Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    758
Кина е поголема на баба рога.

Ако не им успеа ова при распадот на СССР, уште помалку ќе им успее сега.
Се водат она дека не клецка најубавиот, туку најупорниот... Инаку делузијата (ендгејмот) веројатно им е дека со ресурсите од РФ, потоа ќе се справат со Кина.
Автоматски споено мислење:

@Human најден е „доказ“ дека патриот руши кинжали, уште лани бил постиран ама не сме знаеле. :unsure:

Плус за хуморот, иако шегата е на нивна страна:

Да бидам искрен јас не ја гледам финалната цел на ваква прокси војна. Демек муабетот е ако ја ослабнат тука, ќе може да ја нападнат и ќе пропадне?

Ослабнување за да не им се меша во нивните геополитички планови пак не го гледам како опција и решение, и да им ја уништат нивната опрема, секогаш може да продадат мозок/технологија на тој што ќе има ресурси/мотивација.

Ако навистина ја донесат Русија во ќош, многу лесно може да им се остварат sci-fi сценаријата и да почнат да им рокаат биолошки оружја низ америчките градови, не треба да се плашат од нуклеарки колку од глупостите што може да им ги даде Русија на акбаровци, а ниту може да се детектираат, ниту да се следат.

Да се паметни далеку повеќе им одговара да ја држат Русија како пријател, отколку непријател, и тоа во секој можен аспект (ефтини ресурси, ефтин и способен кадар, помалку сопки при остварување на геополитички интереси), само по се ми изгледа дека игнорантноста, личните интереси пред државните, и внатрешните проблеми ќе ја пропаднат таа империја побрзо отколку било која војна.

Од друга страна сите овие настани што ги прават во последниве години, го натераа светот да почне да се обединува против нив. Го имаш BRICS кој само ќе расте во иднина, и многу изгледно ќе заврши со своја валута што економски ќе го оштети цел запад, не само на Америка. Некогашниот сон за групирање на истокот и неврзаните, полека станува реалност, како сојуз имаат доволно и технологија и ресурси да се носат со било кој сојуз/земја од западниот свет.

Во војнава: како тргнало се поизгледно ми е дека ќе ја изгубат цела Украина (политички, или со окупација), ако претходно имаа шанси да им ја полнат главата со западни вредности и мотивација за подобар стандард, и да чекаат слабост во Русија за политички и формално да го остварат тој дел за внес во ЕУ и НАТО, со конфликтов успеаа да ја осакатат како држава и да им ја предадат на русите во раце. Кога тогаш ќе мора да потпишат капитулација, сигурно не под нивни услови, и дури и да ги мразат русите, нема да останат луѓе кои се спремни да ризикуваат да ги снајде истата судбина како овие што гинат во моментов.
Не, и тоа заради нуклеарното оружје, барем се додека нуклеарното оружје е гарант за MAD. Технологијата се менува, можеби тоа да биде надминато, но тоа е друга тема.

Ослабена Русија, или Русија со НАТО на своите граници, особено во Украина може да значи чекање на поволна шанса во наредните 10, 20, 50, 80 години за правење на следен потег, што навистина може да биде на штета на Русија.

Но овие двете сценарија се малку веројатни.

Додавањето членки на НАТО околу границите на Русија, а и додавањето војски на НАТО е тоа што ја ослабува Русија во смисла дека ќе мораат да ангажираат повеќе ресурси за да направат баланс на сите граници и на сите тие војски.

Но најбитното е она што САД веќе ја оствари целта, сега се останато е само бонус за нив.
А тоа беше раздвојување на Русија со Европа.
Види, Русите имаа прилично големо влијание во Европа, во повеќе земји.
Соработката Русија - Европа им беше на корист и на двете. Секако на штета на САД.
Но САД успеа да го прекине тоа, баш со војната во Украина.

Значи одговорот на прашањето е, Русија сега е послаба заради што го изгуби влијанието што го имаше во Европа.
Европа исто така е послаба заради истото.
Ова само создава се поголем дисбаланс, каде САД имаат повеќе контрола.

За доброто на сите, за поголем напредок и можеби помалку војни, најмногу ни одговараше силна Русија и силна Европа, нешто што доаѓа од нивната меѓусебна соработка.

Во врска со другиот дел, мислам дека (мое мислење) САД намерно создаваат непријатели кои подоцна можат да бидат конфронтирани, директно или во прокси. Тешко е да се каже дали има некој општ напредок од сето тоа, но мислам дека и тоа како им дава контрола во одредени полиња. Сега ова не важи за се, не би биле тоа што се ако сите им беа непријатели, но создава услови за поголема контрола над тие со кои соработуваат, а и тие што се неутрални, во даден временски период.

BRICS се само економска заедница, која освен тоа нема друга допирна точка, или нешто кое би било против-тежа на Западот. Во BRICS имаш најмалку две непријателски настроени земји и потенцијални 2 кои во иднина би можеле да бидат непријатели, но сега не се заради заедничкиот непријател - САД.

За судбината на Украина... Ќе видиме по војната. Или да речам по способноста на Русија да ја истера војната до крај.

пропуштат пеналот да вистински ја ослабнат Русија а тоа е со одливање на мозоци и тоа висококвалификуван кадар
Ова сеуште го читам од аналитичари (од запад) и тие истите се чудат зошто САД и Европа не превземаат ништо во врска со тоа.
Се што треба да направат (според нив) е само да направат олеснет премин на овие луѓе (па и општо на сите Руси) да можат да преминат на Запад.
Но веројатно САД имаат некоја причина за тоа што уште не е така.
 
Да бидам искрен јас не ја гледам финалната цел на ваква прокси војна. Демек муабетот е ако ја ослабнат тука, ќе може да ја нападнат и ќе пропадне?

Ослабнување за да не им се меша во нивните геополитички планови пак не го гледам како опција и решение, и да им ја уништат нивната опрема, секогаш може да продадат мозок/технологија на тој што ќе има ресурси/мотивација.

Ако навистина ја донесат Русија во ќош, многу лесно може да им се остварат sci-fi сценаријата и да почнат да им рокаат биолошки оружја низ америчките градови, не треба да се плашат од нуклеарки колку од глупостите што може да им ги даде Русија на акбаровци, а ниту може да се детектираат, ниту да се следат.

Да се паметни далеку повеќе им одговара да ја држат Русија како пријател, отколку непријател, и тоа во секој можен аспект (ефтини ресурси, ефтин и способен кадар, помалку сопки при остварување на геополитички интереси), само по се ми изгледа дека игнорантноста, личните интереси пред државните, и внатрешните проблеми ќе ја пропаднат таа империја побрзо отколку било која војна.

Од друга страна сите овие настани што ги прават во последниве години, го натераа светот да почне да се обединува против нив. Го имаш BRICS кој само ќе расте во иднина, и многу изгледно ќе заврши со своја валута што економски ќе го оштети цел запад, не само на Америка. Некогашниот сон за групирање на истокот и неврзаните, полека станува реалност, како сојуз имаат доволно и технологија и ресурси да се носат со било кој сојуз/земја од западниот свет.

Во војнава: како тргнало се поизгледно ми е дека ќе ја изгубат цела Украина (политички, или со окупација), ако претходно имаа шанси да им ја полнат главата со западни вредности и мотивација за подобар стандард, и да чекаат слабост во Русија за политички и формално да го остварат тој дел за внес во ЕУ и НАТО, со конфликтов успеаа да ја осакатат како држава и да им ја предадат на русите во раце. Кога тогаш ќе мора да потпишат капитулација, сигурно не под нивни услови, и дури и да ги мразат русите, нема да останат луѓе кои се спремни да ризикуваат да ги снајде истата судбина како овие што гинат во моментов.
Да, сигурно поише им одговара оваа Русија како пријател. Може тука да ја додадеме и моменталната Кина, да запалат едно луле на мирот и да го решат светскиот глад, сидата и тн.

Меѓутоа реалноста е далеку подруга. Овие земји не можат мирно да коегзистираат зашто имаат дијаметрално спротивни апетити. Единствен начин во кој тие би коегзистирале е ако од Русија направат тоа што направија од другите западни земји, зборот auxiliary е најсоодветен тука. И тоа е крајната цел во best case сценарио. Други опции се внатрешни немири, дебил на власт ко Јелцин, и тн, сите овие сценарија се подобри од моменталната Русија која им контрираше на светската сцена.
Распад на мали држави е невозможен, зашто Русија е национална држава за разлика од СССР. Зашто би имало мали држави со мнозинство Руси?

Е сеа ниедна од овие работи не мора да се случи преку ноќ, ниту сигурно ќе се случи. Играта трае многу долго, 2 години се премал временски период за да се оцени тоа. За Америка е доволно за сега, дека со ова( целата работа децении уназад таму) драстично го проширија влијанието во руската зона. Не би рекол ни дека е руска зона, тоа е Русија. Создадоа фанатичен и антируски сојузник од историски нивни сограѓани. И според мене тоа не е реверсибилен процес, зашто овие сега градат нација што никогаш ја немале. Русија никогаш повеќе нема да може да ги асимилира, безразлика колку ќе останат, дали 50%,30% од територијата и тн. А мое мислење, Русија нема да освои поише од 5 посто од ова што го има сеа. Значи, територијално голем сојузник.
 
^^
Тешка делузија. Западот а посебно европскиот запад, стануваат тешка вукоjeбина од секакви имигранти од налош вид кои немаат никаква намера да работат и да допринесуваат за државите во кои се доселиле. Држави во кои забрзано се шири сиромаштија, држави со веќе непостоечка индустрија и економија која е во надолна спирала. Не е тоа повеќе некогашната пожелна дестинација за имиграција и „одлив на мозоци“. И сето тоа е заради „успехот“ на САД економски да ги оддели ЕУ од РФ. Успех, а? За возврат добиваат економски уништени и сиромашни сојузници (вазали), додека РФ само ги направија појаки - воено и економски и секако. Ги натераа да си отстранат слабостите како зависност од увоз на храна, и да си ги диверзифицираат пазарите за суровини, и да намалат зависност од приходи од продавање фосилни горива.
Освен тоа и дедоларзацијата зема се поголем замав, С. Арабија продава фосилни горива во кинески јуани и на амерички вазали како Францика, итн, итн.

Украина можеа да ја екслоатираат на долги години/децении, земја богата со човечки потенцијал, секакви природни богатства и плодна почва. Наместо тоа ја жртвуваа во глуп гамбит, кој дефакто го губат заедно со престижот кој некогаш им беше главниот адут за хегемонија. Дебакл имаат не само во Украина туку и долу кај арапскиот полустров, каде се матирани од племето Хути кои и немаат регуларна војска, ама ја им преземаа контрола врз трговската рута преку Суец - нешто што досега на ниедна воена велесила не им успеало наназад низ вековите на доминација на западните империи.

Но најбитното е она што САД веќе ја оствари целта, сега се останато е само бонус за нив.

Хаха, денес се обиделе да придружуваат трговски бродови на Маерск кои после неколку испукани проектили на нив се вратиле налево круг. Моќните САД! Не можат да заштитат пар трговски бродови од песочни црнци со влечки. :D

Автоматски споено мислење:

Во меѓувреме Зеленски слави роденден.

Последно уредено:
Смешно ми е што се тешите дека ќе имало некој симбиоза со Русија. Слабоста на Европа е тоа што се 30 национални земји со слаба демографија и малце ресурси. Заедно би биле суперсила, меѓутоа во оваа форма кај што секој тегне на своја страна секогаш ќе бидат под влијание или доминирани од Русија, Сад или Кина. Нема светла иднина за Европа, а и природно е да има некое порамнување. Сад од друга страна има и добра демографија, има и ресурси.
 
Хаха, денес се обиделе да придружуваат трговски бродови на Маерск кои после неколку испукани проектили на нив се вратиле налево круг. Моќните САД! Не можат да заштитат пар трговски бродови од песочни црнци со влечки. :D
Ванлок на секој друг би му рекол дека на ова мислење не ми е овде местото, но кога се работи за него нема погрешно место.
Сериозно на цело тоа мислење како што се фаќаш за небитни работи се одлучи да одиш офтопик?
На Русија и го прекинаа влијанието во цела Европа, нешто што и беше на второ место на приоритети (изгледа безбедноста и беше на прво), и ти се фати за тоа што трговијата делумно не се одвива преку Суец?
Барај ајде сега fallacies од листата таму... (n)
 
