Прегледај го приврзокот 404724
Значи муабетов е како ијаа брат, некое ферари таму се продало за 50 миљони долари...
Air Jordan DIOR, оригинално се појавија 2020та во време кога короната беше пуштена на најјако. За почеток имаа цена од 2000 долари и покрај таа цена веднаш се распродадоа благодарение на луѓе кои имаа кеш на лагер и имаа ботови кои кликаа на сајтови за онлајн продажба. Веднаш потоа цената стигна и до 25.000 долари за полека со тек на време да паѓа и моменталната цена е околу 7000 долари но моја претпоставка е дека ќе паднат до 5000 и ќе останат на таа вредност со благ раст во годините што доаѓаат, можеби.
Најскапи патики што јас имам видено во живо беа на нозете на гостин на брод.
Прегледај го приврзокот 404725
Nike More Uptempo SUPREME. Во тоа време продуктите со Supreme лого на нив или се продаваа ко луди и им скокаше цената неколку пати на пазарот на старо или уопште не се продаваа. Гостинот за овие ми кажа дека ги купил 500 долари и дека во моментот кога правевме муабет рисел вредноста им била 1500 долари, ама тој гордо ги носеше затоа што верува дека патиките се за носење, не се за да ти стојат во кутија или на полица.
#СледетеМеЗаПовеќеСовети