Велибор Манев го знаел по ангажманот, првично во здружението, а потоа и во партијата Десна и го окарактеризира како алчен за пари и дека поради тоа имало конфликтни ситуации во партијата.
Обвинетиот Боре Видевски го запознал преку Манев, кој го зачленил во Десна, но рече дека бил скромен и дисциплиниран човек, со кој немал можност многу социјално да се дружи.
Какви убави зборови за Боре кој не го истастал и го смени исказот, додека за Манев тој е алчен за пари и бил конфликтен.
Дури и напоменува Палчо дека со Боре немал можност многу социјално да се дружи а само на фејсбук може да се најдат сто слики од тајфава заедно сликани по цркви и ливади, а и фатени се заедно пред извесно време во потрага по злато.
Како тоа немал време да се дружи а фатен во ниедно време по пештери со пиштол на себе?