Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.241
- Поени од реакции
- 36.550
Технологијата се менува, и засега САД е далеку од тоа што треба да е во поглед на ракетни системи што е пак тотално небитно затоа што ниту една од тие 2 земји нема да иницира таков тип на војна.Не, и тоа заради нуклеарното оружје, барем се додека нуклеарното оружје е гарант за MAD. Технологијата се менува, можеби тоа да биде надминато, но тоа е друга тема.
Шансите да ја внесат Украина во Нато ти се еднакви на нула, побрзо Русија ќе ја збриши од постоење со нуклеарно оружје, од што би им дозволила да ја пикнат Украина во Нато, особено после оваа воена интервенција.Ослабена Русија, или Русија со НАТО на своите граници, особено во Украина може да значи чекање на поволна шанса во наредните 10, 20, 50, 80 години за правење на следен потег, што навистина може да биде на штета на Русија.
Но овие двете сценарија се малку веројатни.
Додавањето членки на НАТО околу границите на Русија, а и додавањето војски на НАТО е тоа што ја ослабува Русија во смисла дека ќе мораат да ангажираат повеќе ресурси за да направат баланс на сите граници и на сите тие војски.
Но најбитното е она што САД веќе ја оствари целта, сега се останато е само бонус за нив.
А тоа беше раздвојување на Русија со Европа.
Види, Русите имаа прилично големо влијание во Европа, во повеќе земји.
Соработката Русија - Европа им беше на корист и на двете. Секако на штета на САД.
Но САД успеа да го прекине тоа, баш со војната во Украина.
Значи одговорот на прашањето е, Русија сега е послаба заради што го изгуби влијанието што го имаше во Европа.
Европа исто така е послаба заради истото.
Ова само создава се поголем дисбаланс, каде САД имаат повеќе контрола.
За доброто на сите, за поголем напредок и можеби помалку војни, најмногу ни одговараше силна Русија и силна Европа, нешто што доаѓа од нивната меѓусебна соработка.
Во врска со другиот дел, мислам дека (мое мислење) САД намерно создаваат непријатели кои подоцна можат да бидат конфронтирани, директно или во прокси. Тешко е да се каже дали има некој општ напредок од сето тоа, но мислам дека и тоа како им дава контрола во одредени полиња. Сега ова не важи за се, не би биле тоа што се ако сите им беа непријатели, но создава услови за поголема контрола над тие со кои соработуваат, а и тие што се неутрални, во даден временски период.
BRICS се само економска заедница, која освен тоа нема друга допирна точка, или нешто кое би било против-тежа на Западот. Во BRICS имаш најмалку две непријателски настроени земји и потенцијални 2 кои во иднина би можеле да бидат непријатели, но сега не се заради заедничкиот непријател - САД.
За судбината на Украина... Ќе видиме по војната. Или да речам по способноста на Русија да ја истера војната до крај.
Ова сеуште го читам од аналитичари (од запад) и тие истите се чудат зошто САД и Европа не превземаат ништо во врска со тоа.
Се што треба да направат (според нив) е само да направат олеснет премин на овие луѓе (па и општо на сите Руси) да можат да преминат на Запад.
Но веројатно САД имаат некоја причина за тоа што уште не е така.
Супер што успеале да ја тргнат од Европа, само проблемот е што ја турнаа во Азија, а од тоа што гледам Европа оди само надоле, додека Азија напредува на секое поле. Технолошки најголем дел од електрониката во светот се произведува таму, еве ги сега и возилата, облека и да не набројувам. И не само што најголем дел од светската индустрија е таму, туку веќе и стандардот оди нагоре. Едно чудо европски гиганти дојде ред да се под сопствеништво на Кинезите, ние може да се заебаваме колку сакаме дека Кина е чкарт и ефтин, но парите што влегоа во таа држава во последните децении не се за потценување.
Брикс ти е денес економска заедница, по потреба многу лесно може да се трансформира и во воен сојуз, се додека сите тие имаат заеднички непријател, создавање на сојузи е лесно.
За последното, се вика мито и корупција, во западниот свет ја имаш исто колку во Македонија, само во малку пософтицирана форма.
Викаат дека домашниот есап не излегува на пазар, така ми мириса и овде, ако им успеа еднаш во 90ти, не значи дека ќе им успее повторно. Главниот проблем на СССР беше системот, ќе им требаат уште години да се потсреди новата држава (да се подзачистат тие што биле родени во претходниот систем, слично како кај нас), но најбитното е што се на добра насока, голем дел од денешната корупција ќе исчезнува како што напредува капитализмот таму.Да, сигурно поише им одговара оваа Русија како пријател. Може тука да ја додадеме и моменталната Кина, да запалат едно луле на мирот и да го решат светскиот глад, сидата и тн.
Меѓутоа реалноста е далеку подруга. Овие земји не можат мирно да коегзистираат зашто имаат дијаметрално спротивни апетити. Единствен начин во кој тие би коегзистирале е ако од Русија направат тоа што направија од другите западни земји, зборот auxiliary е најсоодветен тука. И тоа е крајната цел во best case сценарио. Други опции се внатрешни немири, дебил на власт ко Јелцин, и тн, сите овие сценарија се подобри од моменталната Русија која им контрираше на светската сцена.
Распад на мали држави е невозможен, зашто Русија е национална држава за разлика од СССР. Зашто би имало мали држави со мнозинство Руси?
Е сеа ниедна од овие работи не мора да се случи преку ноќ, ниту сигурно ќе се случи. Играта трае многу долго, 2 години се премал временски период за да се оцени тоа. За Америка е доволно за сега, дека со ова( целата работа децении уназад таму) драстично го проширија влијанието во руската зона. Не би рекол ни дека е руска зона, тоа е Русија. Создадоа фанатичен и антируски сојузник од историски нивни сограѓани. И според мене тоа не е реверсибилен процес, зашто овие сега градат нација што никогаш ја немале. Русија никогаш повеќе нема да може да ги асимилира, безразлика колку ќе останат, дали 50%,30% од територијата и тн. А мое мислење, Русија нема да освои поише од 5 посто од ова што го има сеа. Значи, територијално голем сојузник.