Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
22 август 2022
Мислења
423
Поени од реакции
1.477
Драга, добро утро.
Неколку дена се сомневав, ама денес конечно ми стана јасно.
Јас се менувам. И тоа многу се менувам.
Аман премолчи, аман да нема расправија, аман изглади, толерирај, од таа грл полека полека се губи трага.
Првпат почнав на прва топка да покажувам заби, директива одговор и капак.
И знаеш што? Сфатив дека мојов е во право кога ми вика, ти од што сакаш со сите добра да бидеш те гледаат како слаба.
Јас, пак, те знам и ти ги знам одговорите и пред да ги изустиш, малку дрско да застанеш во своја закрила, многу нешта ќе се сменат. Добра му е онаа „Ако си во право и не покажеш заби, делува како да не веруваш дека си во право.“

Почнав уште од сабајле со колешка една, продадена душа смрдлива, а јас ѝ помогнав со ориентација, ми плачеше, не знаеше на директорката на интервју што да ѝ каже, не знаеше во болница да отиде вошка една. Сега, нема потреба од мене, па пробува да се улизува на локалците и тие фрустрации на другите expats ги бљуе. Нешто пројаде гурабии рано на сабајле, јас уште посигурен одговор директно, со спуштање муабет сите кон неа да се свртат, ајт таму, пред сите. Во фаза сум од животов кога никого не толерирам. Хомо сапиенс сме мајку му стара, мора ли забите да ги клештиме за све во животов, за сите има место. Ич не го сакам ваквиов став, ама ако е предуслов за преживување, не знам...

Само да не почнам да се занимавам малку со туѓи слаби карики... само нека не проба на пат да ми стои.
Жив чоек, стално се менува. До вчера бев „еееј како не ми текна ова да го спуштам“ , последно време само почнав „Упс, ми се испушти“ да викам. Што да правам, никогаш прва не се закачам.

И не го сфаќам оној момент ако те нејќам, те нејќам. Никогаш во живот не сум развила антипатија кон некого што не го знам доволно добро да имам причини за истата. Никој никого не мора да сака, не сме matching app, ама секој кон секого мора професионално да се однесува. Да покаже дека од дома некад потрошиле време да го воспитаат.
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.440
Поени од реакции
9.348
Денес е светски ден на поезијата...

Мало рипче во вода прета,
кој ли ќе биде на тетките следна мета.

Во пустина порасна една ружа,
што прави Хоуп на форум дали и знае мужа?

Живот пуст и проклет се ни зема,
о Џонтра зошто сакаш сите старци да ги нема?

Во шталата далеку се роди мало теле,
на форумов исто та исто цело време се меле.

Во подрум млад човек тажно се фикса во вена,
Ленорот во Кам е на пола цена.

Ветерот тивко и расплете коси,
кој ли сега со теткиве ќе се носи.

Форумот е наш втор дом,
не знаете, ама Парва е ром.

Доволно уживавте со мене,
време е на трљање во банка да се крене.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.134
Она што се смета за андерграунд доста често, а воедно и иронично ја губи првичната смисла и апсурдно станува тотално спротивното од значењето на тој збор. Скопје не е нити голем, нити интернационален град како Берлин па да има своја автентична и специфична андерграунд субкултура која како што реков парадоксално го прави Берлин да е баш препознатлив од истата таа причина.

Да се збори за андерграунд во Скопје е исто како и да се збори за обратната екстрема на оската односно "елитни места". Но, иако се малку, сепак има "неколку моменти" кои може сеуште да се наречат така.

Еден од тие моменти се оддржува еднаш годишно во декември во близина на соборниот храм Св. Климент Охридски во подземните гаражи наречени (Под) Плочник. Фестивалот наречен "Под Земја Полесно Се Дише" во своето име носи две алузии и буквалната, а тоа е фактот што во зима и посебно во тој период воздухот во Скопје е презагаден, а и метафоричната симболизирајќи дека андерграунд уметноста посебно поради тоа што не е финансирана и според тоа не должи никому ништо е ослободена од стегите и може да биде своја и да "дише полесно" "под земја (под видното-мејнстрим поле)". Настапуваат бендови од повеќе жанрови но сите "припадници" на непопуларните струи, има слики, цртежи, арт инсталации, светлечки проекции, уметнички предмети и слично. Влезот е бесплатен, а посетителите можат да го помогнат фестивалот со тоа што ќе купат греано вино или ракија, брендирани маички, торби и други модни додатоци како алки и беџови или преку купување на постери и некои од уметничките изработки. "Под Земја Полесно Се Дише" е прав андерграунд фестивал и во буквалната смисла на зборот затоа што се одржува во подземни гаражи, а и во метафоричната затоа што е посветена на тој тип на уметност и уметници. И е едно од ретките места каде што човек и го осеќа оној автентичен андеграунд стимул и слобода што се поретко ја има, а е толку добро објаснета во документарецот:


Скопје урбан герила обележје број 4: Плочник. Под Земја Полесно Се Дише.

plocnik.jpg
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.435
Поени од реакции
19.646
Драа

Ја можда сум ром
Али барем не сум циган
Како Чолка и ја
Да се мажам за сомангела клуб
Како Виган.

А можда и Џонтра
Не е баш дирекно од Велез
Али е некој мрднат
Илинденско Рацински мелез.

Еве и ја се соземав
Ти ветувам Злате
Ако ме видиш у дваесдвојка
Слободни лупни ми
Мајагери карате.

Абе знам ја
он сеа одма ке ме брише
Еве ја ветувам
дека нема више.

Неам ја ништо протиф
Форумските старци
Али некад сте досасни
Као у лето комарци

Еве на куманофски
Задња строфа ке рока
Лизга ни на нас рима
Као на Сусару кока.

Можда од куманофски
Сфи ваз очи ве болиф
Али дај да се дружимо
Да не бидемо пролиф.
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
620
Поени од реакции
1.327
Супер си ти Парва,
Баш те сакам знај,
На дружбата наша,
Ќе и нема крај.

Може тебе дома,
Ти мириса на пролиф сега,
Па окцето нервозно,
Накај мене ти бега.

Но срцето мое,
Сака друг многу,
Владе право мушко,
Ооооо фала богу!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.440
Поени од реакции
9.348
Уште 10 минути има денот на поезијата, кој пишал пишал, кој не пишал-следна година.

Мачорот од калта шепата ја мие,
јас сега ве напуштам зошто ми се спие.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
1.086
Поени од реакции
1.542
Кога бев со неа јас дишев во сите светови
оти во неа ce среќаваа сите страни на светот.

Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња,
и ќе те љубам и губам и во пoсти и пред гости
само да ме сакаш.
Кога имавме сенка имавме и часовник,
кога имавме добиток имаше и кој да ги подржува
нашите нокти и нашата подноктица,
леле моја тајно,
моја убавице.

Нејзината воздишка беше граница
меѓу раздуваниот жар во јужните овошки
и успаната вода во зимските метали.
Таа ce појавуваше од секаде
и мојата брсјачка нежност ја споредуваше
со прошетките на војникот
посред друмот од куршумот.
По нејзината воздишка го запомнував воздухот
за да можам да ја стигнам, незабележан од никого,
но таа беше побрза од сите небесни светлини,
зашто секаде сама си го осветлуваше патот.
Cè што ce уништуваше беше заради неа
и cè што ce обновуваше беше заради неа.
Секој што влегол во нејзината соба
заборавил на огнот што го допира водата,
Секој што влегол во нејзината соба
заборавил да се врати дома.
Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот…
Дениција дишеше како да ставаше течни запирки,
како да свиреше на тамбура, како да се чешлаше
и од нејзината воздишка можеше да се научи,
дека секој ден е ден последен
Доближи се како цветот што има корен на небото
и по бојата на твојата уста ќе погодам
во кој овошен плод ќе заврши летото.
Во тебе бев заљубен уште пред моето и твоето создавање,
пред првата ноќ, разгазена од првата светлосна светулка.
Ти си најцелосниот душман на моите душмани
и јас ќе бидам победен од моите омилени слабости.
Поради неа се’ уште не можеше да се дознае
дали е постаро јајцето или пилето,
гладот или жедта.
Ништо не е повидливо
и ништо не е поприсутно од твоето отсуство.
Ти ме приѕираш и од небото и од земјата,
а мене никако не ми успева да ти кажам
дека и мојата смрт започна по твојата
и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира,
мислејќи само на тебе, Дениција…
 
Член од
9 јануари 2022
Мислења
140
Поени од реакции
123
Драга Каjгана,

тоа е поздрав од ЧетГПТ:

"На пекарницата пред сабајлук,
сончеви зраци ги пробудуваат куќите,
сирење и пиперки на мезето,
се запецва во весело утро.

Кафе мирис врз улиците се шири,
среќни деца играат на улиците,
тополи листови во ветровите танцуваат,
овошје и зеленчук се купуваат.

Во паркот, луѓе шетаат со своите кучиња,
додека сонцето се крие зад облаците,
празниците се прославуваат со веселба и песна."
 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
300
Поени од реакции
581
Моето јас од поезија врска нема,
а еве времето е уште една минута
и некако и таа минута ми бега.

Ако закаснам нека има продолжение,
бар пет минути како на секој натпревар.
Оти ова е натпревар?Или можеби борба.
Како и да е од ко е излезен форумот до сега,
се напраивме чорба.

Од продолжението остана уште
минута творба нека ми простат
сите поети за мојата лоша стихотворба.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.440
Поени од реакции
9.348
Денес е денот на прозата...

Еден сончев ден, додека шарената пеперутка леташе од цвет на цвет, малата Лара се врати во своето родно село.. Кога нејзиното куч*-_$_@_*/&.


Ааа ок :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom