Култузин, бидејќи видов дека најубав град во Македонија ти е Кратово, претпоставувам или дека си одтаму или дека си бил во повеќе наврати, па затоа сакам да те прашам дали знаеш дали има некој мотел или пак да се издаваат соби за преноќевање во Кратово? Сакам да одам на прошетка, но никако не ми се исплаќа да одам само за еден ден, а освен хотелот силекс (кој слушнав дека моментално се реновира) не знам ништо друго.