Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    762
J.D. Vance е далеку поопасен лик за демократијата во Америка од Трамп. Vance e следбеник (или верник) на NRx (Neoreactionary) движењето чии убедување потполно се косат со неолибералната демократија.

Ќе ве сотре братот
 
ke mu progledaat li niz prsti ako ne nosi spic kondura? iskreno toa najveke me maci

dajte da glasame ako cita nekoj moderator...
Ајде тој се мачи ама глеам и ти имаш големи маки :pos:

На Трамп баш економијата му е јака страна.
Да.
Особено борбата со инфлацијата му оди од рака. Во 2024 2 кг говедско 40$ во 2025 75$ глеам има и резултати, се прашувам зошто Маска се симна од бродот?
 
Прошлата гарнитура беше зло. Трамп е огромен напредок споредено со нив, зошто е само ексцентричен и нарцисоиден, ама не е зол. Ама за наша среќа (или несреќа, ќе видиме) е тотално некомпетентен да раководи со силата на апаратот што го води.
Што велат фактите за претходните гарнитури Демократи?
Во нивните мандати:
- САД не почнаа војна со Иран, заради Израел
- САД не поддржуваа материјално и секако, двогодишно отворено 24/7 бомбардирање на жени/деца/цивили во Палестина
- САД не се повлекоа од договорите за нуклеарно ненаоружување со РФ, и не уништуваа руски радари за рано откривање на ICBM, преку прокси извршители, плус уништување на авиони стратешки бомбардери носачи на нуклеарно оружје кои по договор се на ачик на сателити и не се заштитени во бункери, итн
- САД не правеа економско самоубиство на средната класа, па и на сојузниците/вазалите преку т.н. „тарифи“
- итн, итн

Ако Трамп е „напредок“, тогаш упм отиде светов.
 
Што велат фактите за претходните гарнитури Демократи?
Во нивните мандати:
- САД не почнаа војна со Иран, заради Израел
- САД не поддржуваа материјално и секако, двогодишно отворено 24/7 бомбардирање на жени/деца/цивили во Палестина
- САД не се повлекоа од договорите за нуклеарно ненаоружување со РФ
- САД не правеа економско самоубиство на средната класа, па и на сојузниците/вазалите преку т.н. „тарифи“
- итн, итн

Ако Трамп е „напредок“, тогаш упм отиде светов.

Во однос на Бајден и Блинкен, се е напредок.
 
Наредна средба межу Путин-Трамп-Зелински ја планираат за идниот Петок, 22 Август.
 
Во понеделник ќе следува разрешница. Понудата на Путин изгледа е Украинците да го напуштат Донбас, тој да ја замрзне офанзивата во Херсон и Запорожје...
Официјални делови на РФ... Колку е реално дека Путин ќе се откаже од нив, за возврат за Донбас кој секако паѓа пред следната година (а веројатно многу многу побргу).
 
Само навидум. Без многу замарање со реалноста и со фактите.

Не баш. Во однос на Израел, апсолутно секој претседател на САД е ист. Безрезервна подршка на Израел, тоа е главната мантра на американската надворешна политика. Вистина е дека Трамп е жестоко про Израел, но потребата да го контролира МАГА движењето сепак го ограничи на многу слаба, скоро никаква акција во Иран, на пример. Што се однесува до војната во Украина, Трамп е 200 пати подобар од Бајден. За волја на вистината Бајден и немаше некаква контрола пред крајот на мандатот, Блинкен управуваше со надворешната политика, а тој беше дел од Ашкенази лобито во Белата Куќа (Блинкен, Јелен, Нуланд и компанија) која заговараше војна во Украина до последниот Украинец. Трамп е доволоно паметен да сфаќа дека војната е изгубена и гледа да излезе со најмала штета по САД. И тоа е огромен напредок во однос на претходната администрација.
Автоматски споено мислење:

Официјални делови на РФ... Колку е реално дека Путин ќе се откаже од нив, за возврат за Донбас кој секако паѓа пред следната година (а веројатно многу многу побргу).

Никаде не се вели дека Путин ќе се откаже од тие делови, туку само дека ќе престане со офанзивата. Да не се лажеме, Путин никогаш нема да ја остави Украина да оди по својот пат. После неминовната капитулација ќе има хаос во Украина. Русите ќе се обидат да го искористат тој хаос и да постават проруска влада. Јас мислам дека Украина ќе се распадне на три дела. Овој кој заминива за Русија, централниот со Киев и Одеса кој ќе биде како Белорусија, и западниот кој ќе стане НАТО држава.
 
Наредна средба межу Путин-Трамп-Зелински ја планираат за идниот Петок, 22 Август.
Попусто ... фарбање на очи тој конфликт ќе се реши со победа на едната или другата страна. Не знам на кого тоа не му е јасно.
 
Да се повторам. Ниту Бајден, дури ниту Обама, не почнаа војна со Иран заради Израел. Во целата отворена поддршка за Израел ниту Бајден ниту Обама не поддржаа две годишно 24/7 бнепрекинато омбардирање на жени и деца и цивили во Палестина, и отоворено етничко чистење на Палестинците.
Само Трамп го направи/прави тоа. И сето ова се факти.

Што се тиче војната на САД против Русија во Украина. Па немаат веќе ни оружје ни муниција за давање, а почнува да гори во Азија (Тајван и на други локации со нивни асети). И сега наеднаш нивниот ПОТУС се залага за мир... Заради мирот или затоа што војната во Украина веќе ја изгубија па сега ова е damage control?
Ништо нема да биде од тоа „примирје“ освен ако не се исполнат руските барања (првенствено демилитаризација, денацификација, и гарантирана неутралност). Самитов е само фрлање коска од Путин, услуга за Трамп. Сега може да продолжи да се номинира за Нобелова награда за мир, додека во Украина гори војната.
 
Да се повторам. Ниту Бајден, дури ниту Обама, не почнаа војна со Иран заради Израел. Во целата отворена поддршка за Израел ниту Бајден ниту Обама не поддржаа две годишно 24/7 бнепрекинато омбардирање на жени и деца и цивили во Палестина, и отоворено етничко чистење на Палестинците.
Само Трамп го направи/прави тоа. И сето ова се факти.
Не, но почнаа војни со Либија, Сирија, Ирак. На исто му доаѓа, сите тие војни беа на наговор на Израел. Џефри Сакс отворено кажува дека на барање на Израел било предвидено да има седум војни на блискиот исток.
 
Скроз не е исто.
Едното е power play во Африка и на Блискиот Исток против немоќни противници со некаков претекст за „поддржување демократија и борба против диктатори“. Другото е напаѓање држава која во миг може да ги помножи со нула американските асети како носачите на авиони, па и базите во регионот. Иран буквално го можат тоа, ако бидат доведени на ивица на егзистенција.
Плус јавна достава на бомби за нацистите од Израел кои отворено прават етничко чистење и геноцид, пренесувани во живо 24/7. Нема ни претекст за некаква „слобода и демократија“.

Ако се гледаат фактите, од овој аспект нема полош ПОТУС од Трамп. Дури ни Бајден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom