Recent Content by Tacid

  1. Tacid

    FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

    Го изгледав филмот пред некој ден, и морам да кажам дека и покрај тоа што ми се допадна, се зачудив на разликите во однос на книгата, која ја имам прочитано два пати. Се согласувам со замерката за површната приказна и тоа е она што всушност мене, веќе имајќи го прочитано оригиналното дело...
  2. Tacid

    Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

    Отсекогаш ме чудеше како змијата (или што и да е "Nachash" ) испаѓа главниот негативец во Генезис 3 и врз неа се сведува главната вина за падот на човекот, кога таа само ја кажува вистината за дрвото на спознанието на доброто и злото, што на крајот е потврдено и од самиот Бог? 3-4"Не, вие...
  3. Tacid

    Мачки (општи дискусии)

    и на двете- имам читано дека тие со хетерохромија на страна од синото око се глуви а на страната од жолтото/кафеното слушаат, а одреден процент се комплетно глуви- оваа мојата е од тие, доволно е да кажам дека си игра со правосмукалката додека е влучена, воопшто не се бое од бучавата :) турски...
  4. Tacid

    Мачки (општи дискусии)

    Еве го моето ново маче. За жал е глуво :( Инаку дали некој знае дали во Македонија може да се најде расата ТУРСКИ ВАН ?
  5. Tacid

    Тука коментираме книги

    Последната книга која ми остави многу силен впечаток е Ребека од Дафне ди Морие. Ова е првата книга која ме воодушеви, а во која воопшто не ми се допадна никој од ликовите кои ги среќаваме во книгата, и тоа за мене овој пат беше сосема во ред, бидејќи преку нив и нивните постапки книгата сумира...
  6. Tacid

    Бонсаи (одгледување бонсаи)

    Видовите кои ги набројав растат во изобилство во нашите шуми :), бел габер (Carpinus orientalis) има по подножјата на планините и од него се прават супер бонсаи. Инаку по расадниците/ хортикултурните центри. Мислам дека нема потреба да купиш посебен вид на растение за бонсаи (можеш да купиш веќе...
  7. Tacid

    Бонсаи (одгледување бонсаи)

    Бел габер, јасен, јавор или црница исто така лесно се обликуваат во бонсаи, всушност и многу други листопадни видови можат да се обликуваат во бонсаи доколку се доволно мали, може да се почнат и сега додека се уште не се развиени.
  8. Tacid

    Читање книги

    Последната книга која ја прочитав е Ребека од Дафне ди Морие и им ја препорачувам на сите љубители на психолошки трилери/мистерии. Еве неколку интересни факти: -делото стилски не може да се класифицира поради специфичниот начин на пишување кој ги испреплетува во еднаква мера психолошкиот трилер...
  9. Tacid

    Книги кои би ги препорачале

    Ако сте фанови на крос-жанр ви ја препорачувам Ребека од Дафне ди Морие- психолошки трилер/ криминална мистерија/ готика.
  10. Tacid

    Што читате во моментов? (со краток коментар)

    Daphne du Maurier - Rebecca. Дефинитивно ова спаѓа во свој сопствен крос-жанр, хибрид од криминална мистерија, психолошки трилер и детективска приказна со елементи на готика раскажана на уникатен начин. " Таму беше Мендерлеј, толку тивок, толку таен...Понекогаш се прашувам како ќе беше доколку...
  11. Tacid

    Мачки (општи дискусии)

    Јас дипломирав на биохемија, а Felis silvestris catus ми е хоби :)
  12. Tacid

    Мачки (општи дискусии)

    Се продаваат во ветеринарните станици и продавниците за миленици, една амппула е 350 ден. и се става на грбот. Јас прво третирав со прашок Неопитроид (100 ден.) а после тоа бањање и сушење па ампулата на крај ја аплицирав на грбната страна од вратот на мачката (каде што не може да ја излиже)...
  13. Tacid

    Мачки (општи дискусии)

    Пазете многу со крлежите, мојот фати крлежи, со нив лесно се справивме прашок, капење па ампула и го исчистивме, но од крлежите изгледа се зарази со некаква бактерија и беше готов, за малку се спаси, сега е добро. --- надополнето: 27 април 2013 во 21:47 --- AnFem, и јас користев таква ампула а...
  14. Tacid

    Аквариумски риби (општи дискусии)

    Инаку добро е песокот не само да го измиеш туку и да го извриеш, во песок од река се наоѓа се и сешто- бактерии, спори од алги, паразити итн. кои можат во аквариумот да ти прават проблеми.
  15. Tacid

    Аквариумски риби (општи дискусии)

    Обично карасите и неон-тетра не се препорачуваат да се чуваат заедно (претпоставувам мислеш на неон тетрата- Paracheirodon innesi)- неон тетрата е мала и нежна риба и многу често поголемите риби ја јадат, или пак вознемируваат т.е. и ги гризат перките а ако тоа се случи рибата е готова- умира. Е...
Back
На врв Bottom