Ти велам, гледан ми беше уште поодамна, само мило ми стана што гледам дека уште на некој друг му се допаднал и го препорачал на форумот, бидејќи мене лично навистина ми се допадна, но на некои луѓе и не им беше по вкус. Но секој си има свој сопствен вкус за филмови нормално.
За препорака ако сакаш SF ти ги препорачувам Sunshine и The Moon, доколку не си ги гледал до сега.
А друг филм што би ти препорачал никако да не го испуштиш е Fracture (со Ентони Хопкинс)
Ако си за добра комедија Waiting е забеган
) Се смеев многу
А онака филм за релаксација 17 Again. Убаво филмче.
А да. High Fidelity и U Turn исто.
Те пренатрупав можеби со премногу филмови, но овие неколку навистина ми оставиле впечаток па се надевам дека ке ти се допаднат доколку не ти се гледани. Гледам дека и ти си љубител на филмови како мене, а можеби имаме и сличен вкус бидејки и јас сум љубител на SF па ако имаш и ти некој предлог за филм што мислиш дека не би ми бил гледан кажи
Поздрав.