ПСИХИЧКО НАСИЛСТВО НЕ ПОСТОИ !

Член од
30 октомври 2022
Мислења
607
Поени од реакции
1.629
Две години работам како социјален работник во ЦСР ( Центар за социјални Работи ) и она што го посведочив е ХОРОР.
Бракови се разведуваат за банални причини но и од злоба, а жртви секогаш се децата, жртви на лакоми мајки кои преку нив уценуваат за материјални средства. Во јануари ќе напуштам работа поради ова, зошто срцето повеќе не може да ми издржи. Конкретно сакам да се осврнам на една тема која ја туркаат адвокатите во процесите против сопрузите а се користи буквално за рекет кон татковците. Тоа е т.н. ПСИХИЧКО НАСИЛСТВО. Ова е најбрз начин преку кој градските госпоѓи можат да извадат добра алиментација и преку децата да уценуваат за пари а е на ниво на епидемија во МАкедонија. Зошто велам психичко насилство не постои? Затоа што 99% се докажува со пусулчиња од Систина, Ремедика или некој приватен психијатар извадени 3 дена пред барање развод иако „жртвата“ никогаш порано ниту никогаш во иднина нема да посети пцихијатар за „своите маки“. Да сум директор на центарот - сите пријави за психичко насилство би ги отфрлила зошто никако не може да се докаже дека психичката болка е настаната како плод на дејствија на еден човек ниту пак човекот може да докаже дека не е од него. Затоа не би ги ни примила овие „поплаки“. Од друга страна вистинските жртви - оние кои завршуваат на интензивна нега со скршени коски и вилици - се водат под истата категорија - СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ! Па дали е фер навредени госпоѓи и претепани жени да се на исто ниво? Срамота. 99% од тие што пријавуваат психичко насилство веќе се со швалерите, веќе се одселени од дома а адвокатите ги буцкаат зошто тоа е разработена шема во која губат ДЕЦАТА! Оваа тенденција е со големи пропорции и се заканува да биде стандард при развод, зошто само 2% од разводите се спогодбени. Ќе заклучам - психичко насилство не постои, и треба да се тргне од законот за семејство. Во врска на двајца возрасни конфликти и караници ќе има - ако не ви стиска, не стапувајте во брак. Вака ќе можеме да се посветиме на вистинските жртви на вистинско насилство, не вербално навредените госпоѓи кои се скарале со сопругот зошто не им купил скапи чизми или не ги однел во скап ресторан. Што мислите вие за ова драги мои?

П.С. на форумот Фемина бев банирана кога кажав за ова СРАМОТА !Прегледај го приврзокот 400641
Автоматски споено мислење:


ТЕМАВА Е РЕАКЦИЈА НА ДРУГА ТЕМА ОБЈАВЕНА ОД ТОМИ ЛИ КОЈА ЈА НАЧЕКАВ НА ФОРУМОВ, СЕ НАДЕВАМ НЕМА ДА БИДАМ БАНИРАНА И ОД ТУКА КАКО КАЈ ГОСПОЃИТЕ ОД ФЕМИНА ШТО БЕВ.
Ова го прекопирале од запад.Таму бракот е ноќна мора за секој маж.Затоа веќе на запад мажите се помалку се заинтересирани да запливаат во брачните води,пошто за брзо време ќе се удават.
Автоматски споено мислење:

Точно е тоа. Скоро 80% од самоубиствата се извршуваат од страна на мажи. Најчесто причините се осаменост и депресија. Ако недостаток на социјален живот, љубов и пичка у животот на еден маж е психолошко насилство и причина да се колне цел женски род, тогаш веројатно би бил во право. И на ова со процентот на самоубиства не гледам ко на нешто со кое што мажите би требало да бидат горди, напротив покажува дека нив многу повеќе им требаат жените отколку обратно. Додека жените се многу понезависни и можат полесно да истераат сами. Тоа е барем мојот заклучок.
На жена и е полесно да започни нова врска.За мажите тоа е заебана ситуација.Пофторно дремење на ФБ,кревање на его на некоја просечна девојка
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.305
Поени од реакции
30.640
И која ти беше потребата да исфилозофираш у претходниот пост за сеа да го доведеш муабетот на истото? Исти биле по штетност ама насилство не постоело, било злоупотребување или малтретирање. Јаката разлика.
Затоа што јаболка и портокали не е исто.
Ако не разбираш - не разбираш.
Ако разбираш - разбираш.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.146
Поени од реакции
9.615
Кога станува збор за физичко насилство жртвата не може да му избега на насилникот заради страв дека може да ја повреди откако ќе поведе постапка за развод. Од тука жртвата не носи вина за тоа што се случува иако ако станува збор за стокхолмски синдром е дискутабилно.
Кога станува збор за ова "психичко насилство" се освен уцена не може да се прифати како прекршок затоа што "жртвата" не е обврзана да трпи некого.
Oна што е поентата на темава е тоа глумење лудило у стил на тој неолиберализам па све нешто им фали на некои црнци, педери, феминистки V 2.0 и сл. заштитени видови.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
694
Поени од реакции
2.025
Веќе ако толку дубоко идеме у темава со старателствово, тогаш социјалните служби треба подеднакво да набљудуваат однесување и на мајка и на татко во брак.

Има татковци коишто буквално се внесени во децата. И за голема среќа, по улиците ги гледам почесто и почесто по игротеки, паркови. Бог да го прости татко ми, колку и да беше народен човек, социјален со огромен круг на пријатели, никогаш не ги запоставил децата. Дали би сакала да можеше да ни посвети повеќе време-секако, но времето со него беше квалитетно поминато. И нема оправдание, татко нема што да прави со женско дете, ни даде здрави навики, секое попладне после часови обавезно гимнастика лесна, цел ден на столче сте се грбавеле, мене ме научи да пливам, во 30 и кусур години стаж ради одговорноста на работата негова годишен одмор немаше земено и да одеше со нас, ќе наместеше кадешто му е терен уствари, од работа ќе дојдеше, уста не му се отвора, но мислам дека денес можам книга да напишам со сите негови мудрости и совети. Тоа е родител.

Има татковци коишто ги фаќа некој пред-пубертет кога ќе им се породи жената и искусуваат бетер пост партум од неа и не се вртат дома, првите неколку месеци не ни знаат како им изгледа детето. Е извинете, на такви не треба да им се даде дете во случај на развод. Реално менталитетот ни е таков, погледнете родителски средби во школо, колку мајки идат, а колку татковци...

Мислам дека, доколку нема некои девијантни моменти, физичко живеалиште на детето треба да е кај мајката. Телото на мајката му било најпрво живеалиште, иако не сум мајкакраљица фанатик, не треба да се запостави овој момент. Ненормално болно е физички да одделиш дете од мајка. А, доколку мажот нема потфрлено како татко, треба почесто да го гледа детето од еднаш неделно. Тука на пример, се согласувам. После часови некое време нека поминат заедно, па мајката нека си го земе дома. Овде си има разведени родители коишто на пример, на детето му треба некоја посета на лекар психолог, или друга установа, да речеме, на двата краја на ходникот ќе стојат ако треба, ама подеднакво се присутни.

Резимирано, постои бивш партнер, но не и бивш родител и секаков вид на на необјективност ради мизогинија или мизандрија е играње со чувствата на самото дете. Ако партнерот не заслужува втора шанса, детето првата шанса никогаш ја нема изгубено.

Она што требаат социјалниве установи убаво да го проучат е колку оваа битка за старателство е поттикната од грижата за детето а колку од користење на детето како оружје да се повреди екс партнерот.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.409
Поени од реакции
4.781
...нашиот живот е полн со спротивности и замки,секогаш ќе постојат агресори и жртви :)
...ниедна институција,ниеден закон неможе да те спаси од самиот себе
...што би значело,таквите човечки небулози ќе постојат се до моментот кога сите ќе сфатиме дека луѓето не се менуваат и остануваат такви какви се до крајот на својот живот...take it or leave it, there's nothing else in between...so simple is that.

П.С. Некои луѓе сакаат да бидат спасувани,некои сакаат да спасуваат
 
Последно уредено:
Член од
24 декември 2023
Мислења
1
Поени од реакции
2
Psihicko nasilstvo, ili ako sakate podobro maltretiranje IMA.
Toa e fakt. Ima I takvi koi toa go zloupotrbuvaat za da dobijat Sto sakaat.
No, takvite se malku, mnogu malku, za razlika od onie koi se sekojdnevno izlozeni na manipulacija, navredi, ponekoj fizicki udar, iskrivuvanje na vistinata, vikanje, kontroliranje na dvizenjeto, na finansiite, gaslajting, oddalecuvanje od bliskite..izolacija, koga tie gresat...greskata ja baraat vo drugite, sekogas pravat problem od nisto (od muva slon), prenesuvaat samo losi vesti I samo ogovaraat I napadjaat...Kako I da zapocne komunikacijata, taa ke se izmeni na poloso bidejki ovie ludje ne znaat da slusaat, samo zboruvaat, nikogas ne se tuka za vas, ako nesto ve boli, niv gi boli istoto , no povekje ....

Nekoj Sto NE minuva niz ovie vodi, sekako NE moze da vidi I koga nekade postoi toj problem.
Takvi socijalni rabotnici NE ni trebaat, dajte si otkaz. Ke dojdat ludje koi si ja znaat rabotata I ke pomognat tamu kade Sto treba, a ke otkrijat kade Sto se laze
 
Член од
11 декември 2023
Мислења
49
Поени од реакции
141
Vo toj centar za socijalna rabota ti si malcinstvo najverojatno, bas steta na centarot mu trebaat poise lugje ko tebe so razum a ne samo feministki sto si ja stitat zenskata strana standard sekogas
дадов отказ во јануари
Автоматски споено мислење:

Psihicko nasilstvo, ili ako sakate podobro maltretiranje IMA.
Toa e fakt. Ima I takvi koi toa go zloupotrbuvaat za da dobijat Sto sakaat.
No, takvite se malku, mnogu malku, za razlika od onie koi se sekojdnevno izlozeni na manipulacija, navredi, ponekoj fizicki udar, iskrivuvanje na vistinata, vikanje, kontroliranje na dvizenjeto, na finansiite, gaslajting, oddalecuvanje od bliskite..izolacija, koga tie gresat...greskata ja baraat vo drugite, sekogas pravat problem od nisto (od muva slon), prenesuvaat samo losi vesti I samo ogovaraat I napadjaat...Kako I da zapocne komunikacijata, taa ke se izmeni na poloso bidejki ovie ludje ne znaat da slusaat, samo zboruvaat, nikogas ne se tuka za vas, ako nesto ve boli, niv gi boli istoto , no povekje ....

Nekoj Sto NE minuva niz ovie vodi, sekako NE moze da vidi I koga nekade postoi toj problem.
Takvi socijalni rabotnici NE ni trebaat, dajte si otkaz. Ke dojdat ludje koi si ja znaat rabotata I ke pomognat tamu kade Sto treba, a ke otkrijat kade Sto se laze
Ако некој лажно те обвини за психичко насилство, ( пријавува нешто што не се случило и има уверение од психијатар дека е трауматизиран(а) ) како ќе се одбраниш на суд? Како судот ќе ја процени штетата? Како да знаеме дека траумите се предизвикани од тебе а не од деца, работа, колеги, .....?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Не разбирам какви момчиња спомнуваш, жена сум и во јануари ја напуштам работата во центарот и ќе проговорам на ТВ за сите неправилности, поткупи и глупости што се случуваат во ЦСР. Јавно на телевизија со име и презиме.
И, проговори ли?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom