Веројатно си градел куќа во 1980 година, затоа вака зборуваш.
Додека изградиш куќа, три пати ќе умреш од инфаркт од нервози.
Имам другари да речеме со скоро "неограничени" буџети кои креваа спрат на постоечките куќи. Не штедеа пари, ставаа најквалитетни материјали и не се ценкаа за работната рака. Двајцата градеа по минимум година и пол до две години. Почнувајќи од дозвола во општина. Ниту со врски не можеа да ја добијат дозволата. Едноставно нема човек за работа, де се на боледување, де се на одмор, иако нивните барања беа приторитетни ради директните врски со градоначалниците, пак се убија чекајќи.
После одиме на работници. Нема работници. Ако најде подобра тезга во меѓувреме, што и да ти ветил, паѓа во вода. Они дадоа премногу пари и пак се наоѓа некој буџован што ќе даде повеќе од тебе и ќе ти ги земе работниците. Ти требаат неколку типа различни работници. Секој на претходниот му наоѓа маана. Еден ден се случи другаров да не им врши надзор, вратата му ја ставија да се отвора обратно

Доаѓаа пијани на работа, се влечкаа со денови. И тоа зборувам за работници кои беа најмени преку фирма. Ако бараш преку познаници индвидуално, ти се еба мајката уште толку. Еден кров дома го менувавме 2 месеца. Еден ден ти крева, 5 дена го нема. А ги добие целосно парите, збогувај се веќе. Еден од другариве реши кујната да му ја прави фамилијарен познаник. Му даде пари за материјали, типчето го снема 2 месеци. Призна дека си отишол на одмор и ги потрошил парите. Се убаво како си ги изградија спратовите после толку време, ама и на двајцата им се смачи животот во тој период.