Па, кога некој торент го симнуваат повеќе луѓе, ти ги покажува таму како peers, нормално, што значи дека тој торент што го симнуваш ти, го симнуваат истовремено и многу други луѓе. Арно ама, ти не можеш со сите да се поврзеш, преку преференциите на твојот bittorrent client можеш да подесиш колку конекции можат да се направат истовремено.
Како и да е, твојата брзина на симнување зависи од upload конекцијата на тие што го имаат веќе симнато торентот, па сега го качуваат истото, овозможувајќи им и на другите да го симнуваат, т.н. seeds/seeders, и од тие што го симнуваат тој торент, кои истовремено 'eм го симнуваат торентот, 'eм ги качуваат веќе симнатите делови од тој одреден торент.
Некои луѓе ја лимитираат upload конекцијата на 0/1/2 kB/s, ама тоа е голема грешка. Bit-Torrent-от работи на "на ти го - дај ми го" протоколот, што значи дека, ако даваш помалку, ќе добиваш помалку.
Се надевам дека ти е појасно... и така. Поздрав. .