^^ Офтопик е само кога ќе го извадиш од контекст. Така некоја ситна душа (некој како тебе) би ти кажал „па и твојот текст е офтопик кога зборуваш за ЕУ и руска имиграција во ЕУ“ и сето тоа во тема за Украина. :)

Се разбира за гледање контекст не се гледаат само пар реченици, туку целото мислење. Така за да добиеш конктекст цитирај го целиот пост... Но ти не го сакаш тоа, нели? Тогаш ќе треба да се соочиш со пораката во постот - извесноста дека САД губат во Украина. А тоа дека ги САД ги разделиле ЕУ и РФ, па тоа ако е победа тогаш е пирова победа. Пошто со фијаското во Украина и пропаста на ЕУ, со тоа натаму тргнаа неволјите со другите геостратешки асети на САД. Меѓу кои и срамот што го јадат од Хутите.

Уште еднаш да резимирам:
- во војнава во Украина, стратешки гледано засега Русија е добитникот а САД губитникот (и покрај неколкуте тактички успеси)
- тој муабет офтопик може да биде само за некој што е премногу туп за да го разбере контекстот, или за некој злонамерен што се фаќа за сламки (па ти сам одбери во која група си)
 
- извесноста дека САД губат во Украина. А тоа дека ги САД ги разделиле ЕУ и РФ, па тоа ако е победа тогаш е пирова победа
Сигурен? :D
САД добива дури и ако ја изгуби оваа рака, затоа што всушност игра со чиповите (парите) на ЕУ и профитот е тоа што ќе се раскараат ЕУ и Русија.
Туку целта е присилување на режимот во Украина да влезе во суицидна офанзива во Донбас, и потоа молзење на „руската агресија“ пред меѓународните институции кои ги контролираат и профитирање од влошувањето на односите меѓу ЕУ и РФ.

Како беше она... ти не си кловн, ти си цел циркуз.
 
Хаха... ОК, симнувам капа.
Чекај, па ти си пребарувал наназад 2-3 години за да ископаш нешто што сум го кажал пред да почне војната (и пред Русија да победи во неа). Би требало да сум поласкан, но искрено помалку и ме плашиш... :unsure:

1706211804293.png
 
^^
Држави во кои забрзано се шири сиромаштија, држави со веќе непостоечка индустрија и економија која е во надолна спирала. Не е тоа повеќе некогашната пожелна дестинација за имиграција и „одлив на мозоци“.

Едно е да навиваш за една страна, друго е да кажуваш приказни кои немаат врска со реалноста, колку и да сакаш да се вистински. Западот имал непостоечка индустрија и економија :) ок
 
Не знам колку е за фалење што наркоман ја дупи Русија да не може да го земе еден Часов Јар. Ама вие си знаете, големи сте :)
 
Едно е да навиваш за една страна, друго е да кажуваш приказни кои немаат врска со реалноста, колку и да сакаш да се вистински. Западот имал непостоечка индустрија и економија :) ок
Врска со реалноста?
Ќе спориш дека баш нив во ЕУ најскапо ги кошта војнава во Украина?

Ок, кажи ти што остана да работи од тешка индустрија во ЕУ, ете во Германија како најиндустријализирана држава. Хемиската индустрија како им поминува?

Во меѓувреме увезуваат куп инжинери и доктори корисници на социјална помош. На цело население даваат социјална помош за време на ковид пландемијата. Куп други трошоци за субвенционирање на енергетските трошоци кои скокнаа во небеса со војната во Украина. Субвенционирање на ретардираните електронски возила, и почетен обид за градење м на некаква барем базична инфраструктура за полнење... Итн, итн. Можам уште многу да набројувам, ама поентата е дека принтаат пари како да нема утре. Ги јаде инфлација. Толку е јасно што ќе се дешава што хеџ фондови лагано ги шортаат со милијардиче како да е ситнеж.

Се повеќе и повеќе економисти им јасно дека Европа е капут од економски план, баш заради учеството во војната во Украина.
Ама што знам јас. Ете ти ќе ни објасниш... Или не? :unsure:
 
Убаво кажа Владе, на сите што пишуваат по темава треба под никот да им пишува од која држава пишуваат. Да видиме кој пребегал кај економските лавови од БРИКС а кој кај пропаднатиот Запад.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom