Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.368
- Поени од реакции
- 34.964
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
На 22 јануари 2005 година, само два дена по стартот на порталот Kajgana.com, се појави нешто што ќе стане дел од секојдневието на илјадници Македонци: Кајгана форум. Денес, 20 години подоцна, време е да погледнеме наназад и да направиме ретроспектива на еден од најдолговечните и највлијателни дигитални простори во Македонија.
И тоа не е претерано - само во првите неколку месеци се појавија:
Постот што влезе во легенда. „Стив е празен“ - Едноставна реченица, случајно напишана, која доби култен статус и често се користеше како шега или метафора. Стив е празен, ама форумот беше полн.
Најпосетената и најверојатно најцензурираната тема на форумот во тоа време. Едни ја сакаа, други се пронаоѓаа и ја пријавуваа, но никој не остануваше рамнодушен. Колумните беа мешавина од квази-литература, хумор и... па, еротика. Во секој случај - симбол на слободата на израз што ја нуди форумот.
Кои се темите по кои засекогаш ќе го памтите форумов?
Среќна 200ка Кајгана форум!
Почетоци и експанзија
Во 2005, Facebook не постоеше кај нас, YouTube штотуку почнуваше, а интернетот беше скапа играчка. Но, форумите беа центарот на македонскиот интернет, а Кајгана со својот свеж пристап и отворена култура брзо стана најпосетеното место за муабет, совети, расправии и… сè што ти душа сака.И тоа не е претерано - само во првите неколку месеци се појавија:
- илјадници активни членови,
- безброј теми, автомобили и филмови до политика, љубов, астрологија, DIY и еротски колумни,
- незаборавни дебати кои често беа почитани од ТВ емисии.
Теми што ја направија историјата
Некои теми и постови не се забораваат – а некои буквално станаа интернет фолклор.Toreador напиша:Ја чекавме двајцата во собата. Стив е празен. Нема никој...сите бараки се празни. Дури и мензата не работеше тој ден. Јас носев маска на гордост и пробував да го скриам мојот страв. Се убедував самиот себе дека ова ќе биде супер, незаборавно, мој личен трофеј. Го погледнав во очи другарот што стоеше покрај прозорот. И неговите очи го издаваа неговиот страв. Се чувстувавме и двајцата како мали деца којшто влегуваат во јавна куќа за прв пат во нивниот живот. Сето фалење, сите теории за сексот и сите емисии се соочуваа со фактот дека иако теоретски занев многу мојата пракса ни оддалеку не беше на слично ниво како и моето теоретско знаење...
Постот што влезе во легенда. „Стив е празен“ - Едноставна реченица, случајно напишана, која доби култен статус и често се користеше како шега или метафора. Стив е празен, ама форумот беше полн.
„Љубовни, еротски и порно колумни“
Најпосетената и најверојатно најцензурираната тема на форумот во тоа време. Едни ја сакаа, други се пронаоѓаа и ја пријавуваа, но никој не остануваше рамнодушен. Колумните беа мешавина од квази-литература, хумор и... па, еротика. Во секој случај - симбол на слободата на израз што ја нуди форумот.
Кои се темите по кои засекогаш ќе го памтите форумов?

Падови и враќања
Форумот имаше и свои кризи:- еднаш изгубивме содржина од неколку месеци, но брзо ја надополнивме со нова,
- имавме сериозни downtime моменти (најдолгиот траеше од мај до јули 2025),
- често пати се дебатирало дали админите и модераторите се активни, дали носат правилни одлуки при модерирањето и тн.
Заедница што останува засекогаш
Можеби Фејсбук групите и поткастите презедоа дел од публиката, но Кајгана форум останува место каде:- можеш да побараш и да добиеш совети,
- да ги следиш актуелните теми „инкогнито“ и без да се регистрираш,
- да го извлечеш „подебелиот крај“ ако се закачаш со погрешен член на погрешна тема,
- да се насмееш и на мемиња од 2009, кои сè уште кружат.
- да се договориш за пиво, фудбал во маало или - да покренеш масовна иницијатива / протест.
Што научивме за 20 години?
- Дека форумите не умираат – само се менуваат.
- Дека македонскиот интернет има душа, а добар дел од таа душа е напишан во теми од типот: „Што се случи со...“, „Најглупа порака што сте ја добиле“.
- Дека имаат јавно влијание и моќ да променат многу работи во општеството, но и да поттикнат сопствена промена.
- И дека, никогаш не знаеме кој ќе го напише следниот легендарен топ пост од типот на... „Стив е празен.“
- Кој ви беше првиот пост?
- Кој член ви беше најдраг или најиритантен)?
- Кои теми ги следевте секој ден?
- Што ве натера да останете?
Среќна 200ка Кајгана форум!
