Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Плачам од среќа после години.. ме фатија и емотивните денови.
После 8 месеци во фирмава, добив унапредување, зголемување плата и бонус. Многу сум среќна и благодарна и баш ми е мило што мојот менаџмент го цени мојот труд.
Допрва ќе газам, ќе се трудам, ќе се унапредувам, ќе давам сѐ од себе.
Кога гледам дека трудот ми се цени, работам како луда.

Први август е за мене обично тежок ден.
01.08.2019 ќе го изгубев татко ми, еден Господ го спаси.
Денес Господ ми даде уште една причина за среќа. На цела година приватен план тонење, се осеќам пак на палуба.

Ве сака Мачка
 
Драга,

неверојатно е чуството кога по цели денови се потиш у пекара да месиш теста за све и свашта по 10 саати на ден. Да стануваш секој ден у 3 сабајле а до 4.30-5.00 да си на работа. Во зима да си направена жива вода од жештината на печките и напорот а камо ли на овие 35+ степени во лето. И после долго време во оваа работа на оваа позиција, после долго време месење теста, миење тепсии, сечење буреци, хронична ненаспаност и се тоа зачинето со одвај 30 минутна пауза за јадење и цигара, сега да си унапредена во касиерка каде што што ќе треба да се расправаш со пензионери што замараат со глупи прашања и пипкаат лебови. И се тоа за некое мало покачување и бонус. Многу повеќе одговорности за многу помал бонус и зголемена плата.
Август не можеше подобро да започне.



Иначе за една другарка ти кажувам.
 
Што е со гастошиве од пред 2-3 години отидени надвор па кога се враќаат тука имаат потреба да се сликаат со сите сервисни услуги? Као нешто инфлуенсери станаа? Отишол да реди роба у Алди е враќа дома се слика со берберот, зубарот, бурекџијата…он, јакиот репер за квалитет па ќе промовира маалски мали бизниси. Јак е тука две недели и фаќа визерот на ефтина тарифа за Регенсбург и ќе го нема до Божиќ кога ќе му дадат денови у меѓу време не снима дека се мава тројка горе двојка од страна пошто 50 еур бербер.
Пола и повеќе од ваквите гастарбајтери се со изнајмени рентани коли и џипови а дел од народов тука мисли дека за кратко време успејале и со џипови и лимузини се враќаат триумфално дома :pos:
А таму во странство се најобични измеќари и живеат по принципот куча-посо-пиџами
 
Илинден, 122 години потоа - одиш на работа во турска фирма со такси кое го вози Онур, облечен во маичка од LC Waikiki и панталони од DeFacto, ненаспан заради звукот од турската серија која ја гледаше жена ти синоќа во дневна. Не ослободиле, my ass.
 
Среќен празник Македонијо.
Секогаш народот овде се борел против некој, против нешто. Секогаш биле посилни противници, но нашиот народ има моќ, доблест, се бори со сите сили.
Морам да признаам дека ми е многу жал што некој умрел за слободна Македонија, а тоа го продадовме у 5-10 години.
не те заслужуваме Македонијо!
Многу си убава, со убава клима, природни богатства, обновливи извори, не знаеме да те чуваме.
 
Еее златна наша да си,

Штета што те изедева од унутра, без разлику колко далеко ќе отидемо, само едно место е дом, на само едно место се осеќам дома кд се врату, све друго може да биде сас триста данци и катанци и да трешти украсено сас злато ама наше си е наше.
Е сга, штета што наше одамна не е наше него шиптaрско и у свое наше биднасмо граѓани у втор ред а главни кумови на тој бесва, буквално твои деца и чеда.
Ако кроз историју смо биле условувани од надворешни фактори и наша историја била испишани силом или милом од странски фактори, за жал, за личан интерес твоја судбина ќе биде трагична зашто веќ одамна, боримо се против наши, људи што некои ги викамо братучеди, роднине, другари од школу или комшие. Е тија те умрева, штабски пацови и политички функционери, продадени душе. Не су ни криви шиптaри што искористива сваку можну прилику за гол, нити грци, нити па ќе ни бидев бугари криви, криви су овија наши „људи“ ако су уопште људи сас морал и етику. Тој е.

Ама куде и да смо, твоја историја, име и богатство е у нас, док живимо и дишимо, ми ќе знаемо од куде смо и какви смо, не ни треба никој да ни потврди, негира или аминуе, Македонија вечна!
<3
 
Некако ми е тешко деновиве. Си викам ќе помине. И знам дека ќе помине.

Ама ми доаѓаш во мислите, во сништата. За некој ден ќе правевме 2 години заедно да беше маж. Не сакам. Ме истоштува тоа. Порано, секоја мисла за тебе беше извор на среќа, и срцето ми чукаше како лудо. Сега кога мислам на тебе се вознемирувам. Многу ме повреди, многу. Ми направи дупка во душата за која ќе треба време да се пополни.

Заслужувам мир да имам после сѐ. Кога се молев да се вратиш, те немаше. Сега не сакам да те има. И го молам Господ секоја мисла да ја трга.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom