Не се они криви. Они поставиле цена, ние сме тие кои се тегнеме три недели за 2-3 милиона.
Цигански однос на нашата управа. 42+3, 43+2, 44+1... епа они искешираа на Ретеги па сега можат да си дозволат и да одбијат понуда која мислат дека е испод вредноста на играчот. Дај им 48 без никакви плусови и да видиш како ќе прифатат.
Ќе биде голем дебакл некоја друга италијанска екипа ни го земе пред нос, а реално заслужуваме ова да не снајде.
Не се во состојба да најдат замена моментално, ако си оди Локман, остануваат без двајцата најдобри играчи од нападот, буквално, не е работата за преговори, моментално не сакаат да го продадат. Имаат доста пари за трошење ама сега за сега никој не им се нафаќа да им дојде, кај не се атрактивна средина па и Јурич им е тренер, а без Локман и Ретеги ќе се послаби и од Лече кога е во прашање нападот, оставени ќе се само на инвалидот Скамака.
Сумата која Интер ја нуди за него не е мала, од тоа што читам последната понуда е 45м плус бонуси, во ситуација кога играчот сака да си замине, има 28 години и неговиот циклус таму е завршен, работата е што овие се надеваа на замена некаква а сега за сега не се воопшто блиску до такво нешто, рецнати се од Палас, одбиени се и од нас за Пио Еспозито.
Локман одма реагирал ко децана ги трнгал од Инстаграм, ги избришал сликите, не знам зад големата завеса што точно се дешавало тука, и дали му ветиле дека ќе го дадат, па се премислиле, откако сфатиле дека остануваат со еден полунапаѓач а им требаат минимум 2 за следна сезона, нешто што од моментална перспектива за нив е тешко изводливо, и да земат двајца напаѓачи, и истите да се добри. Нека зберат таму Крстович мрстович, и уште некој папак нека не умараат многу.
Ќе видиме деновиве дали ќе се сменат работите тука или не, ја уште се надевам дека ова ќе го решат и ќе дојде Локман кај нас.