Искрено, од стручна литература, особено современа, не се разбирам баш, овие што се преведени кај нас не ми се свиѓаат. Можеш да го читаш Фром, он само е подобар. Само ако ја земеш Уметноста на љубовта не очекувај романтики, пошо обично ја земаат за тоа и после се разочаруваат.
Фројд е многу тежок за читање има ептен стручни изрази, така да од него би било убаво да ги читаш само случаите.
Јунг го немам читано, најдобра му е Човекот и неговите симболи, ама не се издава веќе на македонски, така да ако можеш да ја најдеш по библиотека би била најдобар избор, дефинитивно. Исто и Негирање, ако можеш да ја најдеш по библиотеки е најдобар психолошки трилер.
Хесе е ептен сиритуален, ама ја го обожавам. Степси волк мора да се прочита.
Било што од Достоевски е добро, само што се доста долги книгите. Ама мислам дека ептен добро се сфаќа психологија од него, пслус кај него и кај Хесе има и филозофски елементи.
Прашај ја Магде, она може друкше и поубаво ќе ти каже и препорача.