотимци нит со играчи што ги заменуваат. Меч со две острици е овој ''атомски'' фудбал на Флик, нешто атомско беше она што Пеп го воспостави кај вас, супер баланс и одбрана и напад, со Флик создавате шанси ама и противникот создава исто премногу, и ко што реков, има доста тимови низ Европа а и во Шпанија кои ова можат да го разобличат, ПСЖ тоа го напраи без најбитните играчи од нападот, и со тинејџери кои немаат многу големо искуство.